Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

СДСМ го прозва градоначалникот Ѓорчев за неработење

Педесетина граѓани, вчера со получасовна блокада на улицата „Првомајска“ пред општинските бараки на Кисела Вода симболично го изразија своето незадоволство, како што потенцираа, од „владеењето на партискиот војник Марјан Ѓорчев“.

„Тој е на работното место послушник на Владата на Груевски, кој вети многу и не направи ништо, освен што ги спроведува директивите од својот шеф, наместо да ги послуша граѓаните што го избраа“, рече Наташа Јанковска, портпарол на општинската организација на СДСМ-Кисела Вода, која, всушност, и беше организатор на протестот.

На протестот експресно реагираа од кабинетот на градоначалникот Ѓорчев.

„Бројноста на протестот не е реакција на голем дел жители. Ние може да се пофалиме со десетици реализирани проекти од сите сфери. Еден од поголемите проекти, проширувањето на ‘Првомајска‘, заеднички проект со Град Скопје, ќе стартува во октомври. До крајот на мандатот останува доволно време да го реализираме сето она што го ветивме“ посочи Марјан Спасоски, портпарол на градоначалникот Ѓорчев. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 775 пати.

Испрати коментар

Од: Prvi Maj
Датум: 20.04.2010 00:25:57
Pa koj ne e poslusnik na Gruevski? A Gruevski pa civ poslusnik e? Vie gospoda od SDSM toa podobro treba da go znaete. Protestirajte i zbirajte se kaj gazdata na Grujo, a ne kaj Gorcev i ostanata sitna boranija. Udrete po glavata na ovaa kriminalna instalacija.
Од: Лазар 77
Датум: 20.04.2010 07:43:04
Уште каде не се проба Ѓорчев и никаде за ништо не го бидува. Го бидува само за лажење. Груевски многу погреши што го постави градоначалник.
Од: Jeriho
Датум: 20.04.2010 08:51:11
Gradonacalnikot na Kisela Voda Gorcev,znae samo procenti da zema od sekoja zdelka,kako vo vremeto na Ljupco Georgievski,koga Gorcev bese minister za sekoja dozvola za uvoz na mleko i pilesko naplakase procenti del za partija pogolem del za nego i drugar mu vo kriminalot Ilija Gavolot,dvajca golemi"patrioti".
Од: dbreak
Датум: 20.04.2010 10:03:16
Kriminalni izgradbi, patishta, vodovod, aferi so stanovi vo gradba, komunalii, konpenzacii, "realizirani proekti" na "familijata". Nekolku od golemite kriminalni dela ne samo na Gorcev tuku i na golem broj na kadatrot na DPMNE, shto se znaat i shto ne se znaat... KOja beda...
Од: lazeski
Датум: 20.04.2010 10:11:59
Koga Gorcev ke ja uriva divogradbata na firmata KONARTIS na ul.Bozidar Adzija bb.kade ne se plateni komunali,ima Resenie za urivanje od gradezen inspektor Hristo Jovanovski,koj gi stiti KONARTIS i Goce Zelenkovski.
Од: tomo
Датум: 20.04.2010 12:30:24
Pazete mu ja recenicava, ve molam. Vika: Koj nema realizirano proekti? Pa prosiruvanjeto na prvomajska KJE bide vo OKTOMVRI. Do koga VMRO za realizirani proekti ke gi racunaat idnite proekti na hartija koi nikogas nema da gi realiziraat? Zar izborno vetuvanje e realiziran proekt? Vetuvanje e vetuvanje. A Gjorcev ima problem so glagolskite vreminja vo makedonskiot jazik.

Најди! во Утрински
Скопје
„Градски паркинг“ почна да наплаќа кај „Технометал“
Не фрлајте јајца по Владата, ќе ве чини скапо!