Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

„Бетон“ ќе гради летниковец на плоштад за 350.000 евра

И летниковецот на плоштад ќе го гради „Бетон“, градежната фирма кој се јавува како изведувач на поголемиот дел градби од „Скопје 2014“. За изградба на ова здание, Општина Центар ќе плати речиси 350.000 евра. Летниковецот, чија изградба во писменото образложение на „Скопје 2014“ е оправдана како потреба од украсен елемент на плоштадот, ќе се работи по идејно решение на фирмата „Мегарон“. Кружниот објект ќе се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Офицерскиот дом и хотелот, дел од комплексот Градска куќа.

На парцелата од неодамна веќе се завршени подготвителните работи за организација на градилиштето. Од Општина Центар вчера информираа дека екипи на „Бетон“ наскоро ќе излезат на терен и ќе почнат со изградбата.

„Планирано е летниковецот комплетно да биде готов до средината на оваа година. Тој ќе биде изработен од армирано бетонска конструкција што ќе се обложи со мермер“, дополнија вчера од Центар. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1833 пат��.

Испрати коментар

Од: skopjanka
Датум: 27.01.2011 13:14:01
Pred pomalku od desetina godini se digna vreva za izgradba na eliten hotel na mestoto kade sega ke se gradi letnikovecot i javnosta bese tolku bucna sto se bese stopirano. Dali sme zakuteni, pa go dobivme frankenstajnskoto Skopje 2014 i site molcat, kade ni e entuzijazmot, revoltot, glasot zarem tolku mnogu se plasime?
Од: zoran
Датум: 27.01.2011 13:47:38
ovaa vlast prodolzuva so prenje na pari.ova e uste eden proekt od koj narodot nema nisto.
Од: normalen-makedonec
Датум: 27.01.2011 16:08:49
Sto proklet narod sme.Ako se gradi ne cini, ako ne se gradi pak ne cini.Normalni li ste, pa tie firmi ako nema sto da gradat od koi pari ke gi platat vrabotenite sto ranat familii, sram da vie.Pa toa sto se gradi nikoj ne go nosi vo grob so nego ke ostane za koristenje na mnogu generacii.Do pred edna godina mi bese sram koga ke mi dojdat gosti od stranstvo,vikaat i posle 100god. da dojdat nema sto da vidat kako go ostavile gradot pred 30g.taka go gledaai do pred edna godina.
Од: Ace
Датум: 27.01.2011 19:14:59
Do Skopjankata da i kazam deka ne e dovolno informirana. Eliten hotel ke se gradi i ne eden tuku dva. Isto ke se gradi i gradska kuka( poranesen oficirski dom) vo koja ke bide smesteno i maticno. Ovoj letnikovec najverojatno go imaat zamisleno kako mesto za fotografiranje na mladite bracni parovi koi ke izeguvaat od maticno. A za toa dali ke izgleda ubavo ili ne treba da pocekame prvo da go napravat pa posle da go ocenuvame. Pozdrav.
Од: vale
Датум: 27.01.2011 22:54:35
Se slozuvam treba da se gradi samo oti da ima eden ,,letnikovec,, neka ima 10 niz celiot grad.
Од: goko
Датум: 27.01.2011 23:09:44
A na institut za patofiziologija(na Klinicki centar) za test na tiroida zakazuvaat od sega za dekemvri, Pricina: fondot im dozvoluva pregled samo na 25 pacienti na den-(nema pari).
Од: Tрпе
Датум: 28.01.2011 05:46:28
Мореее летникоец или караула да го глеј ме левиот дел од Вардар.Само овој пат ќе го гледаме со сплавови Шо убо беше порано без кеј,па ке си прелие си ја имавме Венеција на дланка а сега види кај ја немаме тук треба и да глејме во тоа.Ах тој премиер сака да глеј ме во иднината.Ама викаат таа била на запад не исток.

Најди! во Утрински
Скопје
Нерегистрираните куќни совети ќе ги решава судот
Украинските автобуси го фатија последниот воз за Скопје
Се бараат улични музичари