Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Груевски чека да слета во Атина

Премиерот побарал дозвола од Грција за владиниот авион

Тамара Грнчароска
Миркица Поповиќ

Македонија преку своето дипломатско претставништво во Атина, во петокот побарала дозвола за прелетување и за слетување на владиниот авион, со кој македонскиот премиер, Никола Груевски, треба да патува на конференцијата на „Економист“.

И покрај барањето и тврдењата на „Економист“ дека премиерот го потврдил учеството, од македонската Влада велат дека тој се' уште размислува дали да замине за Атина или не. Конференцијата се смета како добра можност за средба меѓу Груевски и Јоргос Папандреу за нови разговори за спорот за името.

Портпаролот на македонската Влада, Мартин Мартиновски, вчера ни изјави дека престојот во Атина би бил добра можност за средба на Груевски и Папандреу, но доколку не дојде до тоа, секогаш постојат други можности за средби.

Тактизирањето на Груевски со патот во Атина се поврзува со немањето што да се каже околу преговорите за името, но и со евентуалното недозволување на грчките власти за прелет и за слетување на македонски авион на грчка територија. Со таков проблем за слетување на грчка територија се соочи македонскиот владин авион, на кој стојат ознаките МКД, минатата година во пресрет на одржувањето на министерската конференција на ОБСЕ на Крф. Тогаш во последен момент грчките власти дозволија слетување на македонскиот авион, но под притисок на ОБСЕ, чии претседавачи беа во тој момент. До вчера грчките официјални лица се' уште немаа издадено дозвола за слетување на македонскиот авион на грчка територија.

Во пресрет на можната повторна средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер, портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Грегорис Делавекурас, изјави дека темата за постигнување конечен договор за името е тема што Грција верува дека може и треба да се реши и за неа таа има направено значајни чекори за да се реши. „За жал, од другата страна веќе 16 години гледаме негативно расположение“, изјави Делавекурас. Според него, во суштина нема преговори, кога другата страна доаѓале и постојано ги повторувале истите ставови. „За соседната држава постои европска и НАТО перспектива, но и покрај тоа државниот врв на нашите соседи одбира да напаѓа“, смета тој, наведувајќи дека Атина нема да ја следи таа реторика и таа логика.

Во врска со тужбата во Хаг, Делавекурас истакна дека според Атина, таа се случила во таков временски период кога повеќе била наменета за домашната јавност, отколку за решавање на суштината на темата. Околу прашањето за идентитетот, тој тврди дека тоа е само уште еден начин да се избегнат преговорите, чија тема е наоѓање решение за името. „Премиерот Груевски се обидува да ги избегне преговорите и во овој обид ги користи сите расположливи средства, а ова им станува јасно на сите вклучени страни“, изјави тој. Според него, се' уште нема најави кога посредникот од ОН, Метју Нимиц, ќе ги повика двете страни за заедничка средба. „На��ата одлука е дека на таа средба треба да се оди добро подготвен и не треба да имаме неуспеси, бидејќи тоа само го отежнува процесот“, смета Далавекурас. Притоа, тој вели дека предлогот „Северна Македонија“ Нимиц го предлагал и порано и ако се размисли логички, ги содржи сите грчки.

Портпаролот на грчкото МНР во интервјуто се осврнува и на македонските односи со Бугарија. „Соседната држава повремено има и несогласувања со Бугарија и тоа е поврзано со политиката што моментално ја следи Скопје“, констатира тој, додавајќи дека нашата земја мора да разбере дека ако сака да влезе во ЕУ, треба да ги решава, а не да создава нови проблеми. „Ако не се соочи со тие проблеми, интегративниот процес ќе биде отежнат и дополнително забавен“, вели Далавекурас.


