Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Хроника

Крвава љубовна драма во Куманово

Поради забранета љубов, момче си ја уби девојката и нејзината мајка, а потоа си го одзеде животот во околната нива

Двојно убиство и самоубиство е епилогот од крвавата љубовна драма што се случувала завчера попладне во кумановската населба Ајдучка Чешма. Дваесет и тригодишно момче поради забранета љубов, си ја убило својата сакана и нејзината мајка, се обидело да го убие и 14-годишниот брат на својата девојка, за на крај да се застрела себеси во околните ниви. Куманово вчера беше во шок по трагичното двојно убиство и самоубиство. Соседите коментираат дека забранетата љубов меѓу 23-годишното момче и неговата несудена невеста траела две години. Семејството на девојката се противело на врската, но никој не можел ниту да претпостави дека ќе му се случи ваква трагедија на семејството Лазаревски.

Според полициските сознанија, завчера околу 15,40 часот дваесет и тригодишниот Игор Петрушевски од општината Старо Нагоричане дошол во куќата на семејството Лазаревски, каде што по расправија, го извршил двојното убиство. Во дворот го пронашол и 14-годишниот брат на својата девојка Даниела и пукал кон него, нанесувајќи му прострелна рана во вилицата. Момчето првично било пренесено во Медицинскиот центар во Куманово за подоцна поради тешка повреда, да биде пренесено на лекување во Скопје.

Полицијата завчеравечер поради непроодноста на теренот и лошата видливост, не успеала да го пронајде двојниот убиец. Дури вчера изутрина по обемна претрага на околните ниви со помош на кучиња трагачи, било пронајдено и безживотното тело на момчето, за кое се претпоставува дека само си го одзело животот.

„Околу 10,30 часот по извршено пребарување на теренот и употреба на службени кучиња, во нива на оддалеченост на околу 200 метри од куќата каде што се случи убиството е пронајдено телото на осомничениот И.П., со повреда во пределот на слепоочницата, здобиена најверојатно од огнено оружје“, информираат од кумановската полиција. Вчера попладне на самото место требаше да направи увид екипа од Судска медицина од Скопје, која треба да изврши и обдукција на телото на починатото момче. Од кумановската полиција велат дека покрај телото на момчето најверојатно се наоѓа и пиштолот со кој било извршено двојното убиство и самоубиството, но детали се очекуваат да бидат соопштени по извршениот увид.

„Од извршените разговори е дознато дека И.П. (23) од општината Старо Нагоричане бил во љубовна врска со Даниела Л., но родителите не ја одобрувале нивната врска, бидејќи биле роднини“, велат од полицијата.

Низ Куманово се зборува дека девојката и момчето биле во врска веќе две години. Нивните семејства биле во подалечна роднинска поврзаност, што било само една од причините за нивната забранета љубов. Пред неколку дена, наводно, момчето дошло да ја побара девојката за жена, но било одбиено од нејзината фамилија. Шпекулациите се дека тој им се заканил поради тоа, а расправите кулминирале завчера кога тој пукал во девојката и во нејзините најблиски. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1544 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Хисен Муслиу негира дека давал досиеја на ДПА
И Хрватска ги бара парите од грабежот на банкарското возило во Прилеп
Сурово убиство на жена во Ранковци
Експлозија на бензиска во Мавровo
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks