Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Оберто се повлече поради проблеми со срцето

Аргентинскиот кошаркар Фабрицио Оберто неочекувано ја заврши кариерата откако му беа откриени проблеми со срцето. Членот на Портланд почувствувал вртоглавица за време на мечот со Милвоки и не сака да ризикува посериозни последици.

„Морав да го направам тоа за да го заштитам сопственото здравје и семејството. Многу е тешко да се донесе таква одлука, но таа е исправна, не ми преостана ништо друго“, изјави Оберто.

За шест сезони во НБА-лигата, Аргентинецот со италијански пасош четири години мина во Сан Антонио каде освои и шампионски прстен во 2007 година. Следеше трансфер во Вашингтон минатата сезона, а еден ден пред почетокот на годинашново првенство се пресели во Портланд.

Со репрезентацијата на Аргентина освои сребрен медал на Светското првенство во 2002 година кога во финалето загуби од тогашната Југославија. Златен медал, и тоа олимписки, Оберто освои во 2004 година на Игрите во Атина, а колекцијата ја заокружи со бронза на ОИ во Пекинг 2008 година.

Резултати: Оклахома - Портланд 107:106, Чикаго - Њујорк 112:120.


#
Статијата е прочитана 619 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Најпосетеното дерби за МЗТ Скопје
„Граѓаните“ се сопнаа во Познањ
Титулата му се смешка на Алонсо
Болт побогат за 22 милиона евра во џебот
Илиевски со скалпот на Панатинаикос






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status