Опкружен со поданици, а не со соработници, претворајќи ја партијата во толпа што слепо го следи, тој и направи најлоша услуга и неа и на Македонија
Младите портпароли и директори за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ подолго време во секоја идеја од опозицијата гледаат сценарио за дестабилизирање на Македонија, односно на Груевски. За нив, тој е Македонија. Тие не сакаат да потрошат ни еден ден за размислување за тоа дали и колку политиката на Груевски систематски ја дестабилизира Македонија. Да имаат можност слободно да си го кажат своето мислење, многу паметни луѓе од таа партија до сега ќе се осмелеа да му кажат на Груевски дека тој, откога ја презеде функцијата премиер, а особено по 2008 година (покрај сите добри работи што ги прави и најдобрите намери), често се однесува како „пијан коцкар, како ексцентричен милијардер и како ориентален деспот“. Зошто? Само пијан коцкар, кога ќе му снемаат пари за неговата страст (да остане на власт) позајмува, безглаво, големи суми со високи камати. Груевски, со издавањето евро-обврзници, штотуку позајми од странските банки 175 милиони евра со девизна камата од речиси 10 отсто. Експертите пресметаа дека по 3,5 години, за овие позајмени пари Македонија од буџетот, од парите на граѓаните, ќе треба да им врати на кредиторите камата во висина од речиси 52 милиони евра. Се поставува прашањето: со кој бизнис и извоз тоа ќе го заработиме?
Груевски, кој доби мандат од граѓаните заради верувањето дека се разбира во економија, пред неколку години се фалеше дека ги враќал пред време кредитите земени со многу пониска камата од оваа по која сега не задолжува. Тогаш дури и видовитиот Црвенков��ки му честиташе за „вратената надеж кај македонскиот народ“. Груевски од таквите честитки извлече заклучок дека тој и ВМРО-ДПМНЕ се веќе единствената надеж за Македонија. И не дека и денес Груевски, покрај срозениот кредитен рејтинг на земјата, не би можел да зема кредити по пониски камати од овие. Но, тој не сака. Тој, неговиот заменик Ставрески и министерот за финансии Славески не земаат кредити со пониска камати од ММФ зашто Фондот ќе ги ставел под контрола пензиите, платите на администрацијата и непродуктивните трошоци, односно се она со кое тој се одржува на власт.
Но, кај коцкарите токму трошењето на парите е втората слабост. Кога имаат многу незаработени пари, како Груевски (зајмени или ограбени со зголемување на даноците), и кога знаат дека за нивното трошење нема да одговараат (како што мислеа и многумина пред нив), тие се однесуваат како ексцентрични милијардери. Со трошење си ги остваруваат соништата од детството или најскриените желби. „Ќе изградам три стокатници во центарот на Скопје“. Ќе изградам голем споменик на Александар Велики на плоштадот. До него ќе направам црква. Подолу ќе изградам Музеј на восочни фигури. Пред мостовите ќе поставам лавови од бронза. Ќе го обновам стариот театар. Ќе изградам Триумфална капија. Ќе расфрлам низ Скопје скулптури на шмизли, чистачи, бикови, а за 50 милиони евра ќе купам двокатни автобуси од Кина, исти како оние со кои се возела баба ми“. За „мои пари“, мој ќеф!
За да не може да се запре тоа потрошувачко лудило, а луѓето уште да ги сметаат патриоти, потребно е трансформирање на политичкиот режим во еден вид деспотизам. Тоа се постигнува така што лидерот на водечката партија, преку контрола врз сите лостови на власта, станува апсолутна власт и се трансформира во авторитарен лидер кој секоја критика однатре ја прогласува за предавство, а секоја критика однадвор за заговор или сценарио за дестабилизирање на државата. Таквиот систем е еден вид „револуционерна диктатура“ во која програмата на партијата е поважна и од Уставот и од слободата на граѓаните. Ова Груевски го нарекуваше комунизам и вети дека ако ја освои власта ќе се бори против него. За жал, и некои опозиционери сметаат дека успехот на Груевски во освојувањето гласови е резултат на неговата способност да ја дисциплинира својата партија, да воспостави силна хиерархија која му овозможува тој лично да ги донесува сите одлуки и од него да зависи се' во земјата. Ним им се допаѓа моделот по кој во партијата се воведува системот на избор без избор, во кој лидерот е партиски деспот кој по освојувањето на власта се претвора во владетел. Тие Груевски не го критикуваат туку само му завидуваат.
За Груевски, на пример, нема друго ВМРО освен неговото. Тој е и основач и најстар член, и творец, и толкувач на идеологијата на партијата и на историјата. Нему се обидуваат да му угодат - историчарите, археолозите, уметниците и коалициските партнери. Тој е во облаци и ништо не забележува. А истовремено е како човек кој, додека паѓа од неговата стокатница, некаде кај педесеттиот кат, вели: Засега е добро. Она што е најстрашно, тој дури и плаќа да го одржуваат во таква илузија. Неговата влада е веќе три години најдобриот клиент на рекламните агенции и најголеми закупувач на рекламен простор во медиумите во Македонија. Милиони евра се трошат за рекламирањето на успесите на портокаловата револуција.
Амбасадорите на културата на Груевски го величат, го слават, пеат и садат по шест милиони дрвца на Денот на дрвото, кој по негова милост се прогласува за неработен ден. Тој како милослив монарх одвреме-навреме подарува станови на сиромашните, дава помош на настраданите, пакетчиња на сирачињата, а не заборава да им додели доходовни функции и бизниси на најблиските од партијата. Но, она што еден пијан коцкар, ексцентричен милијардер и ориентален деспот може да го прави за потсмев е моментот кога тој ќе се обиде да се прикаже себе си и како верник, односно како човек кој верува и се плаши од Бога, како демохристијанин или конзервативец.
Кога човек ќе го види Груевски како пали свеќа во црква, тој потсетува на Миле Паника од К-15, кој му дава 200 евра на сиромавиот „да не го заморува Господ со глупости“. Во тој момент човек се прашува дали нешто не е в ред со Црквата или со нејзината „залутана овчичка“? Зошто? Па, Црквата кај нас во поново време не ја интересираат толку духовните работи, колку материјалните. Откако Љупчо Георгиевски и' го подари хотелот „Бисер“ (во чиј состав имаше и духовен храм), таа почна да се зан��мава со хотелиерство, па го купи „Изгрев“, почна да управува со ресторани, со паркинзи во центарот на Скопје, а владиците носат златни синџири, имаат модерни резиденции и возат скапи џипови и „мерцедеси“. Зафатена со бизнис, Црквата немаше време да и се посвети на духовната работа, па Владата почна да гради крстови, цркви и да води сметка за духовното здравје на народот преку воведувањето веронаука во училиштата, преку кампањи за штетноста на абортусот и потребата од трето дете кај христијаните.
На народот веќе не му е јасно кој е поп, кој бизнисмен и кај кого за што треба да се моли. Но, Груевски сигурно не е загрижен за вакви проблеми. Тој гледа само напред. Тој не гледа дека со својата „преродба“, Македонија ја остави зад Бугарија и зад Албанија и дека Македонија е осиромашена и уплашена. Тука не помагаат слоганите за вината на другиот (гревовите на Црвенковски), ниту кампањите за подигнување на оптимизмот од типот „Насмевни се“, или „Ти си Македонија“. Опкружен со поданици, а не со соработници, претворајќи ја партијата во толпа што слепо го следи, тој и направи најлоша услуга и неа и на Македонија. Ако навистина мисли дека останува единствената надеж за Македонија, тогаш таа сигурно не е голема!
За преродбите на нашиот пастир(таканаречени 100 чекори) ,ВИНОВНИ СЕ,овие кои му направиле мечкина услуга во Прилеп.Наместо да го научат ,сам да лови риба тие му ја давале директно во индекс.А некои во Скопје го почестија и со високосортно вино(магистратура).Па нормално е сега секаде и во секое време за него да има дежурен виновник.Ако читаме меѓу редови нашиот пастир ни вели дека ние сме Македонија а тој е нешто друго(државна тајна ,поточно лична)Тој за ништо не е виновен,виновни се тие кои се Македонија.
Од: Rage
Датум: 09.07.2009 00:16:45
Narodot jasno moze da oceni koj pop e svestenik, a koj biznismen. Na narodot ne mu trebaat opstestvenite direktori koi preku nokj stanaa biznismeni, a so vasi zakoni koi gi donesovte im dozvolivte da go prisvojat ona ke sto ne im go ostavil ni dedo im. Najgolemata katastrofa za Makedonija e sramnata privatizacija koja ostavi iljadnici rabotnici na ulica, ili ova i popovite go napravija, pa sega kradecot veli, drzete go kradecot! Zaboravi na likot na Cacko od K-a5 koj e biznismen i gi zaobikoluva zakonite, toa ne bea popovite tuku direktorite!
