Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Во Прилепско тече ликовната колонија „Дрен 2008“

Од денеска, па во следните пет дена во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во прилепското село Дрен, 13 уметници од земјава, Бугарија и од Полска ќе творат во креативна атмосфера, во рамките на традиционалната трета по ред, сликарска колонија „Дрен 2008“ што ја организира Центарот за култура „Ма��ко Цепенков“ од Прилеп.

„Овде уметниците ќе творат во еден вистински уметнички, креативен амбиент ослободен од допирот на јавноста. Девет дена тие ќе бидат посветени исклучиво на уметноста и на сите задоволства кои еден уметник ги открива секогаш повторно во својот творечки занес“-изјави Тони Чатлески, директор на Центарот и идеен творец на манифестацијата.

Сликарската колонија изминативе две години брои 70 дела, работени во техника масло на платно, кои се веќе изложени во фоајето на Центарот за култура во Прилеп. Најчест мотив на сликарите се прекрасните пејзажи околу манастирот „Свети Илија“.

„Изложбата сама по себе говори за една фантастична шареноликост на ликовни изрази кои ја имаат истата цел, истата насока, истиот извор, но имаат различен ракопис. Тоа е многу добро, зашто уметниците не може да се ограничат, уметникот може да твори само доколку се чувствува слободен“-истакнува Чатлески

Тој додава дека следната година се планира проширување на манифестацијата со нови содржини, затоа е подготвен проект со кој ќе се аплицира во ресорното министерство.

„Планираме манифестацијата, која станува бренд на Прилеп, да прерасне во сликарско-графичка колонија каква што досега нема во државата“- вели Чатлески. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 191 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Круме Кепески постхумно доби Орден за заслуги за Македонија
Ќе го гледаме ли филмот „Ловец во живот“, кој Селинџер не го сакаше
Низ космичките лавиринти на душата
Харфа и флејта на „Скопско лето“