Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Нерегистрираните куќни совети ќе ги решава судот

Најновите измени на Законот за домување не предвидуваат парични казни

Снежана Калабакова


Граѓаните не треба да се олабавуваат и да се откажат од регистрирање куќни совети. Зашто со најновите измени на Законот за домување, кои се во подготовка, за нерегистрираните куќни совети наместо парични, ќе има поинакви казни. Така, на пријави од инспекторите, судот ќе одлучува и ќе одредува управители.

Досега се регистрирани 2.000 куќни совети. Од Централниот регистар велат дека интересот на граѓаните продолжува со несмален интензитет, иако луѓето знаат дека нема казни откако Уставниот суд го укина токму членот што се однесуваше на казнување. Во Министерството за транспорт се надеваат дека сега, со откупот на градежното земјиштето, ќе се зголеми и бројот на регистрирани куќни совети, односно заедници на сопственици. Оние што ќе останат нерегистрирани, ќе добијат управители.

Регулаторната комисија за домување веќе има издадено две лиценци на фирми кои ќе бидат управители, а тие ќе им се нудат на граѓаните кои ќе сакаат да ги ангажираат. Цената за регистрација на куќните совети во Централниот регистер изнесува 2.452 денари, а куќните совети можат да ги симнат потребните документи од веб-страниците на Министерството за транспорт и на Централниот регистер.

„Во поголем број од општините веќе се определени инспектори што им укажуваат на куќните совети дека треба да се регистрираат. Како комисија постоиме од 1 ноември 2010 година и веќе имаме барања од шест фирми, а две веќе добија лиценци за управители. Фирмата-управител треба да има еден дипломиран правник, еден економист и тројца со средна стручна спрема, кои имаат регистрирано како дејност градежништво и слични дејности“, вели Душко Кадиевски, претседател на Регулаторната комисија за домување.

Љубиша Јовановски, раководител на Секторот за станбено-комунални работи во Министерството за транспорт и врски, тврди дека досега се регистрирале 20 отсто од куќните совети. Тој смета дека со откупот на земјиштето граѓаните ќе сфатат колку е важно регистрирањето на куќните совети од аспект на управување. Целата зграда ќе даде еден елаборат и граѓаните ќе ги чини многу поевтино ако заедно ја завршат постапката за откуп на земјиштето и регистрацијата на куќниот совет.

Регулаторна комисија за домување

Регулаторната комисија за домување има простории во Кисела Вода на улицата „Првомајска“ б.б. Комисијата може да посредува во спорови на граѓаните или проблеми што ги имаат, на пример, со „Топлификација“, со ЕВН... Комисијата може да посредува за граѓаните и пред редовните судови во спорови со нивните соседи што не плаќаат чистачка, лифт, заедничка струја..

Поради проблемите во заедничкото одлучување на станарите, по барање на неколку куќни совети, Комисијата писмено се обратила до ЕВН и сега чека одговор дали заедничката струја може да се плаќа по старо наместо на сметка на куќниот совет. Оваа комисија има ингеренции да презема мерки за висината на закупнината на стан и веќе решила еден случај во полза на станар што се пожалил на високата станарина на државниот стан.




#
Статијата е прочитана 868 пати.

Испрати коментар

Од: smoki
Датум: 27.01.2011 15:32:09
подобро е ако има управител, малку поскапо но се е законски; ако се сомневаме на матење веднаш ке го пријавиме.. башка со парите и сметките пак треба економиста. Сега комшија со комшија е многу незгодно, а има злоупотреби, форсирање на некој поправки а кочење на други. Ова со ЕВН беше чиста глупост што се забрани плаќање на заедничка струја, посебно таму каде пумпите од топлификација се со посебен струјомер па тие што не се поврзани со топлификација не плакаат. А како за улични светла собираат пари а што е најлошо не си обсигуваат за ЕВН, па после пак испага уличните светла не е платена струјата, општината ги апнала парите..

Најди! во Утрински
Скопје
Украинските автобуси го фатија последниот воз за Скопје
„Бетон“ ќе гради летниковец на плоштад за 350.000 евра
Се бараат улични музичари