Од: bitolcanec
Датум: 09.07.2009 00:23:46
Pesnata veli
i edno golemo sozaluvanje e ponatamosniot tekst.
Samo edno ne mi e jasno : Prirodnite zakoni pokazuvaat opstanokot koga e zagrozen kaj site vidovi vo prirodata se budi nekoja hemija koja ovozmozuva opstanok na najsilnite od svojot vid.
Na site maki ovie godini kaj nas samo kuburot za zol cas go imame ama ...............?????????????
Од: stankov boris
Датум: 09.07.2009 00:25:14
Ако и после ова не е се јасно навистина не знам кога ке ни се разјасни. Но сега не е проблемот да се разберат грешките на главниот јунак на Вашиов напис ,туку како да се побрзо истите исправат-а можно е.
Од: Maja
Датум: 09.07.2009 00:34:25
Profeore, kako i sekogas, se sto kazavte e na mesto, a medju redovi za despotstvo vo partijata, partijata-toa um jas se siri kako grip, tazno, mnogu tazno, daleku od demokratija i od javno kazano svoe mislenje...
Од: mitko so svoite dnevni sonista
Датум: 09.07.2009 00:52:26
Si sedam doma i gledajki kako se raspaga Vladata na Grujo nesto si mislam "ah, be sto dobro ke bide sega da se vrati SDSM povtorno na vlast". Stvarno dosta bese od ovie VMRO-ovci. Ako SDSM se vrati na vlast, ke bidat reseni problemite so Fersped, i ne samo tamu tuku na site oligarsi ke im olesni i tie ke mozat da si go prodolzat biznisot i karierata koja ja zapocnaa so prekrasnata privatizacija. AKo ova se sluci ke mozat da se povlecat site obvinenija protiv sakaniot ni Buckovski, za bacilata i tenkozderstvoto. Frckovsi povtorno ke moze na mir i so usul da go prodava imeto na drzavata, kako sto e toa opisano vo knigata na Kiro. Besnite, maloumni i debeli decista na policiskite funkcioneri povtorno ke mozat da si formiraat kriminalni bandi i da diveat bez strav ni ulicite. Vrvni intelektualci kako GSpasov povtorno ke si gi vratat privilegiite. E koga sonot moj bi se pretvoril vo jave stvarno ke ni bide super.
Од: jas i ti
Датум: 09.07.2009 01:06:12
Da profesoreMakedonija e zad Bugarija...i toa bas poradi Grujo?!? Malku vratete go filmot nazad, izgleda partiskiot substrat vo vas e posilen od intelektualniot
Од: ја
Датум: 09.07.2009 01:15:46
оДЛИЧЕН НАПИС но се плашам дека оние со розови очила тоа тешко дека ќе го сватат поради ограничената интелигенција.Една народна поговорка вели:„Еден будала што ќе расипи сто паметни не можат после да го опраат“.Во случајов наш не сто паметни туку сто генерации не ќе можат.
Од: rox
Датум: 09.07.2009 01:53:35
Феноменален текст.. време е луѓево да ги прележат сите оние детски болести и почнат критички да размислуваат а не онака како им се налага.
Воопшто денес не станува збор за левица или десница, муабетот е за сегашноста и што се случува на план водење држава.
Најверојатно мегаломанијата на Груевски е исплатлива (за лично него) со трошењето милиони евра на реклами како и десетици милиони евра (кога ќе ги собереш сите топтан) за споменици, шмизли и градби во вака кризно време. Луѓето се инфантилни и се радуваат на златните лавчиња крај вардар небаре сите поголеми проблеми ги решивме(како здравството во распад) и сега царот ќе прави бисти, лиени бронзи и сметаат како ете ако никој друг барем Грујо со поданиците добро им мисли.
