Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Хроника

Хисен Муслиу негира дека давал досиеја на ДПА

Поранешниот контраразунувач вчера пред судот ја даде одбраната за случајот „Фалсификатор“

Љубиша Станковиќ


Со тивок и испрекинат глас, поранешниот контраразунувач Хисен Мислиу вчера ја даваше својата одбрана за случајот „Фалсификатор“, односно за изнесување и дистрибуирање на неколку досиеја со кои треба да се потврди дека видни личности од јавниот и од политичкиот живот биле соработници на тајната полиција.

„Еднаш припадник на службата, секогаш припадник, па дури и сега кога сум во пензија. Јас сум лојален граѓанин на оваа држава на која сум и' служел и ќе и' служам до крајот на мојот животен век!“, рече Муслиу и потврди дека двете УСБ-а што беа пронајдени кај него му биле земени од џеб од сако, и тоа пред да биде извршен претрес на неговиот дом.

Обвинетиот за фалсификување исправа посведочи дека двете УСБ-а ги добил во два наврата, и тоа од еден активен и еден пензиониран припадник на службата. Според Муслиу, во двата случаја, со доставувачите се сретнал во слаткарницата „Палма“ во скопската населба Аеродром, но дека тоа се случило два дена пред биде приведен. Обвинетиот кажа дека од разговори со припадниците на службата разбрал за содржините на двете УСБ-а, но дека тој, поради непознавањето на компјутерите, никогаш не видел што навистина имало, иако му биле предочени некои досиеја, а дека на едното имало и, наводна, анализа на германската БНД.

Според кажувањата на Хисен Муслиу, тој воопшто не бил во седиштето на ДПА и не познава никаков Рамче. Станува збор за лице, кое, според неговиот исказ во Полициската станица „Карпош“, бил посочен како човек што го „симнал“ материјалот од УСБ-ата. Имено, според Муслиу, ваквиот негов исказ бил изнуден, бидејќи се' инсистирало на тоа вината да биде насочена кон Рефет Елмази и ДПА.

„Точно е дека меѓу 2006 и 2008 година работев во кабинетот на тогашниот заменик-министер за внатрешни работи Рефет Елмази, како виш советник, но вината требаше да се најде кај ДПА, која во тоа време беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ми беа упатувани закани дека нема да излезам од притвор доколку не ја накодошам ДПА“, рече Хисен Муслиу и појасни дека неговите оперативни сознанија уптатувале на заклучокот дека предметните документи можеле да се најдат во речиси секое кафуле или кафеана, на места каде што претежно живее албански население.

Ваквото свое тврдење Муслуи го поткрепи и со други сознанија, кои упатуваат на тоа дека документи можеле да се најдат и во кафеани, клубови во Швајцарија, а се делеле и пред петочните молитви во џамиите. Хисен Муслиу и' стана познат на пошироката јавност по неговото апсење, односно како човек, кој, наводно, самиот изработувал досиеја за лидерите ДУИ, а кои стигнаа и до Комисијата за верификација на факти.


#
Статијата е прочитана 405 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Крвава љубовна драма во Куманово
И Хрватска ги бара парите од грабежот на банкарското возило во Прилеп
Сурово убиство на жена во Ранковци
Експлозија на бензиска во Мавровo
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks