Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Годините и политиката

Соња Крамарска

Иако неодамна во Македонија е донесен Закон против дискриминацијата, сепак, таа се' уште постои и тоа во најсуров вид. Министерот Михајло Маневски, чија партија ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на бриселските барања за посебна заштита на хомосексуалците, самиот се увери во тоа.

Вчера од парламентарната говорница пратеникот од СДСМ Емилијан Станковиќ во неколку наврати искажа алузии на сметка на неговата возраст. „Што барате на 73 години овде, одете си дома и трошете си ја пензијата со сопругата Филимена...“. Врвот на политичката и секаков вид некултура беше кога истиот пратеник му рече на Маневски: „Веројатно поради вашата возраст не гледате убаво“.

Пред неколку месеци на ист ваков груб начин поради нивната возраст владејачките пратеници ги навредуваа Стојан Андов и Тито Петковски.

Што да се каже по едни такви „аргументи“ во политичката битка. Срамота, скандал, политичка некултура и општа некултура од најгруб вид. Дискриминација во најексплицитна форма.

Претседателот Киро Глигоров, кој сега има 93 години, својата претседателска кариера ја заврши на 82 години и се' уште го држи приматот на политички бренд на Македонија. Грција неодамна вторпат го избра претседателот Каролос Папуљас за шеф на државата, на 81-годишна возраст. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони има 74 години. Владата во сенка на младиот британски конзервативен лидер Дејвид Камерон во своите редови има лица од ерата на Маргарет Тачер.

Министерот Маневски поради застојот во судските реформи и лошите состојби во судството е најслаба алка во Владата. Но, тоа не смее да има врска со неговата возраст. Очигледно Законот за антидискриминација не е доволен. Потребни се и култура и повисока свест.


#
Статијата е прочитана 1540 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.04.2010 00:43:16
Za zal najdiskriminirana grupa gragani se postarite lica, pa vo nekoj slucaevi i srednovecnite. Pogledajte gi samo oglasite za vrabotuvanje, da e do 40 godini, da e do 30 godini, da ne e postar od 50 godini. Diskriminacija na kvadrat, a sme se fatile za homosite da im izglasame prava, a do sega nikoj ne izgubil rabota zatoa sto e homoseksualec, a eden kup gi otpustaat samo zatoa sto bile stari(i na 50 godini nekoj smeta deka se toa stari luge). Zalno i tragicno na sto spadnavme.
Од: Serafim
Датум: 20.04.2010 06:56:58
Na site pod 40 godini,treba da im se zabrani da se bavat so politika.Toa od pricina sto kaj nas politikata stana najvazna rabota,pa vo taa smisla so nea treba da se zanimavaat samo iskusnite i pametnite- a toa nemozat da bidat mladite luge!!!
Од: Лазо Стефанов
Датум: 20.04.2010 07:13:00
Ние сеуште го имаме комплексот на она ,, го пратиле дедо во планина, мечките да го изедат. некогаш тоа се правелео за да остане храна за другите гладни усти восемејството. И денес тоа не следи, се разбира, во други појавни манифестации. Не сме далаку одишле, како што не сме далеку отишле и во многу други подрачја.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 20.04.2010 09:11:36
Не ми се верува!?Да не ме лажат очите?!Погрешно сум прочитал?Па, добро, Господична, а кои се аргументите тие да останат во политиката?Нивната Незаменливост?!Стручноста?!Споредбата со Папуљас (Докторска титула од Универзитетот во Келн,течно говори германски,италијански и француски)и со Берлускони (Правник од Универзитетот во Милано)е како да споредувате Баби и Жаби!Еве,ајде да го кандидираме за Претседател,Султан,или за Паша!Само уште тоа не бил!Која му е стручноста,освен демагогијата дека го „компјутеризирал“ судството?Па,какво познавање има од Компјутерите?Туку... па нели е од ВМРО?!Каква сличност има со К.Глигоров,С.Андов, Т.Петковски, Вечниот Љ.Иванов?!Аххх, да!Тој ја Издал книгата:„Корупцијата во Република Македонија - Превентивни и казнени мерки за спречување“и ја „спречил“Корупцијата!Талент,нема што!Но,ајде да го оставиме раат!Има уште 40-тина години до Пензија!Јаден Бране,отиде пред него во пензија!А на работа, „обичните смртници“ги примаат до 40-та!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 09:22:48
Пријатно ме изненади опсервацијата (не)културното однесување на нашиве на жалост млади политичари.Тука ги гледам Ѓорчев, Станковиќ,Иванов и др. од сите политички опции.И затоа ќе го парафразирам но во обратна конотација покојниот Маршал,,Држава која има ваква младина треба да се загрижи за сопствената иднина,,.
Од: dbreak
Датум: 20.04.2010 09:52:39
Kaj nas cudno e KOGA NEMA DISKRIMINACIJA.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 20.04.2010 11:04:00
Очигледо, младото момче, добро се вклопи во, веке воспоставената реторика и начин на однесување на говорницата во парламентот, во најголемата опозициона партија, макар во стопа ја пратат и поединци од ЛДП, каде барјакот во таквите настапи го носи Жерновски. Бучковски, Ивановски, Бендевска, Цветанка, Чинговски и да не набројувам повеке, бидејки долга е колоната на пратеници што ке бидат запаметени по нивниот специјален начин на изразување. Малку зачудува што по нивните спапки појде и секогаш умерениот, Андреј Петров, но по се изгледа времето си го прави своето.
Од: mihajlo
Датум: 20.04.2010 11:59:49
Navistina sum iznenaden.Iznenaden sum od kratkiot no realen tekst na pocituvanata novinarka.Ovoj tekst treba da prestavuva olicetvorenie na nezavisnoto novinarstvo i pomladite novinari da ucat kako treba da se gai profesijata-novinar.Sekoja ponatamosna analiza na tekstot,bi bila samo balast na istiot. Pozdrav do novinarkata.
Од: Boban
Датум: 20.04.2010 12:28:24
Fala bogu nekoj da napise tekst za "pedokratijata" Makedonija,odnosno drzavata vo koja vladeat deca (sekako izbrani od vozrasni so detski um).rezultatot go gledame.Posledni vo "glupavata" Evropa kade nema parlamentarec pod 50 godini vozrast,kamo li premier ili pretsedatel.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Груевски чека да слета во Атина
Битка за Маневски во Собранието