Брoj 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

За стручњаците датумот за ЕУ преамбициозен

Експертите сметаат дека власта не сака да ги забрза евроинтеграциските процеси

Жаклина Хаџи-Зафирова

Датумот за влез на Македонија во ЕУ во 2012 година, кој го предложи Европскиот совет за меѓународни односи, е преамбициозен и нереален, оценуваат македонски експерти кои се занимаваат со политичките процеси во земјава и релациите со ЕУ. Ваквите забелешки конкретно за земјава ги темелат на впечатокот дека не постои расположение кај актуелната владејачка гарнитура да ги забрза евроинтеграциските процеси кои, според прогнозите на експертите, ќе бидат забавени и поради изборите. Експертите го поздравуваат залагањето на тимот странски дипломати кои и' препорачуваат на Унијата да ни подаде рака во процесот на пристапување со тоа што ќе не' издвои од другите земји на Балканот, но коментираат дека нашето зачленување, сепак, во голема мера ќе зависи од актуелната политичка констелација што ќе дојде на власт. Но, од друга страна, не се рамнодушни во однос на поставувањето покуси рокови за Албанија поради досегашните постигнувања во однос на реформите, според кои Македонија досега се издвојуваше од својот западен сосед.

Групата европски експерти и поранешни државници побараа ЕУ да ја дефинира 2012 како година за прием на Македонија, за Албанија побараа тоа да биде 2011, а за Хрватска 2010 година. Тие сметаат дека ЕУ треба да ги редефинира позициите на Балканот и да ги подели државите во две групи -Јадрански Полуостров, во која би биле сместени Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора како држави во кои ЕУ постигнува успех, додека во втората, која би се нарекувала Централен Балкан, би влегле Србија, БиХ и Косово. Ова се наведува во авторскиот текст на Даниел Корски, специјален советник на Проектот за реформи на националната безбедност на САД, кој е насловен „Збогум на Балканот, добредојде за Јадранскиот Полуостров“. Во Европскиот совет членуваат поранешниот италијански премиер Џулијано Амато, ексминистерот за надворешни работи на Германија Јошка Фишер, поранешниот фински претседател и посредник за Косово Марти Ахтисари, како и поранешниот еврокомесар за надворешна политика Крис Патен.

„Датумот е преценет. Преоптимистички е даден од едноставна причина што Владата нема намера да го заврши изборниот процес до 9 јули. Тоа досега го покажа со неколку свои позиции. Прво, многу е проблематична позицијата на Д��К. Потоа, контроверзиите околу надлежностите на Управниот и Врховниот суд и, најважното, на теренот со ниеден потег не покажаа дека се со намера да го зачуваат редот, туку токму спротивното. Сите индиции говорат дека делови од Владата сосема јасно, па дури и јавно ги поддржуваат предизвикувачите на нереди“, вели аналитичарот Ѓунер Исмаил. Тој прогнозира дека ќе има „разни замешателства“ кои ќе го одолжат објавувањето на изборните резултати. „На нашите локални мангупи ништо не им значат јасните изјави на Даниел Фрид, бидејќи знаат дека во Вашингтон постои некој што дава изјави“, појаснува Исмаил.

Во врска со препораките на Советот, тој смета дека сме издвоени од другите, бидејќи пристапот за членство во ЕУ со секого е индивидуален. „Се' уште технолошки припаѓаме на т.н. источни стандарди, што се должи на се' уште јаките притисоци на лиферантските лоби-групи кои, се разбира, во трката за провизии го кочат ова технолошко пресвртување на армијата во т.н. свет на западни стандарди“, додава тој.

„Наместо моментно да сме во Франција и да ја работиме агендата за што побрз прием во НАТО и во ЕУ, ние се занимаваме со избори“, потенцира Лидија Димова од невладиниот Македонски центар за европско образование. Димова лично смета дека претходните две години Владата ги уназадила постигнувањата содржани во претходните извештаи на Европската комисија. Затоа таа е убедена дека актуелната гарнитура погрешно ја води политиката, која не е насочена кон приближување, туку кон оддалечување од ЕУ. „Конечно, некој треба да преземе одговорност, бидејќи не можеме вечно да тапкаме во место, туку треба да го исчистиме сопствениот двор“, ни изјави Димова.

И таа се согласува со претходните експерти дека датумот за прием на Македонија во ЕУ е преамбициозен, бидејќи целиот процес за прием во ЕУ трае во просек пет години и е прилично обемен поради обемното законодавство што треба да се имплементира. „Интересно во извештајот на Европскиот совет е што тој заговара вонинституционално зачленување за да ни се помогне побрзо по примерот на Источна и Западна Германија. Односно, да станеме членка, а да ни се остави простор да ги градиме институциите. Иако, сметам дека ќе биде тешко прифатливо“, коментира таа.

