Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Чувство на социјална несигурност

Назми Малиќи

Политиката инволвирана во организиран криминал намерно ја доведува во прашање и внатрешната стабилност на државата

Доколку се разговара за благосoстојбата на граѓаните од разни слоеви, кои се грижат за личната и за семејната перспектива и за државата, за економската, за социјалната перспектива, за стабилноста, за интегративните вредности и друго, се поставува дилемата што добија граѓаните на оваа држава со продажбата на ОКТА, што ни донесе „Телеком“, што се оствари со продажбите на многу фабрики и имоти кои се сметаат за државна сопственост. Како се ограничи бизнис-елитата на група луѓе, блиски со владината структура во владините коалиции. Како живеат и како работат луѓето во фирмите кои својата генеза ја имаат во организиран криминал.

Зашто не се гледа граѓанското незадоволство, зашто не се слушаат сугестиите на интелектуалните кругови кои со загриженост го гледаат политичкиот и економскиот развој во државата, но без никаква можност да променат нешто. Впрочем, има и такви кои сметаат дека граѓаните имаат трпение, бидејќи се' повеќе се оптимисти за државата каде што живеат и која ја сакаат. Многумина кои го оценуваат јавниот ред во Македонија, кои се занимаваат со борба против организираниот криминал, констатираат дека има потреба за промена во законите во кривичната област и, без дилема, и во законите кои се однесуваат на изборните правила, што значи дека во постапката за кандидирање да не може да влезат луѓе кои се незаконски збогатени или лица кои на каков било начин биле инволвирани во неморални и социопатолошки појави и други форми на криминал. Впрочем, често се поставува прашањето - зашто никогаш не е истражена генезата на имотот на политичките елити кои ја водат државата.



Се разбира, загрозувањето во организационите структури на државата, влијае врз емоционалните чувства на граѓанинот. Односно, на перцепцијата на личната безбедност, зашто индивидуата има одредени чувства за самодоверба и доверба кон другиот во врска со случките, состојбите и одредени вредности, потоа за непријатното чувство, како и перцепциите за влијание на одредени настани во неговата средина - во работната средина и пошироко во средината каде што живее, се движи и работи. Значи, со перцепција на личната безбедност на граѓаните, што е фокусирана во одредени проблеми кои можат да се сметаат како загрозувачи на нивната лична безбедност: нејасната политика, бесперспективноста на социјалната состојба, невработеноста, довербата или недоверба кон безбедносните структури, уличниот криминал, урбанистичката мафија, организираниот криминал со дилерство на дрога и други социопатолошки однесувања, непочитување на законите од делот на власта и слично.

Загрозените човекови права во Македонија станаа акутен проблем како последица на лошата економска состојба. Тешката економска ситуација се' повеќе ги влошува социјалните односи во државата, особено кога се гледа дека некои раководни структури, без оглед од кој агол се посматра, ја злоупотребуваат својата функција, па се добива реален впечаток дека тоа добива димензии на организиран криминал. Во врска со чувството на благосостојба, нормално е дека индивидуата ќе гради свој став за економската стабилност на државата според одредените правила. Многумина го градат својот однос преку прифаќање на законите, функциите на правната државата и етичкиот код на однесување.

Инаку, на индивидуалната благосостојба и се додава и потребата за идентификација на феноменот, кој исто така може да се набележи како насилство над граѓанинот - во работна средина (каде што тој го поминува поголемиот дел од денот), доколку се има предвид илегалната, непријавена работна сила, каде што поголемиот дел од вработените останува на милоста или немилоста на работодавецот. Нетретирани според законот, во многу случаи се зборува за лош третман на вработениот, што не може да спореди со ниту еден систем. Имајќи го предвид големиот број невработени лица, дел од нив, со намера да ги решат основните екзистенцијалните животни проблеми, принудени се да работат „илегално“, без никаква законска заштита и без социјално осигурување.

Доколку на ова го додадеме и проблемот на идентификацијата на девијантните феномени, како што се проституцијата, дилерите на дрога, кражбите и друго, диригирани од лица кои во многу случаи се под заштита на политичките структури (постојат сомневања дека меѓу нив има вработени и во полициските структури), тогаш чувството за лична безбедност кај дел од граѓаните е далеку од исполнување на основните човекови права. Во поглед на насилството над индивидуата во работната средина, непочитување на Законот за работни односи, загрозување на човековите права, газење на човечкото и професионалното достоинство, давање предност на партизмот, има и во работни средини каде што како работодавец се појавуваат државните институции и државните естаблишменти.



За државите во транзиција, се разбира и за Република Македонија, има мислења кои се базираат врз реалните сознанија, дека финансиските средства во многу случаи се наоѓаат во рацете на луѓе кои имаат нечисти бизниси, кои се занимаваат со криминал и кои сериозно влијаат во политичките текови. Тоа ги загрозува активностите за внатрешна стабилизација на државата и го елиминира критериумот на вредностите за реална конкуренција. Знаци на организиран криминал може да се најдат во политиката, економијата, културата и во образованието. Постојат мислења, базирани и врз конкретни случаи, дека незаконски дејства и други малверзации на поединци се камуфлираат со епитетите дека станува збор за луѓе кои се за нацијата и патриоти, иако нивните профити потекнуваат од шверц со дрога, проституција и сличните злоупотреби, па дури и од перење пари преку партиски „активности“.

Политиката инволвирана во организиран криминал не само што ги става под прашање демократските и човечките вредности, туку намерно ја доведува во прашање и внатрешната стабилност на државата. Секој има право да си ја сака државата, но не и да...

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 731 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 09.07.2009 04:15:12
Profesorene! Ne Vi ja znam biografijata, ama ova sto go rekovte: ,,Политиката инволвирана во организиран криминал ,намерно ја доведува во прашање и внатрешната стабилност на државата." na ovoj Vas Statement, nemam nisto niti ,da dodadam,a auste pomalku da odzemem! VERBA VOLANT,SKRIPTA MANENT -reci lete napisano ostanuva!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 09.07.2009 09:01:06
Најпосле некој да проговори и за Интериерот! Досега сè што можев да прочитам беше дека сето ова (лошото) постои само кај другите, во соседството! Што се однесува до генезата на Богатството кај политичките „елити“- Па, Се Знае: Тие, до вчера, се пишуваа - дека се по Потекло од Сиромашно работничко и земјоделско семејство, кое нема Никакви Богатства - ниту материјални, а уште помалку Духовни! Секаде, во нормалниот свет, се става под сомнеж Прекуноќ-стекнатиот имот. Но, кај нас - тоа е нормална појава! Велат: „Се снашол“!(!?) И секако, нема да се изненадите, ако, човекот кој до вчера Крадел од Вашиот подрум, го сретнете со Вратоврска и Скапоплатено одело, како влегува со актн ташна во некоја Бладина институција! Ниту, ако тој истиот, кој до вчера, немал ни основно образование, Сега, станал Доктор на науки!
Од: Курто и Мурто
Датум: 09.07.2009 09:28:41
Професоре! Прочитав дека Вашинктон Пост во еден напис за Хрватска напишал дека секоја држава има мафија, а таму мафијата си има држава. Кај нас оваа констатација е уште поадекватна. Сите сме свесни дека овде организираниот криминал владее со државата и е во директна спрега и координација со политичките елити на власта ,кои ни се менува кај нас по принципот на " Курто и Мурто"
Од: karshijaka
Датум: 09.07.2009 13:05:26
Cestitki za napisanoto od pocituvaniot profesor Maliqi vo vrska so ova cuvstvitelna i bi rekol opasna tema ,kriminalot i politikata. Samo dase nadovrzam so pisanoto okolu prodazbata kako gi narekuvaa zlatnite jajca telekom,okta cementara i drugi jaki firmi-pa toa e golema glupost i katasrofa,im go perea mozokot na gragjanite demek tranzicija i go otugjija toj zlaten imot od koj sto drzavata i buxhetoto se polnese,a sega gi cekame dividendidte za da stavime nesto vo buxhetot-toa e kriminal baziran na politicki osnovi i odluki-zamislete nie ne sme bile sposobni da menaxhirame so edna profitabilna cementara a bile grci...koja e logikata,ili pak so EVN , Uste ednas cestitki za hrabrosta da se pisuva na vakvi opasni temi
Од: agaya
Датум: 09.07.2009 18:12:06
severna Republika Makedonija nema da moze da go preispituva kriminalot storen za vreme na Republika Makedonija.

Најди! во Утрински
Мислења
Кој го дестабилизира Груевски?