Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Иднината не може да се засади со уништување

Досега од акцијата „Ден на дрвото“ се зафатиле над 12 милиони дрвја. Наскоро ќе се садат нови седум милиони дрвца

Сања Наумовска

Над 12 милиони млади дрвца се успешно засадени во изминатите две години во рамките на „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“. Тоа е повеќе од 60 проценти од над 20 милиона садници насадени на македонските голини во четирите акции во 2008 и во 2009 година. „Процентот е одличен“, вели маестро Борис Трајанов од Иницијативниот одбор на „Ден на дрвото“, кој најавува дека озеленувањето ќе продолжи и во следните десетина години. Тој признава дека голем број дрвца се уништени, не само поради природните процеси и сушењето, туку и од несовесните граѓани. Некои ги крадат, а други, пак, во нив пуштаат стада говеда и овци.

Најдрастичен е примерот со речиси целосното уништување на новите насади на Ајватовски Рид крај Скопје. За случајот е поведена кривична постапка и наскоро се очекува пресуда.

Засега не се знае колку од 7,5 милиони дрвја насадени пролетва го преживеале летниот период. Зелената акција продолжува и есенва, кога нови, седум милиони садници ги очекуваат македонските граѓани. Одлуката за точниот датум ќе се донесе неделава, а ќе зависи од временската прогноза. Овој пат, велат иницијаторите, ќе се садат најмногу листопадни дрвја, бидејќи од нив ќе се оформат еколошки шуми, наменети за граѓаните. Ќе се сади во 37 општини, на над 60 локации, а ќе бидат пошумени 1.350 хектари голи површини.

Годинава, најавува Трајанов, акцијата ќе се одржи под мотото „Садиме заедно за нас“ и е насочена кон семејното садење. Особено поголем интензитет ќе има во градовите, туристичките места, кај вештачките езера и крај автопатиштата.

„Секое училиште во Македонија ќе добие по 10 листопадни садници за зазеленување на својот двор. Ги едуциравме децата како правилно да засадат дрво, но и како да се грижат за него во иднина, бидејќи сметаме дека тие треба да ја продолжат нашата мисија за зелена иднина“, вели Трајанов, нагласувајќи дека за младата популација рап-групата „Токсикологија“ направи песна што деновиве се врти по радиостаниците. На шестата акција на „Ден на дрвото“ ќе биде посветен и спот во стилот на „Еднооки“, како и стрип нацртан од Дарко Марковиќ.

„Ден на дрвото“ и овој пат ќе ги надмине границите на Македонија. Во пограничните делови заедно ќе садат жителите на нашите општини со тие од соседните. Од идната година, пак, се планира балкански „Ден на дрвото“ во кој учество најавиле Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија...


#
Статијата е прочитана 925 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Плажата „Галеб“ зеде уште една жртва
Пронајдени исчезнатите близнаци од Прилеп
Фатени бегалци од ВП-дом
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks