Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Груевски го прифати амандманот на СДСМ

Изненадувачки, владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека го прифаќа предлогот на СДСМ за менување на Уставот со амандман со кој нема да застарат делата за криминална приватизација. Тоа се случи во последователни прес-конференции на двете партии

Прво СДСМ вчера повторно побара од ВМРО-ДПМНЕ да го прифати нивниот амандман за дополнување на член 52 од Уставот, со што би се овозможило „да се расчистат сите обвинувања за приватизацијата и транзицијата“. Од владејачката партија, за неполн час одговорија позитивно. Тие го прифаќаат предложениот амандман од СДСМ, иако, како што велат, опозициската партија „сака оваа тема да ја користи за сопствено алиби и за сопствена амнестија“.

На прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ, повтори дека „Бранко Црвенковски предложи правно издржан и многу логичен амандман за надополнување на член 52 од Уставот со уште еден став. Овој предлог апсолутно не предвидува изменување на опис или воведување нови кривични дела, ниту, пак, изменување на висината на казните“.

Станковиќ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски не сакаат да го прифатат амандманот „поради приватизациите на ОКТА, Националната платежна картичка, „Телеком“, аферата со „Аналитико“, триесетината затворени фирми од кои без работа останале 35 илјади работници“.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш возвратија: „Никогаш не сме рекле дека не го прифаќаме предложениот уставен амандман. Второ, уште еднаш потврдуваме дека станува збор за обичен политички блеф и трик, поради тоа што, според начелото за ретроактивност, оваа идеја на СДСМ нема да важи за предметите и за приватизациите кои до овој момент се случија во Македонија. Ова го потврдија многу правни експерти со кои се консултиравме, а дел од нив и во јавност го потврдија ваквиот став. Трето, ние од ВМРО-ДПМНЕ објавуваме дека го прифаќаме предложениот уставен амандман на Социјалдемократскиот сојуз“. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 2926 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.04.2010 00:19:39
Super. Aj da vidime sega vaka so "zaednicki sili" dali ke mu se odolzat na ovoj narod, ili povtorno farsa i zabava vo traenje od dva-tri dena. Do dusa mozno e da se "otvori dosie" za nekoja privatizacija na nekoja selska zadruga, pa da imame prodolzena zabava od uste tri-cetiri dena. No bidejki sum "optimist" veruvam deka ke se otvorat privatizaciite na zvucnite iminja koj denes se "tajkuni" a do vcera bea provincijalci(i toa teski).(neka ne mi se lutat lugeto od provinciite, no taka e)
Од: Blue fighter: Skriena (ama i otkriena) matematika
Датум: 12.04.2010 00:36:59
Ako imale od sekogas konzistenten stav okolu ova prasanje,zosto DPMNE-ovcite ne napravija izmena vo zakonskata regultiva za problematikata so privatizacijata na firmite koga go zapocnaa vtoroto svoe vladeenje pred skoro 4 godini?Taka kje ja potvrdea svojata opredelba za "cesno"vladeenje i kje se opredelea da se prisposobat soglasno Zakonot koj ne bi vazel retroaktivno,tuku epten aktivno.Na kogo mu prodavaat magla vo celofan? Ne se site zaboravni ,pa da ne se sekjavaat na site nivni veseli matematiki za multipliciranje na bogatstvoto na dotogas siromasnite vmrovci i metodite so koi gi dobivaa"poplukanite" firmi ( a zadolzitelno gi ostavaa iskubani i pred stecaj po istekot na mandatot).Dovolno e samo da gi prasate kumanovci,delcevci,velesani i drugi koi pocuvstvuvale sto e vmrovska tranzicija.I sega,Branko blefiral?! Oti saka da se napravi analiza na se sto ja smenilo sopstvenickata struktura vo prethodniot period? E,pa ne mu odgovara na Grujo.Ke isplivaat 4-te stana kupeni vo 1 den.
Од: sirma vojvoda
Датум: 12.04.2010 00:43:51
mislam deka konecno pajakot(svetecot)ke se fati vo sopstvenata mreza a od druga strana ke go vidime ishodot za opozicionerot,kartite se frleni sega nieden blef nema da uspee ovaa igra e za golemi igraci...OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 12.04.2010 00:44:46
Sga g-dine Gruevski ne mozete za partiski poeni da ja upotrebuvate losata privatizacija. Na vlast ste uste vo periodot 1998 do 2002g. VMRO-DPMNE veti deka ke ja ispita privatizacijata i onie koi se ogresile i razni krminalci i profiteri vo privatizacijata ke dobijata kazna, a nisto ne napravivte od toa. Sega ste na poteg da napravite po inicijativa na SDSM, I dobro e sto go prifativte ovoj amadman za da poveke vo partiskite kampanji sobirate partiski poeni za losi krminalni privatizacii. Sekoja losa privatizacija na firma, fabrika si ima svoe ime, ima sud i sl, i treba oni da si zavrsat rabotata a ne da dobivate partiski poeni kako sto pravivte do sega g-dine Gruevski i VMRO-DPMNE. Stavete kraj na ova...i uste ednas podrska za amadmanot
Од: Ne samo formalnost no i prakticna primena
Датум: 12.04.2010 01:44:18
Toj amandman ne samo simbolicno da se prifati no i prakticno da se efektuira, bidejci navistina kaj nas imase ne privatizacija , no " ajdukluk i pljacka maskirani so nekakvi smezni zakonski propisi, koi ovozmozuvaa obst grabes i pustosenje na opstestveniot i drzavniot kapital. I seto toa voopsto ne bese slucajno , no namerno i dobro isplanirano vo doredeni politicko- tajkunsko mafijaski krugovi
Од: Kimov
Датум: 12.04.2010 04:34:40
Bravo za Branko Crvenkovski odlukata e za pozdravuvanje. Sigurno covekot e so cisti race pa zatoa se odlucil za vakvo nesto.
Од: borce
Датум: 12.04.2010 04:58:59
Ne treba da se ostavat taka lesno da pominat tie chto napravija kriminal so firmite koj se privatizirani.Site bivchi direktori na firmi i nivni podrzuvaci treba da odgovaraat krivicno.Kako moze da molcat tie chto se na vlast i tie chto bile predhodno za slucuvanata vo A.D G .Mavrovo Skopje.bivchiot direktor ima napraveno kriminal na toj nacin chto od ovaa firma koja e podigana 60 godini toj od ovaa firme se chto beche dobro prefrli se na negova privatna firma Mavrovoinginering bez ic pari.Stotici rabotnici ostavi bez rabota i plati kako i ne plateni doprinosi za penzisko.Site se raduvaat koga ce docekaat da zema t penzija a nie od mavrovo taguvame zato chto za po tri i povece godini ne e platen stazot i aku imame po 40 godini staz. Dali e mozno vlasta i finansiskata policija da ne znaat za ovaj slucak i dali e mozno ovaj covek da ne odgovara krivicno sigurno ne.
Од: Stojance
Датум: 12.04.2010 07:07:28
Se kradelo,se krade i ke se krade.Toa e smislata i celta na pretstavnicite na politickite partii da se docepaat do vlasta.Site drugi egzibicci sto se pravat izmegu e da se postigne celta.Poznato im e deka nasiot narod nema da se ,,razbudi,, uste dolgo vreme i tie spokojno ke se menuvaat od izbori na izbori.,,Nek sme zivi nek ne e...!!!
Од: Трпе
Датум: 12.04.2010 07:26:26
Инает ли е ова или панаѓур.Сигурно ова блада од овој амадман се плаши.Па затоа се затрча па да изјават дека е блеф,Но кога се собра дечките,без многу размислување,решија да го прифатат ,гледајки од друг агол и тоа во принципите на нивната работа,дека законот ќе може да се применува селективно (осветнички),само за овие кои не размислуват исто како нив.Но заборават,дека рокот на траење им истекува.
Од: Крт
Датум: 12.04.2010 07:54:40
Редно беше,да видиме веќе еднаш што се случи со ОКТА и како тоа некои луѓе на сегашната гарнитура на власт до ден-денешен примаат камата на парите заработени од страмната продажба на ОКТА,Телекомот...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.04.2010 08:12:59
Како да виножитните го употребија шарениот охридски бумеранг,незнаејќи да бумерангот секогаш му се враќа на фрлачот.И сега имаме едноставна ситуација,барателот на уставните измени визави криминалната приватизација да седне со своите ,,експерти,, и да го концептира предлогот.Се надеваме дека ќе го формулираат предлогот само едно не плаши да не помине како владата во сенка,кошмар ветен а не остварен.Ајде виножитни коментатори охрабрете ги овие од Бихаќка или имате резервно алиби.
Од: Mite
Датум: 12.04.2010 08:20:11
da, vo Hrvatska proglasija Retroaktivno Nezastaruvanje na tranziciski kriminal, pa ako e od sega ne e ni potrebno, sega barem po EU normativi ne bi trebalo da se dozvoli zastaruvanje.. no ne se samo OKTA i Telekom somitelni stranski privatizacii, tuka e i EVN so tajniot kupoprodazen dogovor... no ako klekneme pred EU rabotata ke bide ista, kako sto plakavme penali na Helenis i Mamidakis, taka ke plakame i na avstrijancite..pa i Magar Telekom ne go raskrinkavme nie sitnata boranija vo EU cekalnata tuku Germanija...znaci treba da se postavi nacelo NE na EU po sekoja cena i da se razotkrije se, ama treba da padnat i zrtvi vo site politicki partii... no mislam deka ke ima EU-zatashkuvanje... Pa Avstrijancite koj imaat matni zdelki so Hypo banka i sega vo Hrvatska se istrazuva, se najdoa Pametni da ja proglasat Makedonija kako nepovolna za stranski investicii ne samo poradi sposrot Elem - EVN, tuku ja vbrojia i Hypo Banka !? a sto ne placat za Hrvatska koja pokrenuva istraga za Hypo??
Од: zdravko
Датум: 12.04.2010 08:40:48
Sekoe cudo za tri dena ke se dondese vakov zakon i nikoj za nistio nema da odgovara,zosto treba da zavrsat vo zator i Branko i Grujo.Samo ja manipuliraat javnosta so dimni bombi,treba da ni ponudat podobar zivot a ne lagi.DOSTA E od DPMNE i SDSM
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 12.04.2010 08:44:48
Ako se pravnite eksperti na VMRO od kalibarot na Vlatko Gjorcev i Ilija Dimovski (btw, kade e Ilcho, go nema nesto poslednive dve nedeli), ja resija rabotava....
Од: забеган
Датум: 12.04.2010 09:57:10
Ајде АИРЛИЈА ,,,,,,,,,,,.Но дали ќе се одземе украденото (приватизираното) да имат ќар и тие со години што го стварале????.Барем по едно собче ако не станче.
Од: b
Датум: 12.04.2010 10:31:49
Пак Пишман-Аџија!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 12.04.2010 11:48:45
Она што ме плаши е сличноста со приказната за Законот за Лустрација - Кревање на Голема прашина,од која нема да се види Суштината! Говориме за амандман,за кој е укажано дека се однесува на една цел: Дека Евидентниот Криминал со Приватизацијата, (не)делото со кое е извршено Претопување на Општествениот Капитал во Приватните Хохштаплерски Џебови не застарува!Но никаква информација нема за тоа како гласи Самиот Амандман! За него е наведено само дека го оневозможува Застарувањето на овој Криминал,што можеби е и добра појдовна точка,но имајќи ја в предвид Двосмисленоста на досегашните законски решенија, можни се Огромни Манипулации,или негова pro forma примена! Ништо нема да се постигне,ако Бесправно стекнатиот имот не се Конфискув�� во корист на државата!Повторно ќе имаме Огромни Трошоци,а Килави Резултати! Тоа треба да важи дури и за оној Имот, кој е создаден врз Темелите на Ваквиот Криминал во подоцнежните години, со што се овозможи довчерашните Лумпенпролетери да се преобразат во Газди!
Од: krstevski
Датум: 12.04.2010 17:02:28
Браво за премиерот сега ке се видиме кои сме какви сме и што се направиле овие кои очајно сакаат да го повратат тоа кое на овој начин го изгубија.Браво

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Пензионери на дното
Проблемот со името да не го помати претседавањето
Поради кризата, му ја намалиле дневницата од 23 денари на 18,5
Македонија на насловната страница на „Стејт магазин“
Од лошо полошо
Денеска почнува Саемот на книгата
Полското срце секогаш чука за Македонија
Банките ги пишуваат скриените трошоци со најмали букви
Пандемија што не беше пандемија