Од: Vozi Misko
Датум: 09.07.2009 02:41:51
Odlicen tekst / rentgen snimka na prof.Spasov od koja se gledaat pricinite za bolesta koja brzo napreduva vo organizmot na VMRO-DPMNE,alias
Nikola Gruevski so Nick name-Duce.Se opkruzi so
diletanti,marginalci,bivsi,segasni i idni "nadezni"
dokazani kriminalci,"uspesni" biznismeni-sovetnici
so neoformeno obrazovanie i bogata biografija na shoferi,telohraniteli i strucnjaci so cetvrto oddelen
ie i golem odmor i tn....Pa koja drzava vo svetot moze da uspee so vakvi "genijalci"??? No za sreka na Makedonija i Makedoncite,se gleda krajot
na eden od najdestruktivnite periodi od istorijata na drzavata.Fala mu na gorniot,na se ima kraj,pa i
na ovie "Naj Patioti",potomci na Alexandar the Grate.Predlog do gruevski: vo muzejot na VMRO da gi izlozi i rackite od lopatite za koi se drzea negovite poltroni,kako pouka i opomena za idnite generacii...
Од: Vanso od Novo selo
Датум: 09.07.2009 04:08:51
I vie bevte na vlast pa vidovme sto napravivte, isti majmuni kako i ovie,vo Makedonija nema saglam chovek nema gen vo krfta da se ima svoja zemja, nie sme naucheni nekoj drug da ne vodi,koj i da dojde na vlast ke bide isto.Mislite ako vie pak se vratite na vlast ke bide podobro,nikogash nikogash so ovie garnituri na politichari.Moze za edno 15-20 godini ke se vrati genot vo Makedonskata krf za da se ima svoja drzava i svoj brend,do togash eve vaka ke lapame muvi i ke glasame za azdisani politichari koi go siluvaat sopstveniot narod. a za tebe profesore 10 za napishanoto ama napishano i izbrishano ke ostane i mnogu zestoki polemiki od chitachite na ovie redovi,zavisno kako genot im go osvoil srceto i dushata.Da se nadevame na vistinska pouka od seto toa.
Од: vizioner
Датум: 09.07.2009 04:09:42
Hahahah vo pravo bese Bucovski koga vo predizbornata kampanja vo 2006 jasno mu kaza deka covekot nema faca i um za da bide premier,drzavnik..Samo Expremierot Buckovski moze da ja spasi Makedonija-edinstvenata nadez za Makedonija!
Од: Данко
Датум: 09.07.2009 05:04:02
Браво професоре. Извонредно точна и издржана слика и оцена на состојбите. Чиста десетка!
Од: Skopje
Датум: 09.07.2009 06:15:25
Zalutaniot Gruevski paga kako kula od karti. Negovoto vreme pomina. Lagite mu se pretvorija vo kosmar. Narodot so svetlosna brzina se osvestuva i svaka sto napravi koga povtorno mu dade doverba na Gruevski. Sega e kasno za kaenje. Drzavata e vo kolaps i toprava ke ja osetime dupkata vo koja ne dovede ovaa vlast. Za nacinot na koj ja vodi Gruevski drzavata vo propast se znaese i se predupreduvase odamna no narodot ne sakase toa da go vidi zatoa sto reklamnite spotovi sto se vrtea 3 godini po site televizii pokazuvaa druga (LAZNA) slika za sostojbite vo drzavava. Za ovie 3 godini Gruevski samo si go krevase rejtingot i rabotese na svojot opstanok na vlast a za drzavata i za narodot voopsto ne go interesira pa zatoa i dojdovme do ova derege. NEKA NI E GOSPOD NA POMOS!!!!!
Од: ника
Датум: 09.07.2009 07:21:46
Одлична анализа.
Се прашувам уште колку долго ќе трае оваа чудна состојба во Македонија.
Од: kole
Датум: 09.07.2009 07:32:50
Одлична анализа професоре...ама кое фајде од тоа??? Кој да и помогне на македонија да се спаси од овие натрапници??? засега само Господ!!!
Од: Лавица
Датум: 09.07.2009 07:53:48
Дали г-нот Спасов пишува како универзитетски професор или како висок функционер на предавничката лузерска СДСМ кога употребува зборови како „пијан коцкар, како ексцентричен милијардер и како ориентален деспот“ за најуспешниот премиер во напата историја? Како не му е срам.
Од: kire
Датум: 09.07.2009 08:30:00
„пијан коцкар, како ексцентричен милијардер и како ориентален деспот“ ova e tocno za Grujo ama uste potocno e za BC. Spasov mozebi mu pisuva na BC a?
