Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Ќе го гледаме ли филмот „Ловец во живот“, кој Селинџер не го сакаше

Во своето писмо од 1957 година авторот на култниот роман објасни дека додека е жив не сака да се снима филм според неговата нига

Невена Поповска

Смртта на американскиот писател Џером Дејвид Селинџер донесе мала надеж дека јавноста конечно ќе дознае дали авторот на славното дело „Ловец во живо“ остави зад себе необјавени материјали, можеби и некое ремек дело. Делата на Селинџер буквално ги голтаа бунтовните тинејџери ширум светот и по неговата смрт многумина се прашуваа дали наследникот на неговите авторски права ќе ја почитува неговата желба да не се снима филм според книгата „Ловец во жито“, која беше продадена во повеќе од 65 милиони примероци. Имено, многу режисерски имиња му приоѓале на авторот со желба да снимат филм според романот, но писателот сите ги одбивал. Причините за тоа ги навел во писмото што го оставил по својата смрт. А што мислел Селинџер за смртта може да се види од една негова изјава што ја дал одамна: „Еден ден кога е умрам, се надевам дека некој ќе има доволно сол во главата што едноставно ќе ме фрли во река. Било каде, само не на проклетите гробишта. Таму во недела луѓето доаѓаат и ти ставаат многу тони цвеќиња на стомакот и сите тие глупости...Па кој сака цвеќе кога е мртов? Никој.“

Во писмото напишано до Херберт на 19 јули 1957 година, Селинџер меѓу другото вели: „Се обидов неколку пати да ги разубедам режисерите во врска со снимањето на филмот, но можно е еден ден авторските права да бидат продадени. Бидејќи постои голема можност да не бидам богат кога ќе умрам, постои голема можност правата да и�� ги оставам непродадени на мојата сопруга и ќерка како еден вид осигурување. ’Ловец во жито‘ е новелистичка новела. Во неа има одлични сцени и само будала би го негирал тоа, но според мене тежината на книгата е во гласот на раскажувачот и идејата за одвојување на ликот на нараторот од останатото, ме спречува во намерата да ги продадам авторските права“.

Писателот кој со децении живееше во самоизолација во својот дом во Корниш, Њу Хемпшир од 1965 година не објави ниту едно дело. Наводно, Селинџер во подземниот бункер, на својот имот, што го купил откако се стекна со слава по објавувањето на романот „Ловец во жито“, напишал најмалку 15 романи кои ги држел во трезорот на својот дом, но неговата поранешна девојка Џојс Мајнард тврди дека знае со сигурност дека постојат само два романи. Од таборот на Селинџер сеуште никој не се огласил. Неговиот агент Филис Вестберг не сака да ги коментира, издавачот „Little, Brown и Co.“ објави дека немаат никакви планови за печатење на нови дела од Селинџер, а синот на Селинџер, Мет смета дека сите прашања во врска со оставштината на неговиот татко треба да се упатуваат на агентката Филис Вестберг. Единственото јавно појавување на Мет Селинџер беше преку адвокатот кој го ангажирал за да го спречи објавувањето на неавторизираната книга на татко му и објавување лажно интервју.


#
Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар

Од: stefan
Датум: 04.07.2010 11:08:51
Deloto na avtorot e so ime "lovec vo zito" a ne vo ZIVO pozdrav

Најди! во Утрински
Култура
Круме Кепески постхумно доби Орден за заслуги за Македонија
Низ космичките лавиринти на душата
Харфа и флејта на „Скопско лето“
Во Прилепско тече ликовната колонија „Дрен 2008“