Млечни егзибиции на Деми Мур во геј-друштво
Кристофер одлучил да не ја споменува Мур по совет со адвокатите
Братот на славната поп-пејачка Мадона, Кристофер Чиконе, тврди дека актерката Деми Мур на една забава многу се забавувала, прскајќи ги со млеко од своите гради нејзините геј-пријателки.
Чиконе изјавил дека тој детаљ од книгата „Животот со мојата сестра Мадона“ го изоставил иако на неколку наврати ја спомнува славната актерка.
Кристофер одлучил да не ја споменува Мур по совет со адвокатите, кои му објасниле дека нејзиното име не е паметно да се објави како дел од книгата.
„Во книгата зборувам како играме во еден бар, но го изоставив делот дека Деми во тоа време се однесуваше како вистинска проститутка и дека на истата забава уживаше да ги прска со млеко моите пријателки-лезбијки. Следното утро ме побара мојата пријателка Мишел и ме праша како да ги тргне дамките од млеко што и' останале на црниот фустан. Јас и' одговорив дека не знам и ја посоветував да ја праша Деми. Беше хистерично. Нема фотографии од тој настан, но тоа навистина се случи. Адвокатите сметаат дека не е паметно да го објавам тоа, но, сепак, ова се многу сочни информации“, не можел да се воздржи Кристофер. |