Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Украинските автобуси го фатија последниот воз за Скопје

Пет од вкупно 15 автобуси вчера попладне ја минале унгарско-српската граница, денеска се очекува да стасаат во Скопје

Украинските автобуси го фатија последниот воз и се очекува денеска, конечно, да бидат во Скопје откако вчера напладне ја минале унгарско-српската граница.

Неофицијално, пет од 15 автобуси на „Лаз“ како дел од првата пратка од владината набавка на 84 обични автобуси вчера транзитирале низ Србија на пат кон Скопје. Останатите девет автобуси, веројатно, денеска ќе тргнат од Украина, додека еден автобус веќе е кај нас од пред Нова година како примерок на кој се вршеа неопходните тестирања како дел од процесот на хомологација. Така, целата пратка се очекува да се комплетира во текот на викендов. Со тоа, практично, од „Лаз“ во последен момент ќе го испочитуваат рокот за испорака, кој истекува на крајот на јануари. Веќе за дваесетина дена возилата треба да се вклучат во јавниот превоз.

Од ЈСП вчера потврдија дека автобусите се тргнати кон Скопје и оти денеска, веројатно, ќе ги чекаат на царинскиот терминал. Според процените на надлежните, во 15 нови „обични“ автобуси, граѓаните ќе можат да се возат веќе кон средината на февруари откако ќе ја добијат и конечната виза од Машинскиот факултет. Привилегија да се возат во нив ќе имаат корисниците на ЈСП на линиите „3“, „5“ и „15“, но и на другите линии, оти како што планираат од ЈСП, новите автобуси во прво време ќе ротираат на повеќе линии.

Инаку, целата владина набавка, тешка 11 милиони евра, треба да се реализира до крајот на годинава. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1348 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 27.01.2011 15:30:57
Ај сега 5 па нели еден пре тоа и знаци се 6,какви дезинформации.6 како еден ,еден како ниеден.До кога вака ке се инвестира во се и сешто.Следно што очекувам е по 6 месеци да треба да се мосат на сервис зашто бојата ке им искача.Тие природно се золти а ние бараме црвени.ЕЕЕЕ шѕо ќе биде кога ќе почнат рококо фасадите да се љупат.Колку ли сити души ќе има?Дали тоа знаќи дека премиерот конечно измислсл нов начим да го прехрани народот.Како и да го свртис тој е победник.Не иде вака.
Од: Goran
Датум: 27.01.2011 17:52:39
Trpe dali procita sto napisa? Celiot tvoj komentar nema smisla, ili pak vide pozitivna vest pa dojde da plukas.

Најди! во Утрински
Скопје
Нерегистрираните куќни совети ќе ги решава судот
„Бетон“ ќе гради летниковец на плоштад за 350.000 евра
Се бараат улични музичари