Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Култура

Одличен прием за „Дон Кихот“ на фестивалот „Вињале данца“

Прексиноќа во градот Вињале, Италија, македонскиот национален балет имаше уште еден, по Фиренца, исклучителен настап со претставата „Дон Кихот“. Овој пат нашиот балетски ансамбл учествуваше на Интернационалниот фестивал „Вињале данца“ („Vignale Danza“), кој има 33-годишна традиција и на чија сцена имаат настапувано многубројни реномирани балетски трупи од целиот свет. Фестивалот „Вињале Данца“ е поддржан од познатиот театар „Нуово“ од Торино.

Како што информираат од МОБ,со огромна енергија, многу емоции на сцена и извонредна техника на солистите, балетскиот ансамбл успеал да го маѓепса критички настроениот италијански аудиториум со својата перфектна синхронизираност. Настапот беше придружен со интересен рекламен материјал. Главните улоги во претставата ги играа: Марија Кичевска, Игор Велјаноски, Катерина Кухар, Јегор Шепачев, Надежда Шјепачева, Александар Стојанов, заедно со целиот ансамбл и солисти при МОБ во копродукција со Миланската академија.

Вињале, инаку, е прекрасно гратче сместено на рид, кое личи на средновековна тврдина. Тоа е мал град, но она што е особено и што е причина за одржувањето на познатиот фестивал, е неговата голема балетска школа и традиција. Турнејата на македонскиот балетски ансамбл продолжува вечерва во градот Верди, каде што ќе биде изведена претставата „Лебедово езеро“. (С.У.)






#
Статијата е прочитана 345 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
На Стоби под вршник се конзервира IV век
Братислав Ташковски со „Расцепен ум“ ја затвори трилогијата
„Свадбата на Фигаро“ премиерно на „Охридско лето“

"""