Брoj 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Владиката Петар обвини дека малцинствата во Грција се под тортура

Властите ги преземаат сите мерки да го спречат слободното дејствување на луѓето

Битола - „Малцинствата во Грција се најзагрозени од сите други на балканските и европските простори. Грчките власти со тортура ги спречуваат Македонците, Власите, Ромите, Турците, Албанците да имаат слобода на изразување на јазикот, на верата и особено на националната припадност“, предупреди митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар. Според него, Самитот во Букурешт докажал дека Грција, која себеси се нарекува колепка на демократијата, е најнедемократската држава во Европа. „Дури се оди дотаму луѓето да се плашат меѓусебно да зборуваат македонски и кога нема Грк покрај нив, плашејќи се дека некој ќе ги предаде дека зборувале македонски“, рече владиката Петар.

Преспанско-пелагониската епархија жестоко го осуди нападот врз отец Никодин Царкњас, кога грчки ученици ја каменуваа неговата куќа во С’ботско, како и обидот на црквата „Св. Злата Мегленска“, каде што богослужи архимандритот, да постават грчко знаме. „Нападот врз отец Царкњас го квалификуваме како најбрутален однос не толку спрема него како човек и свештеник, туку спрема неговата припадност како Македонец и како човек кој, всушност, се залага македонско малцинство во Егејскиот дел на Македонија да може да ги изразува своите верски чувства на мајчин македонски јазик“, истакна митрополитот Петар на завчерашниот прес во битолската митрополија, од каде што го упати Велигденското послание.

Коментирајќи го новиот Закон за верски заедници, тој рече дека оној што сака да регистрира своја црква во Македонија, ќе мора да дозволи и МПЦ да има легална црква во таа држава. „Ако некој сака друга црква да регистрира тука, било да е бугарска, грчка, албанска, тоа може да се уреди само со начин на реципроцитет, и ние да можеме да регистрираме наша црква во нивната земја“, предочи тој. (Б.А.)


Статијата е прочитана 603 пати.

Испрати коментар

Од: VERA
Датум: 26.04.2008 15:54:47
Vladiko ako siiskren dobro e,ako ne surgun,a go povikuvam VOJVODATA spasie Makedonija od predavnicite,i prostimi sto te izneverivminatiot pat,ne glasav za tebe,ej moj vojvodo jas treba da se ubijam takva e zakletvata od VMRO,ama nikoj ne e pocituvame,jas se kaam i molam da mi prostis i Ti i Gospod.Se znae koj e Vojvodata na VMRO.Spasi ni e Makedonija.
Од: Paraskeva
Датум: 26.04.2008 16:43:30
Znaete deka postojat i Grkofili koi ja podrzuvaat grcka apolitika?
Од: Goce Viena
Датум: 27.04.2008 23:39:46
ne mozis da gi stavis na vaga Makedonskiot Petar i Grckiot vladika od Solun,nasiov bara reciprocitet pocituvanje a grckiot bara vojna prema nas i zavzemanje teritorii,navistina se gleda deka od Grckata crkva proizleguva celiot grcki naci fasizam
Од: manta
Датум: 28.04.2008 09:07:27
Koj е бе Веро тој војводата? И една друга госпоѓа зборуваше за тој војводата. Не велам дека си ти.Ама стварно не знам кој е тој војводата.Да не треба да го увезваме од Благоевград?Оти еден имаме таму шо се нареку ваше војвода,го пуштивме на специјализација на државна сметка

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
За стручњаците датумот за ЕУ преамбициозен
САД бараат Македонија да влезе во НАТО колку што може поскоро
Брисел не сака да слави два Велигдена