Уште еден филм за Џон Ленон
Британската уметничка Сем Тејлор Вуд решила да се нафати на проектот за снимање филм за славниот член на некогашната мегапопуларна „Битлси“ - Џон Ленон.
Во филмот, Вуд ќе се сконцентрира на неговите почетоци, но истовремено ќе има цел да ја покаже и важноста на неговата мајка и тетка во неговиот живот.
„Жените од неговото детство навистина помогнале Џон да се обликува таков каков што бил, па затоа силата и слабоста на неговите врски ќе биде центар на случувањата во филмот“, изјавила Тејлор Вуд, која оваа година заработила номинација за престижната награда „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан, со филмот „Сакајќи те повеќе“.
Најверојатно, режисерката ќе сака како мајка на Ленон да ја види актерката Кејт Винслет, додека улогата на неговата љубоморна сестра ќе и' биде наменета на Емили Вотсон. |