Политикологот Иван Дамјановски од Институтот за демократија смета дека 2010 година е реален датум за Хрватска, бидејќи е многу напредната во процесот на преговори, а, од друга страна, таа ужива јака политичка поддршка. Што се однесува за Македонија и за Албанија, нивниот влез во ЕУ ќе зависи од тоа колку нивните администрации се подготвени да го издржат товарот на преговори. „Круцијално е годинава да добиеме датум за преговори за да ја стигнеме Албанија. Тоа би значело дека би следувала една година на скрининг-фаза, каде што се поминува целокупното законодавство и се прави евалуација на она што треба да се направи и како ќе се одвиваат преговорите. Потоа се' зависи од капацитетите на самата држава и политичкото водство“, смета тој. Дамјановски не се согласува со предвидениот датум за Албанија, за која смета дека е далеку поназад од реформски аспект, додека Македонија е во понапредна фаза на спроведување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. „Македонија е земја-кандидат за ЕУ три години, а Албанија допрва треба да го почне процесот на аплицирање за добивање кандидатски статус за ЕУ, што трае најмалку половина година“, појаснува Дамјановски. Но, додава дека се' ќе зависи од политичката констелација што ќе дојде на власт.

Сепак, кај експертите е единствена оцената дека Македонија се разликува од другите аспиранти за ЕУ поради дополнителниот политички критериум - проблемот со името, од што ќе зависи како таа ќе напредува на патот кон ЕУ. Премиерот Никола Груевски пред два дена најави дека Владата и понатаму ќе се обидува да најде некакво решение за спорот, но нагласи дека тоа ќе се бара до она што претставува црвена линија за Македонија преку која не може да се оди. Груевски изјави дека спорот со името, кој е наведен во извештајот на Европскиот парламент, е очекувана работа, со оглед на тоа што спорот беше пречка за приемот во НАТО. „Очигледно е дека тоа ќе се провлекува и кога станува збор за Европската унија“, смета Груевски.


Статијата е прочитана 2342 пати.

