Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Не фрлајте јајца по Владата, ќе ве чини скапо!

Законот за јавна чистота им ги врза рацете на оние што сакаат да протестираат пред Владата

Снежана Калабакова

Комуналните градски инспектори не сакаат да го коментираат Законот за јавна чистота и да кажат со која одредба се забранува и се казнува фрлањето со јајца или со домати по зградата на Владата. Зошто е молкот од оние чија обврска е да го применуваат Законот, останува нејасно.

Законот за јавна чистота јасно не го дефинира фрлањето јајца или други прехранбени производи кон куќата на Владата. Но, дециден е дека казната е 50 евра за физичкото лице што фрла догорче, гума за џвакање, гранки или предмети од домаќинство таму каде што не им е место, поточно, не ги одложува на места определени за тоа.

И Владата не е место каде што треба да се фрлаат јајца, иако имаше такви случаи. Најсвеж е примерот со стечајците од Прилеп, Куманово и од Велес, кои неодамна дојдоа во Скопје „опремени“ со јајца, со идеја да фрлаат по зградата на Владата. Се откажаа од намерата откако полицајците ги предупредија дека доколку се решат на таков чекор, ризикуваат да бидат казнети по 200 евра на самото место. Законот за јавна чистота им ги врза рацете, па својот револт можеа да го искажат само со гласно викање.

„Град Скопје спроведува закони, а не ги толкува. Сите ставки за конкретниот проблем се предвидени во Законот за јавна чистота и во казнените одредби“, е одговорот од Одделението за односи со јавноста во Градот Скопје на прашањето зошто е казната 200 евра.

Во Законот нема конкретна одредба во која е содржано токму фрлањето јајца или домати по владини институции. Но, во член 19 децидно стои дека на отворените простори на јавните објекти, освен на местата определени за фрлање смет, се забранува фрлање и оставање предмети од домаќинства, лисја, гранки, корења... Во член 20, пак, се вели дека организаторите на јавни манифестации, културни, спортски и други собири се должни да го соберат сметот што останал по одржувањето на собирот. Единствено овие два члена можат да се поврзат со фрлањето прехранбени производи кон Владата. А, казната за лицето што ќе ги прекрши овие одредби е 50 евра. Тоа воопшто не е мала глоба, но, сепак, далеку е од 200, со колку што беа исплашени протестантите.

Како и да е, оние што во иднина ќе излезат на протест и во лутина ќе се решат да фрлат со што било кон Владата, мора да бидат подготвени парично да платат за својот бес.


#
Статијата е прочитана 1704 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.04.2010 00:29:29
Sleden pat neka frlaat konduri(moze i stari iznoseni, radi efekt) Em ke se proslavat na svetsko nivo kako onoj novinarot vo Bagdat, em Zakon i kazni za frlanje konduri, nema(osven ako i za toa ne izglasale Zakon pod hitna postapka).
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 20.04.2010 00:43:53
a dali ke kaznite vmrovskite zrtvi na tranzicijata koi protivpravno "podignaa park na vladeenjeto na Crvenkovski" so razni predmeti i ja zagadija prirodataili za niv ovoj zakon ne vazi tie se priveligirani..???
Од: Prasloven
Датум: 20.04.2010 02:34:55
Od utre ke zabranat i protesti.Po primerot na S.Koreja i slicni demokratski drzavi.
Од: Еко Македонија! - нова кампања за Позелена и Почиста Македонија
Датум: 20.04.2010 11:05:15
Наскоро народот ќе ја очисти и внатрешноста на зградата на ЦК...упсс, на Владата!Па ние сме и онака мирен, вреден и чист народ!Ѓубрето по улиците и пешачките зони низ градот,никој веќе не го забележува!Дали законите важат само во Скопје?Дали некој применува вакви казни и во останатите градови и села низ МК?По сè изгледа - Не!Еден предлог до милениците на „спортот“со фрлање јајца: Фрлајте им ситни парички на нашите сиромашни политичари! За да присоберат и да си имаат до пензија!Уште подобро: Да ги прогласиме За Технолошки Вишок, иако „се утепаа работејќи“ по цели 24,8 часа, дури 8 дена во неделата! Лопатите в раце и на работа!Засади Дрва пред Владата и Собранието,за чиста и позелена Македонија!
Од: Mitre od dolnodupen-i
Датум: 20.04.2010 11:44:19
Можеби место јајца ќе дозволат да ги маваат со крастајца!?Очекувам ригорозен закон за заштита на ликот и делото на ФАМИЛИЈАТА.

Најди! во Утрински
Скопје
СДСМ го прозва градоначалникот Ѓорчев за неработење
„Градски паркинг“ почна да наплаќа кај „Технометал“