Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Економија

Каматите на кредитите почнуваат да растат

Стопанска банка реши од 22 август да ги зголеми каматните стапки на некои кредити

Маја Томиќ

Банкарските кредити поскапуваат. По последното зголемување на каматите на некои кредитни картички во почетокот на јуни, Стопанска банка направи нови измени во каматните стапки на кредитите за население.

Во вчерашното соопштение на банката се вели дека во согласност со настојувањата на монетарната власт за лимитирање на порастот на кредитирање на населението, од 22 август банката ќе ги зголеми каматните стапки на кредитите за автомобили за 0,25 процентни поени годишно, на потрошувачкиот кредит за 0,50 и на ОК- отворениот кредит за 0,40 процентни поени на годишно ниво.

Од банката сметаат дека со оглед на тоа што обезбедувањето сопствен дом е едно од најбитните прашања за населението, каматните стапки за станбените кредити ќе останат непроменети. Стопанска банка во почетокот на јуни направи корекција на каматите на некои платежни картички. Тогаш каматата за кредитот ОК од 12,9 скокна на 13,9 проценти годишно.

Засега нема најави од другите банки дека ќе го следат чекорот на Стопанска, иако е се' поизвесно дека и тие ќе извршат корекции на каматите, поради притисокот на инфлацијата, која се' уште се држи на високо ниво и во јули достигна 9,5 проценти.

Кредитната политика на банките почна да се менува во изминатите неколку месеци, откако инфлацијата во земјава почна да расте и од почетокот на годинава досега во два наврата ги надмина двоцифрените граници. Поради тоа, НБМ три пати досега интервенира кај каматните стапки на благајничките записи, кои во почетокот на јуни се искачија на високи 7 проценти. Тие во поранешниот период се движеа во границите на 5 проценти. Тоа беше со цел да се намалат заемите и да не се пуштаат повеќе пари во оптек, со што се подгрева и инфлацијата и се влошува тековната сметка на билансот на плаќања. Порастот на благајничките записи во практика неминовно значи и пораст на каматите на банкарските кредити. Некои од банките, при првите два наврата на зголемување на благајничките записи се воздржуваа од пораст на каматите, но по последното зголемување на инфлацијата во април од 10,1 отсто, се направија корекции на каматните стапки на некои кредити во Стопанска и во Комерцијална банка. Инаку, во март годинава кредитите за населението се зголемија за речиси 60 отсто во споредба со истиот месец лани.

Во Комерцијална банка во почетокот на јуни беа зголемени каматните стапки и на кредитите и на депози��ите во просек меѓу 0,5 и 1 процентен поен. Односно, каматите на кредитните картички се зголемија за 1 отсто, а на потрошувачките кредити обезбедени со меница за 0,5 отсто. Засега од Комерцијална нема официјални информации дали наскоро ќе следува повторен пораст на каматите

Како што дознаваме, во Тутунска банка, која досега не изврши корекција на каматите, се' уште не се решени да воведат промени и зависно од најновите пресметки дополнително ќе оценат дали ќе извршат корекција, кога и за колку процентни поени.

Од ТТК банка, пак, уште во почетокот на месецов објавија дека вршат зголемување на каматите на кредитните картички за 1 процент и исто толку за кредитите на оние лица кои не примаат плата преку оваа банка.

Од НБМ неодамна изјавија дека остануваат на ставот и натаму да преземаат мерки за стабилизирање на инфлацијата и за одржување на стабилноста на девизниот курс. Според ставот Владата, пак, растот на инфлацијата е запрен и не се очекува нов пораст на цените. Во неодамнешната изјава на министерот за финансии, Трајко Славески, инфлацијата до крајот на годинава ќе го достигне нивото од пет проценти, како што е договорено со ММФ, а банките треба да преземаат мерки за да го намалат кредитирањето кај населението.


Статијата е прочитана 1389 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 15.08.2008 08:26:56
Ovaa merka sega ke gi namali kreditite ,a so toa i potrosuvackata (krediti se zemaat za da se trosat),a se trosat pretezno na uvozna roba(koli, televizori,..)No povisokite kamati mozat sega da dovedat do toa da del od onie koj zemale krediti(i toa golem del) da ne bidat vo sostojba da gi vrakaat, pa ke ni se sluci nesto slicno kako vo Amerika, ili bankite ke knizat zagubi (tesko) ili ke sledi konfiskacii na imot koj na nekogo normalno tesko ke mu padne pa ke citame po novinite razni obvinuvanja ,te bankite se krivi, te drzavata e kriva, te lugeto si se krivi(sto e i tocno ,nikoj so sila ne te tera da zemas kredit)itd. Nasiot standard se uste ne e golem za da naselenieto se zadolzuva. Zapadniot svet e najzadolzen tokmu poradi visokite plati pa ne e problem 200-300 evra mes.da odvojuva za rata, Afrika e najmalku zadolzena bidejki standartdot e uste ponizok i od kaj nas, nie sme nekade vo sredinata, no izminative 2god.nekoj epten se zaletaa so krediti, pa sega da vidime kolku ke izdrzat.
Од: Доста
Датум: 15.08.2008 10:07:47
Економска преродба во сто чекори.
Од: naum
Датум: 15.08.2008 11:55:39
do Dosta za ekonomskata prerodba na brane od 15 god.kradenje ili prerodba vo 5475 dena

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Српскиот фармацевтски гигант „Галеника“ ќе се продава
Дефицитот во Романија надмина 10 милијарди евра
Фармерите се заканија дека ќе ги остават млекарниците жедни
Скандал со банкарски податоци во Германија