Од: vanpartiski
Датум: 09.07.2009 08:34:28
Koga veke nekoj go spomnuva Bucko , samo da kazam deka coveceto nasilno upagase vo privatni firmi i nasilno ja menuvase krvnata slika na firmata. Toa go pravese na toj nacin sto gi prinuduvase gazdite (akcioneri) da otpustaat od rabota luge nepodobni za Bucko , a normalno da vrabotuvaat novi od spisokot na Bule. Taka , coveceto kako najgolemo zlo za MK na mnogu firmi im ja smeni krvnata slika.
Од: Од мене
Датум: 09.07.2009 08:57:36
Се што наведува професорот во својата колумна е точно. Само усијаните глави од ВМРО не можат да сватат дека Груевски ја води Македонија во пропаст. Немајќи нешто попаметно да кажат, стално се навраќаат на работи за кои немаат врска, само начуле нешто и како расипан телефон го прераскажуваат.
Од: Donald Duck
Датум: 09.07.2009 09:15:32
DO: Rage
Ne mi e sosema jasno, za Dzingo li mislis?
Од: Tigrica
Датум: 09.07.2009 09:32:34
Kako ovaa lavicava ima mnogu vo Makedonija pa zatoa dojdovme do vakvo nezavidno nivo - neviden propast na Makedonija od site vremina.
Од: lud
Датум: 09.07.2009 09:44:45
neverojaten uzas.toa se slucuva veke18 god.vo tranziciskiot pekol na moderna makedonija.tekstot e eden ,mal segment od nasata kolektivna dijagnoza.pacientot e nepresmetliv so jasni nagoni za licno profiterstvo,akutna zelba za vlast prosledena so licni simptomi na bogatenje,hedonizam kombinirano so tivko nasilije za da istite se ostvarat.pacientot voopsto ne e svesen za posledicite okolu nego,deka kaj pogolem del od naselenieto veke e predizvikan traen inavaliditet,deka eden del veke zamina vo stranstvo,a eden drug del vo smrt.pacientot e tesko bolen a veke obescesteniot i siromav gragjanin nema od kade da ja plakja terapijata.Toa e mentalnata slika za naseto naruseno ziveenje od raspadot na sfrj do denes.neverojatno ej.teska potvrda na istoriskite tezi na nasite neprijateli,deka sme neodrzlivi,deka bezpotrebno se pijancime i deka vo pijanstvoto sme mnogu losi,doma krsime se i si gi tepame zenata i decata.nema razlika sdsm,vmro itn.samo eufemizmi za edna ista dijagnoza na slicno bolni
Од: Светлана
Датум: 09.07.2009 09:57:25
Дефинитивно најдобар опис на владата , после сите случување можно е македонскиот народ да се разбуди од длабокиот сон ?
Од: ввв
Датум: 09.07.2009 10:01:15
Оваа лавицава од Марс ли е падната???? Нека ми каже еден успех на премиерот, едно нешто позитивно. И ако е толку успешен слободно нека си го земе дома. Нам не ни треба
Од: od citatel
Датум: 09.07.2009 10:15:59
Do Mitko i Lavicata neka prodolzat i ponataka da sonuvaat. Gi ima i onie koj veke se razbudija od sonot. Za vas profesere bravo. Uceno si e uceno pa i pametno pai od SDSM. E tamu gi ima samo vakvi da mu se voshituvas na pisanoto i na napravenata analiza.Ajde nekoj od familijata na Grujo neka napise nesto vakvo ke mu bidat malku i 1000 godini a ne sto cekori.
Од: Nikola
Датум: 09.07.2009 10:26:10
Dosta so privatizacijata. Toa morase da se sluci, a kako sto gledame, sekade imalo nepravicnost pri privatizacijata i kriminal. No toa ne moze vo site slucai da go pravi Vladata, toa e rezultat na spregite medju Agencijata za privatizacija, stecajni upravnici i sudovi. SDSM ima takva 'zvezda"! Da ja oprava Makedonija. Od 1992, da gi sredi penziite, da go sredi snabduvanjeto so nafteni derivati, pri devizni rezervi od 3 miliona dolara, medjunarodno da ja etablira, od 1994, privatizacija, od 2002, da gi smiri etnickite konflikti i da ja izvadi drzavata od kal. I sega, otkako Grujo ce ja prezadolzi drzavava, SDSM ce treba da go rascistuva smetot ostaven od nego.
Од: Do lavicata i slicnite
Датум: 09.07.2009 10:49:54
Gotovi ste! Procitani ste! So site zulumi sto gi napravivte i narodot ve procita. Mavnete se za da se spasi drzavickata.
Од: vlatko
Датум: 09.07.2009 10:55:33
Profesore, dijagnozata Vi e tocna no koj e lekot? Zamenata na Grujo so Branko e isto kako da se smeni Hitler so Stalin.
Koi se kapacitetite na SDSM? Koja e opoziciskata Vlada vo Senka? Koja e opoziciskata programa i plan za razvoj na ekonomijata, pravniot sistem, integraciite, sporot so imeto, demokratijata, i mnogu drugi raboti..? Dajte vi se molam sednete i vekje ednash pocnete da rabotite i vie neshto vo opozicijata, a ne samo da kritikuvate i da se zanimavate sami so sebe. Ova go kazzuvam kako neopredelen i nezavisen glasach koj e zzelen da vidi podobra alternativa za Makedonija
Од: od mene
Датум: 09.07.2009 11:06:43
Bravo bravo fenomenalno samo dali ke go vidi ovoj izvoreden tekst onij za koj e namenet pa da se ogleda
Од: Tom
Датум: 09.07.2009 12:15:40
Mislev deka kolumnistov e intelektualec , ami toj bil gola voda .Go znaeme za golem poltron vo SDSM, no sega veke ne mu pee pileto -procitan e.
Од: tatoo
Датум: 09.07.2009 12:31:49
Мислам г-дине Спасов дека за зачувувањето на својот кредибилитет како научна установа, прилепскиот Економски Факултет треба да му ги одземе на грујо и “дипломата“ и “магистратурата“.
Од: Митре
Датум: 09.07.2009 14:51:45
Moжеби Спасов е прочитан политичар,но е и докажан професор!!! , ама се ��то спомна во колумнава(а има уште многу да се говори за Вмро-Дпмне)е точно и со факти! СДСМ засукајте ракавите фатете си ја работата и почнете да работите!Материјалот е пред вас почнете!
Од: Vlav
Датум: 09.07.2009 15:20:15
Професоре! Ова што го кажувате е сосема точно. Секој кажан збор е на место. Меѓутоа, дали се сложувате дека СДСМ со таквото владеење кое го имаше своевремено, не може да биде замена ниту на ваквото апсолутистичко владеење на ВМРО ДПМНЕ, затоа што и СДСМ ништо не направи за создавање на подобар економски амбиент и подобро живеење. Ви предлагам, во нареден допис, онака како што живописно го објаснивте валадеењето на ВМРО, да го објасните и владеењето на СДСМ во тоа време. Само така, граѓаните ќе можат да направат споредба и да одредат што е позитивно, а што не. Инаку, ќе бидете разбран како тенденциозен.
Од: KPMarija
Датум: 09.07.2009 16:21:06
Ne se soglasuvam so Vas od pricni shto smetam deka Premierot Gruevski ima sorabotnici , mladi i profecionalni koi ne se odnesuvaat kako da se "podanici" i i posakuvaat iskreno dobro na ovaa zemja ...
Dodeka za VMRO naprotiv toa ne go smeta samo za "negovo " bidejki do sega vakvo neshto ne sum slushnala od Premierot , tuka zaednicko na makedonskiot narod
Од: Поп
Датум: 09.07.2009 16:25:44
Авторот на текстот не влезе во новата екипа на Црвенкоски,што го прави некомпетентен кај симпатизерите на СДСМ.
За пошироката јавност пак,мора да се каже дека ја заведува .Користи еристика,а како професор е должен да формира силогизми(докази).
Еве два примери.
Словенија и го даде во сопственост на црквата островот на Бледско езеро(земјиштето и обејектите).Кој бил на тој остров знае за што станува збор и не се споредува со хотелот Бисер во Струга.
Хрватска должи 40 милијарди евра,а доколку годинава не исплати 5 милијарди евра ќе банкротира.Македонија должи околу 2 милијарди евра.Со оглед на големината;Хрватска е 10 пати позадолжена од Македонија.
Како професор веројатно слушнал за ребус сикстантибус и тоа им го објаснува на студентите,а пред возрасните премолчува дека светската криза е школски пример за примена на споменатото начело.
Според неговата логика за поповита;поради фактот што еден премиер од неговата партија е осуден,Македонија треба да ја укине ова функција.