Испрати коментар

Од: Vasco Beleski
Датум: 26.04.2008 00:41:35
Kakvi Experti se ovie gore navedini, stvarno neznam? Pa zarem moze nesto sto se narekuva proces i sto traee so godini da se narece zabavuvanje poradi izbori od eden mesec? Navistina neznam sto ekxperti ste vie, Reformite traat so godini i se decidni nevrzano so politikata. Makedonija ke se najde vo Evropskoto semejstvo od drugi pricini ,Evropa ke mora da ja prisvoi Makedonija bijdeki ima mnogu prirodni resursi, a ne zatoa sto ne zalat nas, znaci nie ke im trebame na evropjanite i sakale nejkele ke mora prvo da ni gi izvadat sindzirive za da moze polesno da se dvizime. Evropa e edna stara Kurva koja nisto ne pravi za dzabe..mislam sto da vi kazuvam koga go znaete toa, pozdrav do sledniot pat
Од: aco avtokomanda
Датум: 26.04.2008 00:43:55
ma sto ke ni e evropa, nie sme centar na svetot, nie sme potomci na slavnite, jas ne razbiram zasto sme zapnale za evropa, vladava ni e super,platite ni gi kaci, cenite otidoa gore ama toa e taka niz cel svet, da bideme realni vladava misli na nas , eve site sme srecni, grujo e srecen a i nie so nego sme srecni, on vika deka ni e super i nie mislime deka ni e super, neznam sto e loso, zimam plata od 400evr ne e golema ama uspevam da stedam , e sega selacite sto ne rabotat koj im e kriv, neka dojdat vo sk. tuka ima rabota za site, vladava ima pari za site, grujo nas misli za nas i nie nema sto da se sekirame, ke glasam za vmro a evropa koj ja e.... , komujarive sakaat da ne odnesat vo evropa ama nema da im dozvolime. glasjte za VMRO
Од: Trajko od Stuka
Датум: 26.04.2008 00:45:40
Kakva crna cuma ne napadna so vladata na Carli Caplin..Alooo,takanareceni patrioti od dpmne,imate rejting a nemate znaenje i sposobnost ili podopbro kazano celta vi e unistuvanje na zemjata a dotokaz da se iznabalirate za da se obezbedite za begstvo.Ne saskate vo nato i evropa a sakate na drugo mesto,no ke go dobiete po 1 juni.Porano govorevme deka bugarija ne treba da ne mine a sega slusame i albanija dava zmigavec(trepkac) za prestignuvanje.Abre makedonce,za kade se spremas,2006 crna te cuma napadna nedaj boze i ke te unisti.
Од: mitko i solzite sami tecat
Датум: 26.04.2008 01:30:43
E i Albanija ne pretrka, uste toa da go napravat Kosovo i BiH i gotova e rabotata. Ovaa drzava ne se razviva kako sto treba i uporno zaostanuva zad site. Dosta so falbi za Vladata, dosta falsifikuvani istorii i lagi za Antickite Makedonci, treba da se bide hrabar i resitelen i da se donesat bolnite odluki ama za toa nema koj.
Од: ВЕ
Датум: 26.04.2008 04:00:10
Аце од Автокоманда вистина велиш да си дојдеме сите СК,како гледам на западов све шиптарана,нагло куки прават,кои им дава оклку пари,никаде не работат,па ни странство,лазат Европа стара курва,таа им дава.Навистина овие не мислат за Македонија,усте кога допустија п.... од сдс и вмро све да се албанизира,ова е некоја политика е унистуваат Македонија.Ти па Митко иц не си патриота,или си некој мето сиптар,па се прајс митко за да сирис омраза,односно да понизаваш македонци,гнасо една,да те убие некој македонец,кога ке се поулајме ние тогаш да си видиш.Срамота.Вие господа сто сакате гласанје и едни и други-прво да потписете на нотар изјава дека не е продавате Македонија,ни на шиптари,ни името го менувате,инаку гласанје ке почекате,се премислив и ја,а мислев да ве гласам.Не се живи појке на западов идеме Скопје,думајте се.
Од: logika
Датум: 26.04.2008 04:29:47
Ne sakam da se povtoruvam-no pak ke vi kazam fakti a ne Bla Bla raboti kako nekoi SDSM ovcinja sto pustaat krokodilski solzi.Zdravstvoto bese 32 milioni evra vo zaguba-sega veke ne e.I pokraj pokacenite ceni-poevtinija lekovite,zemjodelcite dobija dobra cena za jabolkata,ranogradinarskite proizvodi,ovostija i tn,zatoa sto imame LIBERALIZACIJA na pazarot a pred toa otkupot go vrsea Sherifi na SDSM-lopovi-zboruvam za jabolkoto vo Prespa-cenata bese 10-12 den,a godinava stigna do 28 denari kg. Da ne zboruvam za TAT,Promasenata Privatizacija,Oktopodot,Bachilo,Ohis,Korupcijata za vreme koga SDSM bese na vlast-OVA SE FAKTI.Najmnogu mafijasi se pritvorija bas za vreme na vladeenje na Gruevski.Samo napred
Од: Mihajlov
Датум: 26.04.2008 04:52:17
Dodeka nie vlezeme vo EU albancite kje bidat vekjinski narod vo Makedonija, ako se brojata samo decata tie se vekje 40 procenti. Egejska Makedonija e vekje grchka, a Vardarska kje bide albanska.
Од: Gospod
Датум: 26.04.2008 07:29:41
Evropskata Zaednica te EU ce iznaodja izgovori uste mnogu godini. Ne im e do sorabotka ili da pomagaat. Sledniot izgovor ce bide deka jajcata sto ce se izvezuvaat od Makedonija mora da bidat kockasti. Seto toa e za da se pokrie vistinata so rasparcuvanjeto na Makedonija. Evropo - vo 21-vi vek ponizuvate Narod - Makedonski.
Од: slavjan
Датум: 26.04.2008 07:39:19
