Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Оптимизам пред бербата на винско грозје

Ангел Данов

НЕГОТИНО – Стартот на бербата на винското грозје ги седна на заедничка маса винарските визби и министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Целта на вчерашната средба во винарската визба „Бовин“ во Неготино беше да се изнајде најдобро решение за винското грозје. Ресорниот министер на неколку недели пред бербата на грозје е оптимист дека годинава работите се порелаксирани во делот на натрупаните залихи вино. Според него, оваа година визбите имале помалку резерви.

„Можам да кажам дека залихите вино се половина од тоа што го имавме лани и тоа не' радува. Во изминатиот период и Министерството вложи вонредни напори за да обезбеди пласман на македонското вино на странските пазари. За жал, еве и на овој состанок се покажа дека Македонија нема внатрешна потрошувачка каде што може да се продава домашното вино, а се декларираме како винска нација, винарска држава со над 80 винарски визби. Впрочем, и владиниот проект е поттик за лозарскиот сектор да се изградат повеќе винарски визби каде што грозјето би се преработувало во вино, за виното да се пласира на надворешните пазари, а само 5 проценти на домашниот пазар“, изјави министерот Димовски и додаде дека годинава поради помалите залихи вино, имало маневарски простор за договор со визбите за откуп на цела количина винско грозје.

„Следува разговорот околу ревидирањето на цената на двете доминантни сорти ’смедеревка‘ и ’вранец‘, а секако, пред тоа следуваат бербите на високо квалитетните сорти грозје и дефинирање на нивната откупна цена. Но, тоа е помалиот проблем, зашто најголемите количини се ’вранец‘, а 40 отсто е ’смедеревка‘. Проблемот е околу откупот, а понатаму е дефинирањето на цената“, нагласи министерот.

Димовски смета дека годинава нема да се повторат минатогодишните случувања. Не ја исклучи и можноста Владата повторно да ги помогне визбите и лозарите, но за тоа допрва ќе се разговарало. Тој информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство ги проверувал информациите дека одделни винарници лани им плаќале на лозарите многу пониски откупни цени од договорените. За оние што не го платиле грозјето, Димовски повтори дека ќе следуваат санкции.

Менаџерот на винарницата „Аневски“ од Штип смета дека со оваа трета средба организирана од Министерството се поблиску до целта да се откупи целиот род на грозје од овогодишната реколта и да има нормална исплата со соодветна цена.

„Виното во шишиња треба да ја промовира Македонија како винска земја. Заедничките настапи мора да бидат дел од стратегијата за развој на винарството во Македонија и тоа е едно од барањата што го поставивме како винарници до Владата. Дел од средствата што се одделуваат како стимулации за лозарите и винарите за откуп на грозје да се пренаменат во маркетиншки цели. Значи, формулата е многу едноставна, меѓутоа треба макотрпно да се работи на тој дел од пазарот“, истакна еден од сопствениците на винарницата „Бовин“, Ѓорѓи Богевски.


#
Статијата е прочитана 693 пати.

Испрати коментар

Од: лозар
Датум: 09.08.2011 01:15:24
Собирајте се, ама да имате заборавено некого да повикате? Без грозје, нема вино.
Од: Распучин
Датум: 09.08.2011 05:55:32
Дали се свесни винариве дека по влезот во ЕУ ќе треба да ги корнат корените со лоза.Затоа што ЕУ ќе ги штити Франција и Италија.Нормално ќе добиете накнада за тоа.Само накнадата ќе се потроши и што потоа.
Од: Битолчанец963
Датум: 09.08.2011 10:14:05
Се додека винарите и винариите се надмудруваат со цените и квалитетот на грозјето ќе има гужви бидејки едните сакаат да спровнат нискоквалитетно за висококвалитетно грозје а другите пак сакааат и висококвалитетното грозје да го платат како нискоквалитетно а за парите „од сусамот“.
Од: petar
Датум: 09.08.2011 11:25:36
istoto bese plasirano vo javnosta i prethodnata godina, kolku vladata e optimisticki raspolozena vo vrska so podobruvanje na otkupot na grozjeto, taka daaa neka ne se ocekuvaat nekoi izmeni na podobar plan i ovaa godina
Од: bitola troa skolovan
Датум: 09.08.2011 11:32:44
Ministerot go slusnav kakon na sostanok kaza deka treba da se najde resenie za dilemite pomedju vinariite i proizvoditelite,a jas mislev od Skopje dojde so resenie neli rabotat 24/7 pa si velam srabotile nesto a toj basmi prodava povtorno.
Од: aleksandar-Negotino
Датум: 09.08.2011 14:22:49
bea u bovin se najadija se napija se oladija u bazentot,odma pod hitno da si dadat ostavka i ministerot debelana za zemjodelie pojma sto nema i zamenik minister sto ukrade pari od Rek BITOLA
Од: gorjan
Датум: 09.08.2011 14:54:02
koga doagaa od bugarija i srbija da otkupuvaat grozje gi progonuvavme a sega gi molime vizbite koi kako dzumajlija od 2009 ne isplatile istoto se slucuva i so zitoto koe go otkupuvaat albancite gi brkame no posle dogodina ke gi molime mlinovite za bes pari da zemat zito

Најди! во Утрински
Македонија
Нема веќе на лекар попладне?
Камен-темелник на камбанаријата на „Св. Петка“

"""