Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Болт побогат за 22 милиона евра во џебот

Парите за „ѕверот“ од Јамајка ќе ги обезбеди „Пума“ за спонзорски договор

Најбрзиот човек на светот, 24-годишниот Јусеин Болт, ќе потпише нов спонзорски договор со „Пума“ и ќе стане наплатениот атлетичар во историјата. Инаку, медиумската вредност на Болт за „Пума“ изнесува неколку стотици милиони долари, и поради тоа му подготвија договор вреден 22 милиона евра. Толкав износ во атлетиката досега не е исплатен.

„Болт за нас е голема вредност во смисла на претставувањето во јавноста и веродостојноста која им ја дава на нашите производи“, изјави Јохан Зиц, извршен директор на „Пума“, додавајќи дека Болт ќе биде централна фигура на медиумската кампања на „Пума“ за Светското првенство идната година како и за Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Инаку в недела Болт ќе трча на маратонот во Њујорк во добротворни цели. Јамаканецот ќе се најде во друштво со основачите на општествено-социјалниот проект и мрежа „Форсквер“, Денис Кроули и Навин Селвадари со намера да соберат пари за непрофитабилната организација „Камп-интерактив“, која ги помага децата од Бостон.

„Се решив да ги поддржам маратонците на „Камп-интерактив“ затоа што трчаат за добротворни цели. Тие им нудат можност на децата да имаат пристап до технологијата и нормално да се занимаваат со спортски активности што прави голема разлика во нивните животи“, изјави Болт. Целта е да се соберат 140.000 долари.

Маратонот во Њујорк, 40., е една од најголемите и најпознати трки во светот во која учествуваат повеќе од 100.000 натпреварувачи. Маратонот ги привлекува врвните спортисти поради наградниот фонд од 600.000 долари, а и можност за докажување пред два милиона гледачи. Едисон Пења, еден од 33. рудари кои 69 дена беа заробени под земја во чилеанскиот рудник „Сан Хозе“, во пустината Атакам, најави дека ќе учествува на неделниот маратон во Њујорк.


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Најпосетеното дерби за МЗТ Скопје
„Граѓаните“ се сопнаа во Познањ
Титулата му се смешка на Алонсо
Оберто се повлече поради проблеми со срцето
Илиевски со скалпот на Панатинаикос






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status