Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Битка за Маневски во Собранието

Опозиционерите гледаат во министерот за правда човек чии раце се окрвавени од политички егзекуции

Оливера Војновска

„Камелеон“, „џелат“ и „гробар“ на македонското судство, „криминално-политички муџахедин“... Овие термини ги употребуваше опозицијата вчера за да го долови „ликот и делото“ на министерот за правда, Михајло Маневски, за чија интерпелација Собранието расправаше цел ден. Опозиционерите го гледаат во Маневски човекот „чии раце се окрвавени од политички егзекуции“. Од говорницата во парламентот му порачаа дека ќе дојде денот кога тој ќе одговара за своите „злосторства“.

Маневски ги отфрли нападите уверен дека се од лична природа и се должат на нервозата кај опозиционерите поради неговата решеност да се справи со корупцијата и организираниот криминал. И пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ што го бранеа Маневски токму тука ги гледаат мотивите за интерпелацијата која ја поднесоа 23 пратеници од опозицијата.

Социјалдемократите побараа Маневски да си поднесе оставка зашто македонското судство во негово време го „допрело дното и станало најпроблематичен сегмент во државата“. Го обвинуваат Маневски за политички притисок врз судиите, непотизам, неправилности во финансиското работење на Министерството за правда, за скандалите со узурпирано земјиште во општествена сопственост, аферата и плата и пензија, незаконско трошење 200 илјади евра...

Поранешниот премиер, пратеникот од СДСМ, Владо Бучковски, рече дека „министерот за неправда“ 45 години е присутен во правосудството, па најмногу му одговарал „псевдонимот камелеон“. Читајќи дефиниција за камелеон, додаде дека ја менува бојата на кожата во зависност од околината. „Од црвена преку сина, Маневски денеска има портокалова боја“, нагласи Бучковски. Според него, методите што ги применувал министерот за правда ги немале така разработено ниту болшевиците.

Притоа, ги посочи критериумите за избор на кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители, кои треба да го поминат, покрај другото, и тестот за морално-етички квалитети. Селекцијата ќе се прави на правно-релевантен начин со анкетирање 50 личности кои имаат најмалку средно образование и кои со кандидатот не се во роднински врски до трета-четврта линија, ниту, пак, во сватовски релации! Бучковски вчера го праша Маневски дали знае кој ги прислушува обвинителите и го обвини за „судската елиминација на либерални директори, на истакнати правници, судии, обвинители, адвокати, поради лична или семејна нетрпеливост“.

За поранешниот премиер запрепастувачки е фактот што „секој член на Судскиот совет има досие и дека се уценувани членови на СС кои биле поранешни претседатели на основни судови“. Завршувајќи го својот говор, Бучковски рече: „Во лустрацијата беше лесно да ги бараме кодошите, овде имаме директно замешан човек кој до лакти има окрвавено раце со политичките егзекуции што ги има правен�� во периодот на претходниот систем“.

Во сличен тон беа и дискусиите на неговите сопартијци, пратениците Емилијан Станковиќ и Игор Ивановски. Станковиќ често пати се прашувал кој е мотивот на Маневски на неговите 73 години да биде „синонимот за антиевропска Македонија“. Исто така, размислувал за тоа зошто премиерот Никола Груевски водел „мазохистичка политика и по секоја цена го држел Маневски во Владата“? Станковиќ го најде одговорот во приказната со четирите стана. Односно, како што објасни тој, „улогата на Маневски, како тогашен претседател на Антикорупциската комисија, за забошотување на најголемиот корупциски скандал“.

Нарекувајќи го Маневски „криминално-политички муџахедин“ и „џелат“ во судството, Ивановски му предвиде дека кривично ќе одговара за сето тоа што го направил изминативе четири години во правосудството. Тој го праша Маневски „во која нормална држава министерот му се јавува на судијата и му диктира судска пресуда“. Според него, Маневски им се јавувал и на повеќе стечајни управници за да ги ликвидираат фирмите, за потоа тие да отидат кај „фамилијата“. Тој го критикуваше министерот и за изборот за непотизам и избор на судии по партиски клуч. „Некои немаат напишано ниту една прекршочна пријава, а носат одлуки за притвор. Тоа е исто како вие сега да возите ’Формула 1’“, се изрази сликовито Ивановски.

Вчера не изостанаа ниту критиките на адреса на сопругата на министерот, судијката во пензија Филимена Маневска. Пратеникот Бучковски ја посочи како „прв судија фотографиран во партиски штаб“.

Маневски ги оквалификува нападите како тенденциозни и невистинити. Отфрлајќи ги наводите дека 45 години бил на високи функции, тој рече дека во почетоците на плурализмот едно време бил на апанажа, па 1,5 година бил без работа, а потоа бил во Владата.

