Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Се бараат строги казни и изолација за силувачите

 

По инцестот во Рашче, институциите бараат ригорозни казни за насилниците кои злоупотребуваат деца

Јулијана Кимовска

Целосна изолација на насилникот и најстрога казна како опомена за сите оние што ќе се осмелат да ги злоупотребат децата на кој било начин, бараат институциите и експертите во врска со последните случаи на сексуална злоупотреба на деца кои ја запрепастија јавноста. Иако и таткото – силувач на 17-годишното девојче од Рашче, како и соседот кој се обидел да го силува седумгодишното девојче од пробиштипското село Добрево се во притвор, жртвите на насилството долго ќе се соочуваат со стравот и последиците од сексуалната злоупотреба.

„Мора да им целосна изолација и отстранување на таткото-насилник од домот, а потоа брутално да биде казнет за она што го сторил, како опомена за сите идни случаи”, укажува Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. Она што понатаму ќе треба итно да се направи е да им се помогне на децата-жртви да се соочат со проблемот и да им се даде сета помош за да ги надминат траумите што им ги нанеле силувачите.

„За таа цел ќе се ангажираат сите стручни и компетентни лица за да им се укаже сета психолошка и медицинска помош на жртвите. Покрај социјалната заштита, важно е жртвите да почувствуваат сигурност во системот, да знаат дека се безбедни и дека она низ што поминале нема да им се случи повторно”, вели Миновски.

Бидејќи последиците од кошмарот низ кој поминале сексуално злоупотребените деца се долготрајни, потребен е и долг период за да се излекуваат, укажуваат надлежните.

„Секој во таа ситуација доживува тешки психолошки моменти, особено кога детето е злоупотребено од член на семејството. Последиците од ваквите ситуации можат долгорочно да влијаат на развојот на децата и да произведат несакани ефекти”, објаснува доктор Марија Ралева, шеф на Одделот за детска и адолесцентна психијатрија.

Надлежните сметаат дека децата треба да се охрабруваат да зборуваат за лошите работи што им се случуваат и да се придобие нивната доверба. За злоупотребите треба да проговорат и оние кои се сведоци или пак забележале дека детето е жртва на злоупотреба.

„Потребно е да се смени менталниот склоп на луѓето и да им се стави на знаење дека треба отворено да зборуваат за проблемите. Зошто мајката на девојчето од Рашче молчела толку долго за она што им се случувало нејзе и на ќерката? Таа се плашела, била заробена од традиционалните догми и обичаи дека сето она што е лошо мора да остане во семејството и да се премолчува. Но, таа имала морална и законска обврска, ако не за себе, туку за доброто на својата ќерка да го пријави она што се случувало во нејзиниот дом”, реагира Миновски.

Првата детска амбасада „Меѓаши” бара поголема превенција и заштита на децата од можните силувачи и насилници. „Родителите треба да посветат посебно внимание на децата и да ги заштитат од можните злоупотреби. Одговорното родителство е најдобра превентива од злоупотреба на децата. Училиштата треба да посветат повеќе внимание на превентивни програми”, потенцираат од „Меѓаши”. Од канцеларијата на народниот правобранител велат дека ги следат сите случаи и постојано вршат притисок врз институциите за да преземат построги мерки за заштита на децата.


Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар

Од: jota
Датум: 27.05.2008 14:10:17
Na decata i zrtvite trebalo psihijatriska medicinska pomog?A im se kazuva li za posledicite od nervni lekovi?Deka se zavisni,deka moze da im se vlosi sostojbata,deka nemnozat da spijat noce,zgolemen krven pritisok,debelenje,paraliza pa i nastanuvanje na smrt.........mislam na vakvi lica najdobra pomos e psiholoska pomos.......i menuvanje identitet za da mozat da otpocnat nov zivot.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Штипјани реагираат на полициски притисок во нивните домови
Вработени во Поштенска банка украле 150.000
Еден месец притвор за педофилот од Добрево
Ограбени сефовите на Стопанска банка
Пијан син крвнички ги претепал родителите
Момче и девојка ограбени во парк