Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Плажата „Галеб“ зеде уште една жртва

Речиси на истото место каде што во септември животот го загубија тројца стружани од струен удар, во саботата изутрина се појави и телото на охриѓанката Шефаете Рама

Струшката плажа „Галеб“ викендов беше кобна за уште еден давеник. Речиси на истото место каде што во септември животот го загубија тројца стружани од струен удар, во саботата изутрина исплива и телото на четириесет и тригодишната охриѓанка Шефаете Рама. На нејзиното тело нема траги на насилство. Полицијата најавува дека случајот ќе го затвори како самоубиство.

Рама е родена во охридското село Горенци, а живеела во Струга каде што била мажена и има едно дете. Во саботата наутро, околу 10 часот, го напуштила домот. Само еден час подоцна нејзиното безживотно тело испливало на струшкото крајбрежје, во близина на истекот на Црн Дрим.

Граѓаните, кои го искористиле утрото за прошетка крај езерото, го забележале телото што се наоѓало кај околните треви и камења. Велат дека струјата со огромна брзина го носела трупот кон истекот на Црн Дрим, но во еден момент се заглавил во тревите.

Откако случајните минувачи се доближиле и забележале дека станува збор за удавена жена, веднаш ја алармирале полицијата.

„Седев на клупите кога го видов телото и веднаш отидовме да провериме со пријателите дали тоа е кукла или нешто друго. Кога видовме дека е тело на жена ја известивме полицијата“, раскажуваат очевидци.

Кога се доближиле до водата, прво ги забележале зелената јакна и фармерките што го носела давеничката. Заедно со полицијата, на увид присуствувал и лекар до Брзата помош во Струга. Тој на самото место утврдил дека жената не дава знаци на живот, како и дека на нејзиното тело нема надворешни траги на насилство. Обдукцијата извршена во Медицинскиот центар во Струга покажала дека смртта настапила како резултат на давење во ладните води на Охридското Езеро.

Бидејќи кај давеничката немало никакви документи за идентификација беше отежнато откривањето на нејзиниот идентитет.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, објаснува дека до 17 часот во саботата, во полициската станица немало пријавено исчезнување на жена од тој крај. Роднините на удавената, дури откако слушнале дека е пронајдена мртва жена во езерото, навечер се јавиле в полиција и информирале дека Шефаете Рама се' уште не е вратена дома.

„Телото на починатата беше препознаено од страна на нејзините роднини. Според сознанијата, жената имала одредени психички проблеми и била под терапија“, вели Димоски.

Телото на давеничката е пронајдено на речиси истиот потег каде што пред два месеца се случи големата трагедија во Струга, кога тројца мажи загинаа од струен удар на платформа на кафуле, а нивните тела беа пронајдени во езерските води. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1776 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Иднината не може да се засади со уништување
Пронајдени исчезнатите близнаци од Прилеп
Фатени бегалци од ВП-дом






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax