Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

„Граѓаните“ се сопнаа во Познањ

Полски Лех го совлада Манчестер Сити со 3:1 во четвртото коло од Лига Европа

Полски Лех убедливо славеше над англискиот гигант Манчестер Сити со 3:1 во мечот од четвртото коло во групата А во Лига Европа. Трите бода тимот од Познањ ги обезбеди во последните минути од фудбалската пресметка со головите на Арболеда во 86 и Моздзен во првата од судиското продолжение. Првиот гол беше дело на Ињак во 30 минута, почесниот за гостите од Манчестер го постигна Адебајор во 51. Поранешниот клуб на нашиот Златко Таневски сега е лидер во А конкуренцијата со 7 бода колку што има и составот на Роберто Манчини кои наиде на нови критики во англиските медиуми.

„Таблоидите се бесни на нас бидејќи Сити го води Италијанец. Жал ми е што морам да го кажам ова, но Англичаните се националности кога е фудбалот во прашање. Манчестер Сити моментно е четврти на табелата во Премиерлигата, а беше втор. Клубот од мене побара да се квалификуваме за Лигата на шампиони за наредната натпреварувачка сезона и тоа ќе го сториме“, изјави Манчини за „Гардијан“.

Манчини често е присутен во медиумите во последно време поради критики за животот на фудбалерите во Англија. Се појавија и шпекулации дека наводно е во судир со своите играчи и секако веднаш беше актуелизирана приказната за негова смена.

„Зошто да стравувам од отказ? - Таа можност воопшто не постои. Екипата е против мене? - Тоа се лаги, глупости. Имаше сериозни разговори со одредени фудбалери, но екипата ме следи и резултатите доаѓаат“, заврши Манчини.

Динамо Киев се зацврсти на второто место во групата Е по победата над холандски АЗ Алкмар со 2:0. Нашиот Горан Попов не беше во комбинација за натпреварот поради недоволната рехабилитација по повредата.

Левски, пак, на Дарко Тасевски ремизира во Софија против Лил - 2:2. Нашиот репрезентативец беше во стартниот состав на тимот, одигра 87 минути и беше еден од позабележителните на тревникот во Софија.

Изненадувачки 0:0 во истата група одиграа и фудбалерите на Јувентус на домашен терен против австиски Ред Бул од Салцбург.

Група А: Лех - Манчестер С. 3:1, Јувентус - Салцбург 0:0. Табела: Лех 7, Манчестер С. 7, Јувентус 4, Салцбург 2.

Група Б: Розенборг - Атлетико М. 1:2, Баер Л. - Арис 1:0. Табела: Баер Л. 8, Атлетико М. 7, Арис 4, Розенборг 3.

Група Ц: Гент - Спортинг Л. 3:1, Левски - Лил 2:2. Табела: Спортинг Л. 9, Лил 5, Левски 4, Гент 4.

Група Д: ПАОК - Вилјареал 1:0, Бриж - Динамо З. 0:2. Табела: ПАОК 7, Динамо З. 7, Вилјареал 6, Бриж 2.

Група Е: БАТЕ Борисов - Шериф Т. 3:1, Динамо К. - АЗ Алкмар 2:0. Табела: БАТЕ Борисов 10, Динамо К. 7, АЗ Алкмар 3, Шериф Т 3.

Група Ф: ЦСКА Москва - Палермо 3:1, Лозана - Спарта П. 1:3. Табела: ЦСКА Москва 12, Спарта П. 7, Палермо 3, Лозана 1.

Група Г: Хајдук - Зенит 2:3, АЕК - Андерлехт 1:1. Табела: Зенит 12, Андерлехт 4, АЕК 4, Хајдук 3.

Група Х: Одензе - Јанг Бојс 2:0, Хетафе - Штутгарт 0:3. Табела: Штутгарт 12, Јанг Бојс 6, Хетафе 3, Одензе 3.

Група И: Сампдорија - Металист 0:0, ПСВ Ајндховен - Дебрецин 3:0. Табела: ПСВ Ајндховен 10, Металист 7, Сампдорија 5, Дебрецин 0.

Група Ј: ПСЖ - Борусија Д. 0:0, Севилја - Капрати 4:0. Табела: Севилја 9, ПСЖ 8, Борусија Д. 5, Карпати 0.

Група К: Стеауа - Утрехт 3:1, Ливерпул - Наполи 3:1. Табела: Ливерпул 8, Стеауа 5, Наполи 3, Утрехт 3.

Група Л: Рапид В. - ЦСКА Софија 1:2, Порто - Бешикташ 1:1. Табела: Порто 10, Бешикташ 7, Рапид В. 3, ЦСКА Софија 3.


#
Статијата е прочитана 544 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Најпосетеното дерби за МЗТ Скопје
Титулата му се смешка на Алонсо
Болт побогат за 22 милиона евра во џебот
Оберто се повлече поради проблеми со срцето
Илиевски со скалпот на Панатинаикос






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status