Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Полското срце секогаш чука за Македонија

Ѓорѓи Мисајловски

Не постои држава во Европа, како што е Полска, која со својата комплетна структура речиси еден век неизнудено и несебично искрено ја поддржува Македонија

На 15 јуни 2001 година во библиотеката на Варшавскиот универзитет присуствував на беседата на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш. Инспириран од натписот „Sursum corda“, кој стоеше под неоштетената статуета на Исус Христос, паднат со крстот, обидувајќи се да се подигне, најдена во урнатините на разорената Варшава, претседателот Буш ја изговори оваа реченица, нагласувајќи дека таа не се однесува единствено на Полска, туку и на државите од нова Европа, загрижен, меѓу другото, за ранливиот мир, притоа споменувајќи ја и Македонија („We condemn those, like the sponsors of violence in Macedonia, who seek to subvert democracy“ - Ние ги осудуваме оние, како спонзорите на насилството во Македонија, што поткопуваат демократијата).

Веројатно, оваа реченица ја шепотат сите граѓани на пријателска Полска, по трагедијата во која згасна животот и на еден од творците на нова Европа, претседателот на Полска, Лех Качињски, политички прагматичен евроскептик, реален политичар. Патувањето на Качињски една недела по средбата на премиерите на Путин и Туск во тој злокобен Катин, секако, беше мотивирано и со личната желба да даде придонес на новиот степен на помирување меѓу Полска и Русија. Таков чекор, секако, е и во контекст и на оддавање почит на екзекутираните Полјаци во Катинска шума пред 70 години. Со тоа, Качињски сакаше да ја потврди и новата ера во односите меѓу Полска и Русија, посебно и поради се' подобрите односи меѓу САД и Русија.

Верувам дека не постои држава, како што е Полска, која со својата комплетна структура речиси еден век неизнудено, нелукретивно, несебично, постојано и искрено ја подржува Македонија. Во таа прекрасна земја, зборот Македонија одекнува ангелски, јазикот македонски им ги бранува емоциите, културата македонска ги насочува кон изворите на славјанската цивилизација. Не постои држава во светот во која има повеќе катедри за славистика на кои се изучува македонскиот јазик. Познавам многу истакнати дипломати, познати комунистички дисиденти, новинари, уметници, историчари и писатели од Полска, кои ја чувствуваат нашата држава како своја втора татковина. Исто така, за дестина илјади Македонци на кои Полска пред шеесетина години им ги отвори топлите славјански пазуви, ја чувствуваат Полска како своја втора татковина. А татковината се сака и добрината не се заборава.

Се менуваа системи и влади во Полска и кај нас, но не се менуваше односот на оваа највлијателна држава во Централна Европа спрема Република Македонија. Во процесот на демократизација во регионот на Западен Балкан, во кој Република Македонија своевремено имаше водечка улога, поддршката на Полска беше не само дипломатска туку и практична, посебно во примената на превентивната дипломатија. Истакнатиот полски дипломат, мојот пријател Хенрик Сокалски, беше специјален претставник на генералниот секретар на ОН и шеф на мисијата УНПРЕДЕП (1995-1998), како нов модел на дотогаш познатите мировни операции, кој ја покажа и својата хумана димензија.

Посебна димензија во односите меѓу двете држави претставуваа двете средби меѓу тогашните претседатели на Македонија и Полска, Борис Трајковски и Александар Квашњевски, во Варшава во февруари 2000 за време на одржувањето на Форумот „Викторија“, на кој главен гостин беше нашиот претседател (таква една можност без причина деновиве ја пропушти актуелниот претседател Ѓорге Иванов на сличен настан во Париз). Не изостана и поддршката на Полска во кризната 2001 година кога беше загрозена демократијата а мирот во регионот и тогаш полскиот Сејм усвои Резолуција за поддршката на Република Македонија. Посебно беше значајна медиумската подршка, особено онаа на истакнатите интелектуалци како Адам Михник.

