Круме Кепески постхумно доби Орден за заслуги за Македонија
На професорот Круме Кепески, автор на првата македонска граматика, претседателот Ѓорге Иванов постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија за постигнатите високи дострели во неговата долгогодишна образовна дејност како придонес во промовирањето и афирмирањето на македонскиот литературен јазик.
Орденот го прими неговата ќерка Јованка Кепеска, која посочи на животната мисија на нејзиниот татко: подигањето на угледот на македонскиот литературен јазик и на говорната култура кај луѓето.
Круме Кепески е роден во Прилеп во 1909 година, а почина во 1988 година. Првата граматика ја објави во 1946 година, а остави големи траги во историјата на земјава како културен деец, учебникар, преведувач, педагог и собирач на македонското народно творештво. (К.Р.) |