Брoj 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Брисел не сака да слави два Велигдена

БРИСЕЛ - Европската комисија и НАТО одложија неколку состаноци в понеделник за да им овозможат на претставниците на православната религија да го прослават Велигден, но и двете институции не сакаат да го промовираат овој празник во формален, иако четири земји во ЕУ и три во НАТО го одбележуваат овој празник по друг календар. По службеното промовирање на кирилицата во Унијата и спорот околу пишувањето на еврото, ова е трето прашање кое полека се наметнува на агендата на Брисел, а кое е поврзано со зголемувањето на влијанието на православните земји, откако по Грција и Кипар, во ЕУ влегоа Бугарија и Романија, со перспектива тој број да биде двојно поголем, по интегрирањето на Балканот идната деценија.

НАТО в понеделник ќе го помести одржувањето на состанокот на Политичкиот комитет, а ЕУ ќе го измести главниот дневен ред на министерскиот состанок од понеделник во вторник, давајќи им отворена можност на тие што сакаат да го одбележат овој Велигден. Во Комисијата деновиве објаснија дека идниот понеделник останува работен ден за Брисел, но тие што припаѓаат на православието можат да си земат слободен ден, што романскиот еврокомесар и сите претставници од таа земја веќе го направија пред да ја почекаат сугестијата од ЕК.

Како коинциденција, неделава во Европската комисија е претставена изложба на фотографии од Македонија со религиозна содржина, направени од Роберт Јанкуловски во неколку манастири и цркви низ нашата држава. Изложбата е претставена во главниот хол на Европската комисија, заедно со фотографии од Хрватска и од Турција, како земји-кандидати за влез во Унијата. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1428 пати.

Испрати коментар

Од: OD VE
Датум: 26.04.2008 16:25:47
Evropo nekes dva Veligdena,ama nie sme pravoslavni,Evropo ni go zede Vojvodata,kako sto ni gi zede i drugite vojvodi slavni sto umrea za Makedonija.Evropa pravdi ne deli narodot slusni sto veli ni peda ne ti davame naseto si go barame.Evropo ni ostavi predavnici,ni go zede i toa sto najpoveke go sakavme nie vistinskite VMRO,Evropo dosta tie ,ni velis ke vlezeme vo EU, posle miniranata Albanija od loparot Enver,ej Evropo znaes deka makedoncite se gord narod.Toj sto vo stomak ne e custvuva i solzi sto ne mu idat koga se spomene Makedonija ne e makedonec,mars od Makedonija ti i tvoite emisari.Kurvo Evropo,da gi primese ne za mene,da gi primese za tie sto sakaat da ziveat poubavo,evropo nikogas ne si e sakala Makedonija neka ne lazat laznive Vmro.Vojvodo jas te sakam oti sum prava makedonka,i ako ne ti uspeat i ovie izbori znaj ne te glasale predavnici glasale za dpmne,ama tamu ne e VOJVODATA.Smrt ili sloboda za Makedonija.Mladi neka ne ve lazat evropa nikogas ne e sakala Makedonija.Make

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
За стручњаците датумот за ЕУ преамбициозен
САД бараат Македонија да влезе во НАТО колку што може поскоро
Владиката Петар обвини дека малцинствата во Грција се под тортура