Штипјани реагираат на полициски притисок во нивните домови
Полицајците ги вознемирувале граѓаните поради сообраќајни прекршоци
Иван Бојаџиски
ШТИП - Педесетина граѓани на Штип од населбата Блок 70 реагираат на посетите на полицајци на нивните домови за време на викендите. Полицајци им доаѓале дома и од домаќините барале да им ги предадат сообраќајните дозволи поради сторени сообраќајни прекршоци. Граѓаните кои не' информираа за овие случувања, инсистираат на анонимност, бидејќи сметаат дека „од познати причини” овој чин на полицијата е всушност предизборен притисок.
„Немаме ништо против тоа полицијата да си ја врши работата на која со закон е обврзана, но протестираме поради тоа што униформирани лица тоа го прават на една недела пред изборите, што ние го доживуваме како притисок пред еден значаен ден каков што е денот на изборите”, велат дел од вознемирените граѓани, кои живеат во населбата која традиционално гласа за СДСМ.
Во СВР-Штип го потврдуваат настанот, но тврдат дека не станува збор за никаков притисок, туку дека станува збор за извршување законска обврска која поради неодговорноста на граѓаните, полицијата мора да ја спроведе на ваков начин.
„Полицијата има список со имиња на 250 штипјани кои добиле судски решенија за направен сообраќаен прекршок и согласно со законот тие биле обврзани сообраќајните дозволи сами да ги однесат кај референтот за сообраќај. Бидејќи и по неколкуте опомени не го сториле тоа, немавме друг избор освен да ги пратиме нашите луѓе да им ги побараат сообраќајните дозволи и да ги донесат во сообраќајното одделение каде што ќе им бидат запишани прекршоците. Некои од нив тоа го сторија сами, а полицајците ги посетија само оние кои не постапија така”, ни изјави Снежана Санева, портпаролка на СВР-Штип.
Станко Стефановски, командир на сообраќајната полиција вели дека се работи за редовни законски активности. „Посетени се домовите на лица кои сториле сериозни прекршоци во однос на безбедноста на сообраќајот, како што се возење во алкохолизирана состојба, пребрзо возење и учество во сообраќајни инциденти. Во Општина Штип има над 12.000 возила, при што не е мал бројот на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите. Наше е да ставиме ред во сообраќајот, согласно со законските прописи. Минатата недела голем број возачи возеа под дејство на алкохол поради матурските вечери, а на петмина млади луѓе им ги одзедовме возачките дозволи поради управување во алкохолизирана состојба. Граѓаните кои реагираат требало да ја исполнат својата граѓанска обврска и по добиеното судско решение да ги донесат своите возачки дозволи во сообраќајното одделение. Уште еднаш сакам да потврдам дека не станува збор за никакви притисоци, туку полицијата само ги спроведува своите законски обврски во сферата на безбедноста на сообраќајот”, вели Стефановски.
Има друг начин освен посетување домови: да им земите нешто од нивната банкарска сметка доколку не ги донесат сами дозволите.
Од: london
Датум: 27.05.2008 01:09:19
Kaj nas opravdanie za se e vo politikata. Mislam deka policijata durui i im pravi usluga na ovie ,,nesovesni'' gragani potsetuvajki gi na nivnata zakonska obvrska so koja mora da gi predadat vozackite dozvoli, bidejki nepostuvanjeto na prethodno izrecenata sudska odluka e i krivicno delo (ili mozebi e taka samo vo UK pa mozes poradi takvo nepocituvanje na sudska odluka da go nalutis sudijata ida zavrsis vo ztvor?!?) AKO BILO KOJA PARTIJA PODRZI GRAGANI KOI NE SAKAT DA ISPOLNAT SUDSKA ODLUKA,TOGAS SE NARUSUVA PRAVNIOT POREDOK VO DRZAVATA I POPUSTO SE TRUDIME DA ZBORUVAME ZA EFIKASNO SUDSTVO I POLICIJA. Fakanje cekor so Evropa ne znaci podrska na anarhija (nekontrolirana demokratija) tuku sproveduvanje na postojnite zakoni!!!
Од: rezim
Датум: 27.05.2008 01:28:26
Od naslovot na tekstot covek strav da go fati. I kakov e sega toj pritisok Bojadziski sto ti sakas tuka da go profuras kaj nas citatelite? Na kraj ispaga deka se e spored zakonskite pravila. E Bojadziski, Bojadziski, stara bitango.
Од: kumanovoo
Датум: 27.05.2008 05:09:16
sekoja cest na komentarot Nikola ,,
nemas vrska sto zboruvas !!!
Dali nekoj im ima ovozmozeno(ponudeno rabota ) na tie ludje da stavat nesto na taa smetka dokolko voopsto postoi si se prasal li nekogas ????
P.S. Bezsmislen komentari ,,,,,,,,,,
Од: Драган
Датум: 27.05.2008 07:58:09
Полицијата само ги извршува законските одредби, иако на чуден начи, веројатно по 01 јуни нема да има време за такви активност!?
Чудни работи се случуваат, законот неможе да чека, па избори се и треба гласачи.
Од: Gox
Датум: 27.05.2008 12:18:06
Abe kako moze nekoj so sila da me natera da pravam nesto sto ne sakam...Toa vasite mozoci se zakrzlaveni ili nesto drugo ne e vo red ??? Sto treba da cekame?Da dojde SDSM pa oni da gi naplakaat kaznite i togas toa ke bide demokratski,neli ? Sega, koga ne apsat zosto ne apsat,koga apsat zosto apsat...Bog da cuva...Dzabe vi e se..Jas sakam soncevi denovi,ali posle 1-vi vaseto zamisleno sonce sekako nema da sija poise od portokalovata boja
Од: angela
Датум: 27.05.2008 14:25:05
uaaaaaa VMRO ne mozete da pobedete fer pa ajde so sila zosto ne ste odile da gi barate dozvolite kaj nekoi vmrovci tuku kaj sdsm i ke vikate deka ne e politika kako be ve nemase cela godina tuku sega bas 1 nedela pred izborite ama narodot znae i gleda so pravite i skapo ke platite za site losi raboti a toa e golem PORAZ ne samo poraz tuku ubedliv poraz graganite gi otvorija ocite i se osvestija kakva vlada imame
Од: Antirezim
Датум: 27.05.2008 15:30:53
Do rezim
Ke se naucis li ednas da citas tekstovi taka kako sto se napisani ili ke citas so ispraniot portokalov mozok. Bojadziski samo gi dava stavovite na lugeto koi informiraat za edna vo momentov cudna pojava, ama za se ja prasal i drugata strana, znaci sosema profesionalen tekst. E, pa sega sekoj neka go cita kolku sto mu um drzi. Kakov mediumski rezim sakas ti da instaliras vo RM?