Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Култура

Братислав Ташковски со „Расцепен ум“ ја затвори трилогијата

Познатиот македонски поет и романсиер Братислав Ташковски го објави новиот роман „Расцепен ум“, со кој ја затвора својата трилогија објавена во прозната едиција на издавачката куќа „Макавеј“, а во рамките на која претходно веќе ги издаде „Ако даде Господ“ и „Кафез од гревови“.

Литературниот критичар Данило Коцевски во препораката за „Расцепен ум“ ќе напише дека со ова дело Ташковски го продолжува своето книжевно мајсторство низ тема од постреволуционерното турбулентно време во Македонија, кога конфликтните ситуации и идеолошките недоразбирања доведуваат до своевиден климакс.

Поетот Славе Ѓорѓо Димески, пак, вели дека во ова дело на еклатантен начин е раскажана македонската безнадежност како судбина, која беше наметната во минатиот век. Додека Лорета Георгиевска истакнува дека во овој роман се портретира една приказна за приказните, со што се постигнува и новите и старите приказни да се надополнат на таков начин на кој го прикажуваат континуитетот и недоразбирањата во македонската историја, најчесто олицетворени преку омразата и не-љубовта.

Братислав Ташковски е автор на десетина поетски книги и на повеќе публицистички дела, а сега со оваа трилогија се наметна и на полето на македонскиот роман. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар

Од: Od Vanco
Датум: 23.07.2011 23:44:04
Нарачаните „препораки“ објавени во првото издание на која и да е книга не смеат да бидат единствените аргументи во новинската информација. Или прочитајте барем нешто од книгата, или прашајте некој компетентен. Вака произлегува дека и Б. Таашковски „се наметнува на полето на македонскиот роман“. Бре, бре!!! Тоа што во неговите дела смрди корне од бугарштина - никому ништо!

Најди! во Утрински
Култура
На Стоби под вршник се конзервира IV век
„Свадбата на Фигаро“ премиерно на „Охридско лето“
Одличен прием за „Дон Кихот“ на фестивалот „Вињале данца“

"""