Овде би сакал посебно да го нагласам ставот на Полска во однос на спорот со Грција околу името. Полската дипломатија имаше целосно разбирање за нашата позиција, подобро речено, немаше разбирање за апсурдното грчко барање. Полската дипломатија беше принудена поради започнатиот преговарачки процес за прием во НАТО и во ЕУ да маневрира околу користењето на името на Македонија. Ситуацијата значително се промени кога Полска стана полноправна членка на НАТО и ЕУ и кога дојде до израз значењето на оваа најголема централноевропска држава во ЕУ и кога полските политичари зазедоа значајни функции во гремиумите на Европската комисија и Европскиот парламент( Јежи Бузек, поранешниот премиер на Полска сега е претседател на Европскиот парламент). За време на претседателот Лех Качињски, Полска започна и официјално да го користи нашето уставно име во билатерални комуникации.

Гледано од дипломатски аспект, мислам дека Македонија недоволно дипломатски ја валоризира позицијата на Полска како највлијателна централноеропска држава, членка на НАТО и на ЕУ и држава која има Суи генерис односи со САД, а на најдобар пат е да се избалансират односите со Русија, како што пред тоа го направи со Германија и со Франција (Вајмарскиот тригаолник). Полска беше централна држава и во ЦЕФТА во која Македонија влезе кога таа,практично, ја изгуби својата функција. За Полска вратата на ЦЕФТА за Македонија беше секогаш отворена.

Кога потенцирам дека не ги искористивме сите дипломатски можности, мислам, пред се', на извонредните односи и лични релации што постоеја меѓу досегашните македонски и полски претседатели на државите. Верувам дека таа традиција ќе продолжи. Не ги искористивме целосно познатите полски дипломати и дипломати пријатели на Македонија од највлијателните држави кои биле на високи дипломатски функции во Полска. Не ги искористивме можностите за поголема афирмација на вредностите посебно ценети од полскиот народ - нашата култура. Недоволно го искористивме и нашиот дипломатски потенцијал во нашето презентирање во Полска, на начин како што го прави тоа нашиот традиционален пријател - Полска.

На полската внатрешна политичка сцена, по трагедијата во Смоленск, секако, ќе има промени. Но, нема да има промени во однос на Република Македонија, со оглед на длабоките корени на нашето пријателство.

(Авторот е поранешен македонски

амбасадор во Полска)


#
Статијата е прочитана 817 пати.

Испрати коментар

Од: Виктор
Датум: 12.04.2010 02:24:33
Одличен текст на господинот амбасадор. Од Полска и од Полјаците можеме многу да научиме во секој поглед. Мала забелешка: На македонски се вели Словени и словенска, а не Славјани и славјанска.
Од: Ljubotan
Датум: 12.04.2010 06:08:49
Moj dobri prijatel; VASA EXSELENCIO! KAKO PRVO EDNO E, DA BIDES; Ambasador vo Poplska,a drugo e da rabotis so poljaci i da bides nivni -Ambasador-Sef,i toa celi 30 godini! Polskiot; kako intelektualni,politicki,prestizni i onoj na najniskata polska rabotnicka klasa GO ZNAM OD; A do Z. Polskata Anti Ruska propaganda se temelila uste od vremeto na princezata Yadviga,Anti Orthodoxsija. I den deneska Poljacite se najgolemi propovednici na Anti Othodoxsija mislejci na Rusija . Rusija i ruskiot narod nema nisto protiv Polska,ama Protokalite na Ucenite ne se Ruski,se od Sovjetski savez! A tamu od 65 clena samo se,samo tri Rusa! E sega za propagandni celi Sovjetski savez se koristi kako da bil Ruski!
Од: томо
Датум: 12.04.2010 16:21:26
Da ne go zaboravime i Luj Vojtkevich, koj vodese nasa ceta vo Kresnenskoto vostanie.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Пензионери на дното
Проблемот со името да не го помати претседавањето
Поради кризата, му ја намалиле дневницата од 23 денари на 18,5
Груевски го прифати амандманот на СДСМ
Македонија на насловната страница на „Стејт магазин“
Од лошо полошо
Денеска почнува Саемот на книгата
Банките ги пишуваат скриените трошоци со најмали букви
Пандемија што не беше пандемија