Анџелина Џоли од замор паднала во несвест
Нејзината окупираност со бебињата отишла дотаму што на моменти заборавила и да јаде
Навистина е да тешко да се поверува дека некој со толку пари не може да пронајде квалитетна дадилка која би помогнала во чувањето на децата, но изгледа дека за селебрити мајката Анџелина Џоли тоа преставува сериозен проблем. Па, затоа одлучила дека самата ќе се грижи за своите шест деца.
Но, според медиумите, Џоли тешко излегува на крај со грижата околу децата, особено по породувањето со близнаците Нокс Леон и Вивиен Марселин.
Како што изјавил извор на магазинот „Нау“, Енџи плачела по три пати на ден, а Бред, кој моментално се забавува во Венеција со својот пријател Џорџ Клуни, два пати ја нашол онесвестена од замор.
„Постојано се движи, ги дои децата и ги заспива. Кога едното ќе заспие, тогаш другото ќе се разбуди и веќе сака да јаде“, појаснил изворот.
Нејзината окупираност со бебињата отишла дотаму што на моменти заборавила и да јаде, па затоа докторите ја предупредиле дека не смее да ги губи килограмите на таков начин.
Двојката, која поради стресот на Анџелина се' повеќе влегува во конфликт, одлучила да најде медицинска сестра, која ќе остане во домот шест недели со цел да им помогне околу децата.
|