Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Камен-темелник на камбанаријата на „Св. Петка“

Кавадарци - Една година по стартот на изградбата на новата црква во Кавадарци, посветена на св. Петка, вчера беше осветен камен-темелникот на камбанаријата.

„Направените дела сведочат дека сме биле и дека сме постоеле. Каква историја и какво духодно наследство ќе имавме ако ги немавме градбите од нашите тетковци и дедовци“, истакна поглаварот на МПЦ, г.г Стефан.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, им се заблагодари на сите донатори што го помагаат градењето на новиот храм и потенцира дека за кратко време Кавадарци ќе добие нов духовен, но и културен храм.

Најголем инвеститор на овој црковен објект е „Фени индустри“. Директорот Никола Ризов рече дека е задоволен од сработеното досега. „Нашата нова црква полека почнува да го добива својот финален лик, а тоа беше и целта на ’Фени индустри‘, да им подари трајно богатство на кавадарчани, но и на сите христијани, храм каде што ќе можат да го најдат духовниот мир, да побараат божји благослов и духовно водство, се' со цел да станеме подобри луѓе“, рече Ризов.

Митрополитот на Повардарската епархија, г. Агатангел, му предложи на градоначалникот, а во наредните денови ќе било доставено барање и до советот на Општината, црковното празнување на св. Петка да биде празник на градот.

Новата црква е лоцирана во новиот центар на Кавадарци, во близина на хотелот „Фени“. На оваа локација требаше да се гради црква од поодамна, но поради огромните димензии на така проектираниот објект, изградбата никогаш не започна. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 744 пати.

Испрати коментар

Од: ОНУФРИЈЕ
Датум: 09.08.2011 16:01:21
Нека се гради црковен објект додека на се јави некоја група на иноверници и да гопопречува ГРАДЕЊЕТО.

Најди! во Утрински
Македонија
Оптимизам пред бербата на винско грозје
Нема веќе на лекар попладне?

"""