Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Пензионери на дното

Снежана Калабакова

Владината одлука пензионерите секој петок да имаат бесплатен превоз во автобусите на ЈСП „Скопје“, извлече од дома огромна група граѓани. Но, одлуката истовремено ја извади на површина и реалната слика за тоа колку оваа категорија луѓе има низок стандард и тешка живејачка, како, впрочем, и поголемиот број граѓани во земјава.

За најголем дел од вработените во Македонија просечната плата од над 20 илјади денари е само мислена именка. Сликата со пензионерите е само една коцка од мозаикот на сиромаштијата, а стандардот на Македонецот одамна е под секое човечко достоинство.

Ако пензионерите секој петок се туркаат во автобусите само за да заштедат 50 до 100 денари или 400 до 500 денари во месецот, тогаш совршено е јасно на кое дереџе се и дека веќе го допираат дното. Мака мачат да се прехранат и да си ги платат сметките. Но, како да се плати се' и да се врзе крај со крај од месец до месец, ако нивните пензии се минимални и изнесуваат пет до шест илјади денари.

Токму и затоа пензионерите се најраздвижени и најприсутни во автобусите секој петок. За нив тоа е најпогодниот ден во неделата да ги обиколат и пазарите и да најдат нешто поевтино, повторно ако може да заштедат и да им остане да платат сметки или да им дадат по некој денар на внучињата.

Оваа категорија луѓе, како и многу други, во долгите години на транзиција не може да излезе од животниот вител на сиромаштијата. Ним не им се потребни популистички мерки што го допираат нивниот економски интерес. Тие сигурно би биле многу посреќни ако економски се помоќни и сами можат да си платат пет автобуси во денот и бања еднаш годишно. Полниот џеб ќе им овозможи и подобро лекување и подолг живот. Па, тие работеле за тоа.


#
Статијата е прочитана 1898 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 12.04.2010 00:58:10
glasaa za ovaa opcija sega neka srkaat neka se vozat za bezpari koga odruga strana im zgolemi sve ima uste sto veruvaat vo ovaa postena blada kako penzionerkata ostetena od tranzicijata no taa ne se vozi so avtobus taa nosi sarpi od 50 evra taa nesto posebno zatoa makedonce da se stavi kraj na ovaa diktatura zaedno so nas studentite vreme e.........................................................OTPOR!!!!!!!!!!!!!
Од: Blue fighter: Dilema
Датум: 12.04.2010 00:59:42
Koga si na dnoto dali e podobro da bides tamu banjat ili nebanjat?
Од: Veciti Dule
Датум: 12.04.2010 01:47:55
Ne znam do koga ce bide na celo na Sojuzot na penzionerite onaj veciti pretsedatel so bela glava m, Dusko Surbanoski. Mnogu me potseca na onie vecni sindiklni vodaci: Zivko Tolevski i sega Muratovski. Nikoj ne moze da gi pomrdne od foteljata
Од: Kimov
Датум: 12.04.2010 03:35:36
Tuf Tuf uste dae taka lagi so opaski. Penzionerite i te kako dobro znaat za kogo glasaat, zosto dokolku dojde SDSM na vlast ke im ja skrati i penzijata a kamoli da imaat benificii free .
Од: Дали врне или некој пак плука?
Датум: 12.04.2010 07:19:47
Ќе смогнете ли сила да признаете барем еден позитивен потег од оваа влада?!
Од: Крт
Датум: 12.04.2010 08:00:21
Нема што,махери се за воведување на автобуси и други ,,превозни,, средства со кои пензионерите ги возат жедни преку вода.Предлагам уште и на крајните автобуски станици да воведат народни кујни ,за сликата на мизеријата да биде потполна.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.04.2010 08:03:25
Во насловот фали само едно и тоа зборот ,,беа,,Имено пензионерите беа веќе еднаш на најдолното можно дно кога им се скратија 4( со букви четири) пензии од оние кој сега им го берат гајлето и им плачат над судбината.Сегашните виножитни а тогашни властодршци многу им помогнаа со одземањето 4 пензии,помалку пари,помалку јадење,помалку маснотии во организмот, испоснувањето е сосема здраво.А некако овие што барем еднаш ги праќаат на бања и плус секој петок ги гужваат по автобусите.Само постот му е мајката.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 12.04.2010 08:35:19
Сепак идејата е нераздвојна со двоспратните Ретро Барокни автобуси на опинчарскиот проект„Скопје 2014Δ.п.н.е.“!Ајде да говориме за Армијата Млади Невработени луѓе,кои чекајќи да станат пензионери Остареа,а не можат да си го пружат задоволството на пензионерите,кои не се ограничени со Висината на Пензијата,која кај некои,испливува далеку над македонскиот просек!Во групата „натпросечни“влегува и „нашиот“млад Почесен „црвен“пензионер,кој од претседател на држава спадна на функцијата претседател на Партија!Но тој сепак не се вози со ЈСП автобусите!Гордо го одбива тоа,гледајќи ги пензионерите од својот „скромен“автомобил!Гледате дека Шерифот McLaboud сепак Овозможува и остварува!Младите кои одбија припадност на било која од Партиите и кои се надеваа дека нивниот Квалитет е единствениот одлучувачки критериум за вработување,остареа без работа,но и без можност за било какви Бесплатни Привилегии!За жал,огромен е и бројот на Вработени,кои се на Работ на Егзистенција!МК е сепак Земја на чудата!
Од: ivona
Датум: 12.04.2010 08:45:23
Pa dobro e sto grujo im naredi da se vozat besplatno sekoj petok,a zamislete da sakaze da se vozat samo poslepolnok do sabajle dali togas ke islezat site penzioneri solo ili vo dvojki pa taka se blokira gradskiot soobrakaj ,namesto da se vozat sekoj den pa koj koga ima potreba da si gi vrsi rabotite i polesno i pokulturno da sevozi AMA grujo ne saka taka toj saka samo vo petok da se vozat penzionerite .kakva tragedija za demokratijata vo makedonija ,tiranijata na grujo na delo se gleda i se oseka.
Од: jovanj
Датум: 12.04.2010 08:58:00
Jas sum penzioner so40 god.raboten staz,no nemozam da gi koristam petocnite besplani vozenja so avtobusite na JSP bidejki nemam 64 god. starost.
Од: Riste
Датум: 12.04.2010 09:45:43
Абе ајде тоа за автобусите е ОК, не треба од позитивна работа да праиме негативна, но се служувам со останатото. Баба ми и дедо ми земаат вкупно околу 7,000 пензија, баба ми 0 ден. Ги трошат за сол, шеќер, брашно, зејтин, и леб и лекови, за друго абсолутно немаат, треба децата и внуците да ги ранат, а претходно гордо работеле по фабрики и биле угледни граѓани. А тоа за бањите - нема да одат сигурно, оваа влада само лаже - популизам невиден. Доста е пензиите на време да им доаѓаат оти цели фамилии зависат од нив во поголем дел на случаите.
Од: lo - go
Датум: 12.04.2010 10:22:06
Podobro bi bilo avtorot kriticki da komentira zosto PIOM molci i nisto ne objavuva vo vrska so zakonskoto usoglasuvanje na penziite.Imeno penziite treba dva pati godisno / na 01 januar i na 01 juli vo tekovnata godina / da se usoglasat so porastot na trosocite na zivot i pokacuvanje na platite.Eve skoro pomoina i april a nikoj ne se oglasuva,site se pravat na udreni.A koga ke gi pokacat / se razbira zakonski / se javuvaat site od vladata do PIOM eve samo nie gi kacuvame penziite.Nebare nivni pari davaat,nikoj ne saka da svati deka toa se fakticki pari na penzionerite koi celiot raboten vek go plakale pridonesot za penzisko osiguruvanje,za da kraj bidat tretirani kako otpadok i tovar na drzavata i opstestvoto.
Од: marko
Датум: 12.04.2010 10:37:24
Во Романија на сите пензионери кои земаат пензија пониска од 200 евра и на сите постари од 65 години им се дава бесплатна месечна карта, а не само за еден ден во неделата.
Од: м-р Баба Ката од Секулицу
Датум: 12.04.2010 10:52:05
Извини СНЕЖЕ,ама да не си нешто грашка? Пензионерите не се на ДНОТО туку тие и уште 60 насто од нашата популацја се далеку ПОД ДНОТО! Арно ама за наша среќа си го имаме колегата м-р Грујо и неговата сложна братија кои не не ЗАБОРАВИЈА. од МАРТ ог. ни ги ПОКАЧИЈА ПЕНЗИИТЕ за цели 0,30 насто.И тоа ретроактивно од ЈАНУАРИ ог. Така јас добив ЦЕЛИ 37 денри ПОВИСОКА ПЕНЗИЈА! Многу им благодарам и на овој и на оној свет. Само има ли некој да ми позајми ЈАЖЕ ДА СЕ ОБЕСАМ за да не го дочекам следното покашување на пензиите од 0.10 нсто во август годинава.Многу поздрав до Феликс, кимов и останатата буба МАРА интелегенција...
Од: cile
Датум: 12.04.2010 11:05:09
neli vmro gi zgolemi penziite i igravte od radost ama vmro e noz so dve ostrici od edna dava od dr zima gi napumpa cenite ,za vr sds mali panzii ama bese eftinija i najsirovam ziveese a particioacija bese 20den.
Од: nekoj
Датум: 12.04.2010 11:20:22
Hmmm Vo zapadna Evropa penzionerite se prilicno bogati da kazam. Cel zivot rabotele, steknale i koga imaat vreme, trosat od zastedite, penzijata..uzivaat super zdravstevn sistem... A mesto po avtobusi se vozat so avioni do razno razni destinacii .. Onie sto ne patuvaat daleku se vozat so sopstveni avtomobili ili pak ziveat vo odlicni domovi kade mozat da si najdat drustvo, zabava itn. Gi ima i po avtobusi, i se razbira plakaat poniska cena za cel mesec... Onie so poniski primanja, sepak imaat dosta privilegii. Suma sumarum ziveat dobro. Ova sto go pravi Gruevski e smesno. Sto napravi vprocem toj poslednive 4 godini? nesto korisno za vas graganite? (za nego znam ..pere pari, kako i tie pred nego)
Од: jasna
Датум: 12.04.2010 14:44:22
Vladata penziite gi zgolemi na 3pati po 20%. Ne velam deka e sjajna sumava sto ja zemaat, verojatno ne im e i ni dovolna na penzionerite, ama e na 3pati po 20% podobra od sto im bese so prethodnata vlada.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Проблемот со името да не го помати претседавањето
Поради кризата, му ја намалиле дневницата од 23 денари на 18,5
Груевски го прифати амандманот на СДСМ
Македонија на насловната страница на „Стејт магазин“
Од лошо полошо
Денеска почнува Саемот на книгата
Полското срце секогаш чука за Македонија
Банките ги пишуваат скриените трошоци со најмали букви
Пандемија што не беше пандемија