#
Статијата е прочитана 3260 пати.

Испрати коментар

Од: Od Lexus
Датум: 20.04.2010 00:12:58
He he bla bla ba site se smeat so vas pitacite od mala azia...
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 20.04.2010 00:37:03
So nesposobni politichari i so balkanska ogranichenost problemot za imeto ne mozhe da se reshi. Vo obedineta Evropa nema da projdeme so falsifikuvana istorija. Na Makedonija i trebaat hrabri politichari i intelektualci koi se sposobni da se soochat so novito predizvici. Treba da se prekine so antikvizacijata, a i so antibugarskata propaganda, bidejkji taa im sluzheshe samo na prosrpskite interesi, Jugoslavija ne postoi vekje dve decenii.
Од: Sudija na aplelacioniot sud
Датум: 20.04.2010 00:39:51
Imeto samo na sud vo Hag mozhe da se reshi preku sovetodavnoto mislenje od istiot sud za dopolnitelnite uslovi za RM clenstvoto vo OON!!!
Од: kire SAD
Датум: 20.04.2010 04:21:25
Eve kako sto ne ne priznavaat deka i postoime , no sepak Makedonceto se sprema letovo na odmor vo GRCKA iako ne go priznavaat ama da ostavi nekoe evro . DA se BOJKOTIRA odenjeto vo Grcija nemojte da bidete slepci.
Од: Itar Pejo
Датум: 20.04.2010 07:00:08
Kiro vo Grcija rece deka sme nie od slovensko poteklo. Sega Nikola ce ima moznost da ja popravi taa greska i jav,no da kaze sto sme. Ako e maz! Istotaka ce ima moznost da ja poturne rabotata okolu odstetata od 35000000000 sto im ja veti na nasite braca egejcite.
Од: НеКултивиран Балканец
Датум: 20.04.2010 07:27:25
Во обединета европа во две држави веќе живеат НЕпризнаени Македонци. Во 21-ви век без право на своја кутура, обичаи и јазик. Малтретирани и понижувани од обединтетите европски народи. Па што да очекува човек повеќе? Ако се толку тврдо уверени кожодерачите дека целата историја е нивна зошто се плашат од веќе една шака луѓе? Со геноцид ли се оди напред?
Од: Time... less and less
Датум: 20.04.2010 08:30:47
Ти-так, тик-так...Народот одамна знае дека „Кој ептен високо лета, ептен ниско и Треснува!“! Наскоро! Наскоро ќе се слушне Громкото Тр`ррР`рессс...!!! Тик,так...времето на подморницата Инфантилус истекува! Крај! Тииииииииттт... Дали капетанот прв ќе ја напушти?
Од: petre
Датум: 20.04.2010 08:58:38
Ne treba da se udostojuvaat so nase prisustvo
Од: Hristijan
Датум: 20.04.2010 10:31:21
"Македонија преку своето дипломатско претставништво во Атина, во петокот побарала..." pobarala??? Makedonija pobarala???? A novinarot od koja drzava poteknuva??? On pobara li ...???? Ova e napis vo makedonski vesnik ili nekoja Elephterotipia od Etiopia??? Nemozam da se iznachudam na odnesuvanjeto na opozicijata vo sporot so grcija za imetyo i identitetot!!! Zalno no takva bila makedonija i vo istorijata, taka ke bide i vo idnina se dodeka ne snema zasekogash A za toa ke bideme samite krivi i nikoj drug!!! ZASRAMETE SE!!!!
Од: mene
Датум: 20.04.2010 11:17:46
Kolku e Evropa kultivirana se vide,nemalo pravda zato sto sme nadvor od NATO.Se prasuvam sto aku sme vo NATO,koja e razlikata? Treba da se proceni sto dobivame sto gubime so imeto,inaku i Grcija i Evropa veke mi se smacija.
Од: Trene
Датум: 20.04.2010 12:31:24
Grcija e motivirana od grckiot problem so postoenje na etnicki Makedonci. Makedoncite baraat od svojata vlada da se bori da gi odbrani Makedonskite interesi, da stavi i Makedonski akcent na site baranja. Sorabotka mozi da ima vo idnina samo kako ramnopravni, a toa znaci priznavanje na pravoto na Makedoncite da bidat samostalni, prifateni, bez razlika na teorii za poteklo i prikazni za Aleksandar Makedonski. Treba grcija i bugarija da se soocat so tie fakti, ne Makedonija so grcki i bugarski potrebi od lagi i manipulacii.
Од: mene
Датум: 20.04.2010 13:35:41
ne mi e jasno sto kazuva ovoj kultiviran balkanec sekogas nesto pisuva ako se custvuvas ko bugar bidi si bugar ne gi pravi site a vo bg ima makedonci da znaes samo sto ne se custvuvaat site po sto im e ispran mozokot bate kultivirano
Од: Tayipov abdula-turk(MK)
Датум: 20.04.2010 14:07:04
Mnogu pati komentirav , okolu sporot so Grcija za ustavnoto ime na RM,i sekoj gragjanin na RM moze da go dade svojot komentar ili na eden nacin ja olesnime rabotata na vladata na RM. Edna varijanta sto e naj dobra vo ovoj moment e da site gragjani na RM bez razlika na nacionalno poteklo(maked,alban,turci,romi)da bidaat edinstveni i mobilizirani okolu resavanjeto na sporot so Grcija.Bidejki ako se promeni imeto na RM so Severna republika Makedonija mozno e da se negira celoto dosegasno( kulturno istoris minato na makedonskiot narod, jazikot,kulturata i sl) Vtoro resenie sto e od vitalno znacenje za RM, e da mu se dade golemo znacenje preku dopolnitelni aktivnosti, okolu sozitelstvoto na makedonskiot i turskiot segment vo RM. Turskata multiet.zaednica od sekogas se za dobroto na RM nikoj pat nemaat pokazano neprijatelska aktivnost kon Makedonskiot narod (nitu vo Vtorata Svet.vojna nitu vo posledniot konflikt) od sekogas se lojalni kon RM.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Битка за Маневски во Собранието
Годините и политиката