Се бараат улични музичари
И годинава во центарот на градот на повеќе фреквентни локации улични музичари ќе ги анимираат и ќе ги забавуваат минувачите. За таа цел, Градот и Универзална сала од вчера бараат заинтересирани соло-музичари и музички групи за анимација на граѓаните. На објавениот оглас можат да се пријават и свирачи на народни изворни инструменти (по можност во народни носии).
Планирано е ангажираните музичари да почнат со настапите напролет. Ќе ги забавуваат скопјани секој ден во период од 11 до 14 часот и од 17 до 20 часот. Улица „Македонија“, ГТЦ и Стара чаршија се дел од локациите каде што ќе бидат лоцирани музичарите, кои за настапите месечно ќе добиваат надомест од 10.000 денари. (Дс.Т.)
|