„Не сум бил на моќна функција, туку советник од најнизок ранг во Владата. Тоа се глупости, невистини. Срамота“, рече Маневски. Тој е убеден дека опозицијата намерно ги искривува фактите за неговата работа. „Евидентно е дека колку се поголеми резултатите на Министерството за правда и мојата работа, толку се поголеми и неосновани нападите. Лажно е прикажано сработеното досега, но тоа се афери од познатите кујни. И тоа нема да ме поколеба да продолжам со судските реформи“, рече Маневски. Тој се повика на извештајот на ЕК, каде што, како што рече, првпат позитивно се оцените судските реформи. „Во извештајот се наведува дека е постигнат напредок во имплементацијата на судските реформи, во обезбедување на независноста на судството“, додаде Маневски.

Притоа, посочи каде ги гледа мотивите за интерпелацијата. „Корупцијата е мотото на мојата интерпелација. Тие што спроведоа во огромни размери најкриминална приватизација, што ги ограбија фабриките, претпријатијата и штедилниците и што ги избркаа работниците на улица, сега на сите страни гребат да набедат други за тоа“, заклучи Маневски. Обвинувањата за тоа дека земал министерска плата и пензија ги оцени како невистинити и додаде дека за четири месеци не подигнал каков било износ за пензија.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека интерпелацијата содржи само лични навреди и напади за министерот Маневски и оти таа е мотивирана од лични причини на некои политичари од СДСМ.Според него, во последниве години е направен голем прогрес во судството. „Во изминативе четири години е направен напредок во судските реформи како за десет години. Состојбите се драстично подобрени откога СДСМ беше на власт. Министерот за правда е еден од клучните луѓе за борба против корупцијата“, смета Димовски.