George Melbourne za Makedonija ne postoi opasnost od Bugarija, (100 godishnata antibugarska propaganda si ja zavrshi rabotata), tuku od albanskiot natalitet.
Од: spase - australia
Датум: 26.04.2008 09:11:05
ako i ovoj pat ne izleze mojot prilog(komentar) nesto ima so ovaj vesnik, moje mislenje e deka nas treba jasno da ni bide kako da dojdeme dostointsveno do evropa izborite ne treba ama bas solza cisto demokratski da se odvivaat ako vmro ne e sposobna neka si odat podobro jas samiot sum vmro partiec od formiranjeto do sega gruevski sega vo momentot ne mi e jasen sto saka toj covek i kako misli seto toa da go napravi so kocenje na procesite li togas neka si odi otvoreno i cesno so narodot treba da te saka zatoa sto se vide so ljupco-glupco sto se sluci bugarski pasos zede ne mu e stram da se zasrami neka ne izleguva od kuka jas bi mu preporacal , ovie gore eksperti se pesimisti prvo 2.sirat glasini bez osnova temelna za nekoji svoji ime brand pravat. posledno nie treba da sme glasni i koga sme vo makedonija niz mediumite i koga sme na samiti deka napravivme najdemokratska drzava koj site imaat prava vo sporedba so fas'isti grci genocidot ne treba da se premolcuva nikako kompenzacija za t
Од: Makedonec vo EU
Датум: 26.04.2008 10:17:46
Zaostanatosta na Makedonija ne e posledica samo na aktuelnata vlada, tuku na site vladi i pretsedateli dosega. Kako sto trgnale rabotite, Makedonija ke stane del od EU nekoja godina posle Kosovo...
Од: Zlatko
Датум: 26.04.2008 10:40:20
Grujo i natamu neka gradi muzei,neka prekrstuva aerodromi,neka stava skupturi kaj ke stigne....Napred Grujo-Nazad Makedonija!
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 26.04.2008 11:00:40
Ништо ново!Одамна знаеме дека,на власта и актуелните политичари , не само што не им се брза во ЕУ и НАТОинтеграциите туку, тие и не им се одисамо, палаври креваат за народот да го лажат.Политичарите сакаат само манипулиранје со народот од дневно политички интереси.Сосема е точна констатацијата на г/н Симон Кискоски во емисијата :„гласот на народот„кои се и какви се партиите?Абсолутно точна констатација на нашуиот сонародник од дијаспората, само тој таму немаше вистински партнер за комуникација, како што е и вобичаено кога се среќаваат македонци од надвор и оние кои живеат во ДРЖАВАТА, ДИЈАЛОГОТ е; комуникација меѓу глуви!? крсте поп/стефанија
Од: MKD
Датум: 26.04.2008 12:26:32
Kakvi strucnjaci bre citajte LOPOVI ILI AJDUCI pa se uste ima da kradat pa koga ke go zavrsat toa togas Makedonija ke bide za EU.ZNACI ako vlezeme vo EU ke bide poinaku nema da moze taka otvoreno da se krade i da se mamat vrabotenite tri cetiri meseci bez plata pa ajde nadvor a kolku takvi rabotnici ima vo Makedonija taka i se stvorija bogatasite vo Makedonija.Zatoa treba da se donesat site zakoni sto se od sustinsko znacenje za Ekonomijata i Pravoto za da pobrzo bideme spremni za EU.
Од: qui-gon jin
Датум: 26.04.2008 13:10:47
Дека ќе влеземе во Европа, ќе влеземе, само прашање е дали како суверена држава или како географска територија поделена меѓу комшиите. Прашањето за можноста за федерализација на земјата сеуште не е затворено...
Од: Иван Јорданов
Датум: 26.04.2008 19:03:44
Ацо од Автокоманда = членство и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ ... Навистина не знам дали и самиот можам поубаво да го опишам туморот во нашата земја: печатните грешки, интерпункциските испусти, граматиката, течноста на мислата, моралот... логиката... Под кои ли камења се криеле овие луѓе додека останатите се образувале?! Груевски, за жал, е само ехо, исто како неговиот ментор Љубчо, никнато од аморфната маса на вмровци, ехо што не води во пропаст, а не во Европа. Уште многу години ќе требаат за таа аморфна маса да добие облик на нација, а само со СДСМ таа нација ќе биде европска и македонска. Нека ни е со среќа на 1ви јуни... Бираме меѓу амбис (ДПМНЕ) или особено макотрпен (со луѓе попат Ацо) пат кон ЕУ (СДСМ).
Од: london
Датум: 27.04.2008 01:55:34
pak nekoi silni ,,eksperti'' se javija da ja komentiraat idninata na Makedonija od crna pocrna.na nikoj od niv ne im tekna deka od rasturanjeto do sega Slovenija e daleku napred i vo EU i NATO,Makedonija uste ceka oficijalno da bide priznaena kako drzava(momentalno e BJRM) a ete uste postoime i pokraj site pritisoci sto ni gi napravija ovie 17god.A ako DPMNE dobie 61 pratenik na izbori ke mora brgu da nosi evropski zakoni i ke nema poveke opravdanija,se nadevam ja naucile lekcijata od 1994-1998g.koga SDS imase mnozinstvo vo parlamentot a ni so prst nemrdna za da donese nekoj zakon i da ne priblizi kon EU i NATO
Од: trpe
Датум: 28.04.2008 18:19:43
Mnogu babici (eksperti) bebeto (RM) ostana sirace!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
САД бараат Македонија да влезе во НАТО колку што може поскоро
Владиката Петар обвини дека малцинствата во Грција се под тортура
Брисел не сака да слави два Велигдена