|
|
|
|
|
|
Нема веќе на лекар попладне?
Јасмина Јовановска
На лекарите на клиниките времено им се забранува да работат дополнителна дејност. На лекарите во неколку интерни клиники им било соопштено дека повеќе не смеат да прегледуваат пациенти во попладневните часови.
Директорите на неколку интерни клиники велат дека во отсуство на информации како да постапат во овој вакуум период додека не ги добијат новите дозволи, решиле времено да не работат дополнителна дејност. Ваквата забрана засега се применува на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за пуломологија, како и на другите клиники.
Раководствата на клиниките негираат дека овие одлуки се заради одредени укажувања од Министерството за здравство. А многу е нејасно како повекето клиники во ист периодс донеле времена забрана.
На временото стопирање на дополнителната работа реагираат лекарите. Тие велат дека ваквата одлука е неправилна. „Не може да се суспендираат дозволите за дополнителна дејност на лекарите на одредено време. Тие не се виновни што правилниците не се донесени навреме или што во Министерството за здравство не се ажурни “, вели еден лекар. На пример на Клиниката за пулмологија, правилникот е даден уште почетокот на јули, а се' уште немаат издадено нова дозовола за прекувремена работа. Лекарите прашуваат како може да се носи одлука без преоден период. „Што ќе се прави со закажаните прегледи на пациентите, никој не објаснува“, прашува еден лекар.
„Никој од Министерството за здравство не ни даде упатство како да постапиме за дополнителната дејност додека не се добие новото решение. Беа избори, па се избираше нов министер. Ги консултирав правниците и се договоривме дека е најдобро да не се работи дополнителна дејност додека не се добие новата дозвола“, вели д-р Ненад Јоксимовиќ директор на Клиниката за гастроентерохепатологиоја, затоа што клиника донела сопствена одлука за дополнителната дејност. Тој негира дека нивната одлука има врска со информациите во јавноста дека лекарите работат незаконски се' додека не добие клиниката ново решение за дополнителна дејност, ниту пак дека некој од Министерството за здравство така им сугерирал.
Јоксимовиќ вели дека иако новите законски измени се донесени лани, дури во март годинава биле известени дека треба да ги изготват новите норми за дополнителна работа.
„Тоа е долг процес, и работа која е испишана на 30 страници. Правилникот помина на стручен колегиум и на управен одбор на клиниката и пред неколку дена е даден на потпис во Министерството за здравство“, објаснува д-р Јоксимовиќ. Тој не одговори дали одлуката е незаконска, со оглед дека на сите клиники се уште им важат старите дозволи за дополнителна дејност кои важат додека не се добијат новите. Тој тврди дека забраната не е од сега, туку од пред два месеци, и од тогаш лекарите знаат да не закажуваат прегледи.
И правниците се согласуваат дека ваквата времена забрана не е законска. „Не може да се забрани некое право времено, зошто се менуваат правилата на игра. До донесување на новите дозволи важат старите дозволи за дополнителна дејност. Доколку ваквата одлука се даде на Уставен суд ќе биде отфрлена“, објаснуваат правните стручњаци.
Од Министерството за здравство велат дека не дале никакви укажувања како клиниките да постапат додека не ги добијат новите дозволи, туку само дека треба да изработат правилници и да го почитуваат Законот. |
#
|
Статијата е прочитана 2133 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kris |
Датум: 09.08.2011 07:23:58 |
|
Po se izgleda Ministercevo ke go pocne svojot RSUM vo Zdravstvoto............. |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 09.08.2011 10:21:35 |
|
И Докторите наши почнаа како автомеханичарите во државните фирми порано!
Предпладне нема дел...дојди попладне во мојата гаража ќе ти ја поправам колата....а истиот тој механичар делот ќе го земе од државниот магацин во фирмата кадешто до пладне работи. |
|
|
|
|
|
|
Од: Sale |
Датум: 09.08.2011 10:28:16 |
|
Shofer ne smee da vozi nad 8 saata ne daj Boze ke napravi soobrakajka ke povredi nekogo. Lekar moze da raboti 24 chasa bez opasnost. Pred pladne na redovna sobiraat pacienti za po pladne vo privatni kliniki. Rabotata vo F. za zadravstvo im sluzi samo za peznija, kancelarija i studiski patuvanja. |
|
|
|
|
|
|
Од: lilijana |
Датум: 09.08.2011 14:05:09 |
|
Rshumot vo zdravstvoto se pravi edna decenija i kusur. Po 5 godini ministri od DPA i DUI shto napravija rshum vo ministerstvoto i po klinikite po razni osnovi, a za volja na vistinata pochnati od dr. Vlado Dimov, konecno dojde eden mlad chovek.
Kratko e vo ministerstvoto, ama slusham gi postavil osnovnite pravila na odnesuvanje, doadjanje na rabota i oblekuvanje. Za pochetok od 10 dena e dovolno i tolku. Pa ni se smachi da gi gledame Ramkovnite po cel den nishto da ne rabotat i nigde da gi nema.
Ova so dopolnitelnata rabota mi se dopadja, i tuka komentarot na Sale e OK.
Edna molba do ministerot. Da go frli onoj vetov i nechist crven tepih shto go stavi Makedonskiot Obama koga beshe minister za zdravstvo.
Podrshka do ministerot, a kolku ke sprovede ne zavisi samo od nego. |
|
|
|
|
|
|
Од: shofer |
Датум: 09.08.2011 16:30:36 |
|
Do "Sale"
Koga si veke tolku dobro informiran za shoferite- dali nekoj ti kazal deka lekarite dezuraat sekoj mesec 4-5 pati po 24 casa (redovni dezurstva) |
|
|
|
|
|
|
Од: Човекољубие и се ќе биде! |
Датум: 09.08.2011 17:49:54 |
|
Со совето поведение во сите сфери на владеењето во нашево мачно општество, од Здравството че почне БУНТОТ против Владата. Зошто, па затоа што болните кога ќе видат дека Владата не им дозволува на докторите да ги лечат дури и бесплатно- е тогаш пациентите ќе удрат врз власта. А пациенти има и НЕПРЕСМЕТЛИВИ кои не ги фаќа Закон и на кои редовно им се дава амнестија нели? Без шега лично сметам дека токму здравството ќе биде капката што ќе ја прелее чашата и тоа не за пари...туку од чисто ЧОВЕКОЉУБИЕ ! |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 09.08.2011 20:13:23 |
|
kakose veli nova metla mete deset dena a posle e
ista kako i starata. |
|
|
|
|
|
|
|
|