Сурово убиство на жена во Ранковци
Шеесет и деветгодишна жена е пронајдена мртва, врзана за стол и со селотејп на устата во близина на нејзината семејна куќа во кривопаланечкото село Ранковци. Безживотното тело на Трајка Н. (69) од село Радибуш, село Ранковци го пронашол сосед, кој вчера изутрина околу 7 часот дошол да ја побара несреќната жена. Откако не ја нашол во куќата, ја побарал во помошна просторија каде што чувала зајаци. „Соседот видел од прозорецот дека жената е врзана за стол, а исто така и устата и' е залепена со селотејп-лента и не давала знаци на живот, по што случајот го пријавил во полициската станица во Крива Паланка“, информираат од полицијата. Првичните претпоставки се дека жената најверојатно била задавена. Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта. (Х.Р.)
|