Расправата за интерпелацијата според Деловникот треба да заврши до полноќ. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 1780 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 20.04.2010 00:22:53
Seriozen razdor vo DPMNE. Tie smetaat deka Manevski ne kradel, ne lazal, ne proneveruval, ne pravel svoi licni i tajni dosijea, ne vlijael politicki na sudiite koi masovno vo predizborijata minuvale niz negovite kabineti, ne pridonel za zatajuvanje na kriminalnata privatizacija , verojatno i ne ucestvuval na vtoroto zasedanie na ASNOM, iako so decenii e na razni funkcii. Od druga strana, nivniot sef, Premierot so Vladata ne gi podrza pratenicite od svojata partija so svoeto prisustvo, ne mu dade moralna podrska na Ministerot . Dosta cudno, iako e poznat stilot na "grupno poziranje" na Vladata vo sekoja prilika! Duri i "odbranata" bese nekako "bofl", bidejki i posle 2 izbori i 4 god. mandat, "krunski argumenti " na VMRO se "ad akta" izvestaite za slabite reformi od 1991 do 2006. Analiticki gledano, za natamosniot tek na nastanite, vazno e dali Premierot ja testira samostojnosta i politickata inteligencija na pratenicite, ili e "Premier vo senka" kako sto megjuredovi obvini opozicijata.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 20.04.2010 00:41:08
Sram da vi e godspoda od VMRO-DPMNE.Posledniot komunisticki minister go drzite vo svoite redovi. Spored EU, OBSE sudstvoto e partizirano, doverbata na narodot vo sudstvoto e na nisko nivo.Mnogu cudno ovoj minister svojata zena Filimena sto spored kazuvanjeto na Buckovski a manevski ne negirase na Sobraniskata rasprava studirala 13 godini so prosek od 6,7. Steta g-din Gruevski kolku maldi kvalitetni mladi strucni pravnici mozat 100% da bidat podobri od ovoj minister i negovata zena koja i sega so vakov prosek i vremetraenje na studii kako penzioner e i sovetnik na pretsdatelot Ivanov.Sramno, sudstvoto e so klasicen nepotizam, sramno za VMRO-DPMNE. Celoto sudstvo e partizirano vo korist na VMRO-DPMNE.Kakva demokratija, Mi e sram sto Makedonija ima vakov minister za pravda a Gruesvki ne se brukaj so vakov los miniser samo gubi Makedonija, i sam svesen ako dobro razmislis... Sramno e ova so vakov minisiter...
Од: marsovec
Датум: 20.04.2010 07:28:45
Министерот како и многумина други станува колатерална штета и гориво за машинеријата на ВМРО ДПМНЕ, кога ќе го искористат за звои цели ќе го отфрлат.Тој ќе биде само еден од многумината кој така ќе заврши.Очигледно ќе се случи кос со ѓаволот тикви сади...
Од: GORDANA
Датум: 20.04.2010 07:51:21
Luge ne pisuvajte nisto loso za covekot, gledate deka toj za site se znae, ima informacii za site, mozebi naredniot pat vo sobranieto i za nekoj od nas ke komentira.
Од: Alien from Space
Датум: 20.04.2010 08:20:33
Јавен обвинител во Штип,Заменик јавен обвинител во Скопје,Претседател на Окружен суд во Скопје,член на Извршниот Совет на (Социјалистичка) РМ(им било срам да го пишат зборот Социјалистичка во биотграфијата) и министер за правосудство и управа на истата-СоцијалистичкаРМ,Советник во бладата,заменик јавен обвинител,(анти)корупционер и претседател на (Анти)корупциска...За нив ниту Пензијата важи,(можат и со Плата и со Пензија),вечни и „мноо0гу талентирани“, „подобни“...И така, сè на претерано Ниски функции,сè до 73-тата година во животот!Секако, па сеуште не бил Претседател, Премиер, Цар, Султан, Паша... Има време!Ако поседи уште малку во владата,може заедно со Мистер с.Тополовиќ, да си направат уште еден Град-држава!Незаменливи се!Без нив-се плашам, ќе пропаднеме!Мореее... назад, на нивата од Башино(ако ја имал)!
Од: SPIRIDON
Датум: 20.04.2010 08:50:54
Nagledame se kumendii.Nušič u sobranieto na Makedonija.Deka Manevski i gospožata ministerka se zabravija i gi pominaa site granici jasno im e na site pametni,razbira se kolku gi ima,ama sudaro na VMR-ovcite i SDSM-ovcite e frlanje na prašina u očite na narodo.Nogu naivno.Ne zabrava narodo i za tenkovete,i za dubarite so elektrostopanstvoto,vidi im gi odelata i kondurite ta na tia,ta na tia,se po 1000 evra artikal,bogati političari imame.A narodo se poveke tone u siromaščija.Napravija si go tovarčeto,napunija si gi čekmeđinjata i pravi cirkusi.Sramota.I greota.Baš kučinjata laat a karavano(kriminalcite9 si vrvi.Ne biva taka.Ne biva be.
Од: petre
Датум: 20.04.2010 08:55:52
se smee cela makedonska javnost >dosta so tie interpalacii,taka ne se dobiva vlast,fatete se site za rabota ,nedozvoluvajte da vi se sitat albancite
Од: jovan
Датум: 20.04.2010 08:57:31
Dobro naucenata lekcija od komunizmot ocigledno na Manevski mu nosi licna korist.Naucil kako se ucenuvaat luge,kako se manipulira so ucenata.Zosto partijata na vlast tolku go pocituva toj okorel komunist i raboti pod negov diktat,toa e mnogu cudno!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 09:17:11
Имаме напад дека е бољшевички камелеон,значи ли тоа да кога бил висок функционер во виножитната власт бил ,,добар,, бољшевик а сега се расипал,второ сопругата слаб студент со просек 6,75 станал слаб судија а ваму заговараме да се скине лимитот од под 8 оцена неможе судија, и трето темелење на оптужби на индиции е бољшевички манир кој беше мерило во бољшевичките чистки.Инаку министерот треба да оди затоа што протежира партиски кадри и е одговорен за тоа што сме дежурна тема во ЕУ и др.причини.
Од: Gi ima vo djeb
Датум: 20.04.2010 09:24:21
Toj posleden mastodont i arhetip na komunizmot i Metuzalem vo pravniot sistem na Mkd, VMRO bez sram i perde i pokraj site bruki i sramoti go drzi na funkcija. Golema bruka i sramota bese koga se gledaa pratenicite na VMRO , koi dobro ja znaea vistiunata , kako pokusuvaat neiskreno da go branat , a i sami ne veruvaat vo toa sto go kazuvaat. Manevski e opasen covek , kameleon i sklon kon agentura, ucena i zbiranje na skrieni podatoci so koi gi ucenuvase visokite licnosti na site rezimi. Tuka e tajnata na vecnosta na Manevski - Metuzalemskiot reformator na sudstvoto . Mnogu vidni licnosti gi ima vo svojot djeb.
Од: Vanco
Датум: 20.04.2010 09:46:54
Иако, вообичаено, не слушам што сѐ тропаат политичарите, морам да признам дека сите лоши зборови што сдсм-овците ги кажаа за Маневски се вистина. Навистина, гробар на македонското судство. Маневски, оди си и спаси нѐ!
Од: helardicar
Датум: 20.04.2010 10:43:59
predlog; go smenivme simbolot od grbot crvenata petokraka oti taka bara eu, zatoa sto e simbal na kumunjarite,ama so 65 glasa za da go stavime likot na iscisteniov kumnjar sega revnosen komita koj pominal niz sito i reseto na praznoto mesto od petokrakata,za da ima mladite kade da se poklonuvaat,tuka se slozuvame i albanci i makedonci.
Од: gugi
Датум: 20.04.2010 11:37:02
многу ми е мило што не живеам веќе во македонија.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Груевски чека да слета во Атина
Годините и политиката