Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Економија

Српскиот фармацевтски гигант „Галеника“ ќе се продава

Фабриката е во сопственост на државата и според некои процени вреди и до 600 милиони евра

Фармацевтските гиганти од Запад фрлија око на „Галеника“, а нејзината продажба, како што најави министерот Млаѓан Динкиќ, ќе биде најголем приход од приватизација следната година во Србија. Оваа фабрика за лекови, која сто проценти е во сопственост на државата, според некои процени, вредна е и до 600 милиони евра. „Планирана е продажба на 80 отсто од капиталот во приватизацијата, а остатокот ќе го добијат граѓаните и вработените преку бесплатни акции“, наведе Динкиќ.

Иако српскиот фармацевтски пазар се' повеќе е зависен од увоз, во Републичкиот завод за здравствено осигурување, кој е сопственик на „Галеника“, велат дека нема никакви причини државата да има своја фармацевтска компанија. Светлана Вукајловиќ, директорка на Републичкиот завод за здравствено осигурување, напоменува дека ниту една европска земја нема своја национална фабрика за лекови и дека не постои ниту една причина поради која Србија би требало да поседува своја. „Никој во Европа, ниту во опкружувањето ниту Словенија, нема национална фабрика за лекови, сите се приватизирани“, вели таа, додавајќи дека не гледа причина за сомневање дека би дошло до нарушување на домашниот пазар доколку „Галеника“ би била приватизирана. „Таа на пазарот тргува како и секоја друга компанија и државата нема никакво влијание врз нејзината работа“, вели Вукајловиќ.

Економистот Миодраг Зец смета дека со приватизацијата на националната фармацевтска компанија треба да се биде внимателен по искуството со ембарга и војни. „Никој не може да ни гарантира дека во иднина Србија нема да биде вовлечена во некоја војна и затоа би било добро да задржи дел од учеството во фабриката за лекови“, смета Зец. „Знаете што, ако ја одредуваме политиката на приватизација според евентуална војна, за што е помала веројатноста од еден отсто, се' би требало да задржиме во рамките на државата“, вели Бошко Мијатовиќ, економист. „Тој потсетува дека се прават воени залихи во државните резерви, но не и во државната сопственост над фармацевтската индустрија. „Ако се подготвуваме за војна, треба да направиме стоковни резерви на лекови, а не да ја држиме фабриката во неефикасна состојба. Секако дека сум за целосна приватизација, иако лековите на извесен начин се специфична стока. Но, тоа се решава низ државната регулација на листата на лекови, политиката на увоз и конкуренцијата, а не низ државна сопственост“, категоричен е Мијатовиќ. Тој потсетува дека „Галеника“ во некои посреќни времиња произведуваше повеќе од половина лекови во Србија, додека денес падна на ниски гранки. И причината за тоа ја гледа во фактот дека таа нема приватен сопственик кој би инвестирал и би ја активирал. Сепак, смета дека приватизацијата треба да и' претходи на либерализацијата на увоз и разумна регулација на пазарот со лекови, а не обратно.

„Не гледам можност за корупција при приватизацијата доколку државата стриктно се придржува до Законот за приватизација и ако постои конкурентско натпреварување на тендерот. Доколку, пак, не се применува тендерот, туку владата се договара со странските инвеститори, тогаш ризикот од корупција е забележителен“, вели Мијатовиќ. (Блиц)


Статијата е прочитана 264 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Каматите на кредитите почнуваат да растат
Дефицитот во Романија надмина 10 милијарди евра
Фармерите се заканија дека ќе ги остават млекарниците жедни
Скандал со банкарски податоци во Германија