Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Пронајдени исчезнатите близнаци од Прилеп

Прилепската полиција завчера изутрина ги пронајде близнаците на возраст од 16 години што претходната вечер биле пријавени за исчезнати. Децата се најдени здрави и живи, во близина на местото на кое исчезнале, без никакви повреди.

Двете момчиња со извесна психичка ретардација се изгубиле во околината на манастирот „Свети Димитрија“, во атарот на селото Селце, додека во петокот биле на екскурзија со своите врсници од средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп. Откако таткото на децата го пријавил нивното исчезнување, екипи на полицијата, наставниците и децата интензивно ги барале близнаците се' до раните утрински часови во саботата, кога биле пронајдени во близина на манастирот.

Според кажувањето на мајката Валентина Димеска, момчињата им се јавиле на родителите и побарале да ги земат. „Се јавија по телефон, рекоа дека повеќе не сакаат да останат на екскурзија, дека сакаат да ги земеме и ние отидовме да ги земеме. Тие додека си играле со другите деца се качиле на некои карпи за ��а се лизгаат, но не можеле да се симнат од карпите. Тоа се случи. Јас немам забелешка кон никого, никој не е виновен, ни наставниците ни директорката, никој. Сите беа вклучени во истрагата, сите ги бараа децата и се' добро се заврши, што е најважно“, вели мајката.

Двете момчиња, според битолската полицијата, биле најдени дури утрото, исплашени, но во добра здравствена состојба. „Доколку се утврди нечија вина, ќе се поднесе соодветна пријава“, вели Иво Котески, портпаролот на МВР.

Полицијата во истрагата ќе треба да одлучи како дошло до исчезнување на децата, дали до моментот на нивно условно предавање на нивниот татко, отсуствувала доволна грижа на наставниците што биле задолжени децата да ги носат на екскурзија. Директорката на училиштето, Славица Петроска, изминативе два дена не беше достапна за медиумите. Таа не одговара на телефонските повици. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 2820 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 08.11.2010 13:10:13
И што теба ние да мислиме кога директорката не е достапна,па нека си оди дома и нека се зљаклјучи сме им ги довериле децата .како не им е срам .
Од: професор
Датум: 08.11.2010 17:45:56
Пишувате што ќе ви текне ама вистината не ја знаете. Таткото сам ги испратил на екскурзија децата многу по рано од договореното време и му ги доверил на ученик а не на професор. Зошто? Тој си знае. А децата се навистина за 24 ч. грижа.

Најди! во Утрински
Хроника
Иднината не може да се засади со уништување
Плажата „Галеб“ зеде уште една жртва
Фатени бегалци од ВП-дом






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax