Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

„Градски паркинг“ почна да наплаќа кај „Технометал“

Претпријатието обележува паркинг-места и направи џеб за контејнерите во непосредна близина

Jавното претпријатие „Градски паркинг“ почна да наплаќа за паркирање на паркингот на „Технометал - Вардар“. Со тоа и официјално го зеде под свое атрактивното паркиралиште добиено по долгогодишниот судски процес, во кој се докажа дека досегашниот стопанисувач „Технометал“ нема право на сопственост на паркинг-плацот.

Разликата меѓу постојното и некогашното функционирање на паркингот ќе биде првенствено во цената. Паркирањето ќе биде поевтино, ќе чини 45 денари од час, а влезот и излезот на паркингот ќе бидат одделени.

„Влезот ќе биде од кај ‘Југобанка‘, а ќе се излегува како и досега. Влезот, всушност, ќе биде и влез на сервисна улица, која ќе служи за влегување во подземните гаражи на ’Технометал‘. Истовремено дел од улицата ќе се пренамени за зонско паркирање на кои ќе биде дозволено паркирање од максимум два часа. Сервисната улица ќе овозможи поголема и побрза проточност на возилата од ‘Даме Груев‘“, вели Владимир Кроневски, раководител на секторот јавни паркиралишта во „Градски паркинг“.

Тврди дека паркирањето ќе се врши непречено, иако моментално на локацијата се вршат градежни активности. Се реконструира дел од паркингот, се обележуваат местата за паркирање, кои ќе ги има 200. Градежни екипи вчера на некои места го санираа асфалтот, а привршуваа и со изведба на џеб за контејнерите што се наоѓаат во близина на влезот за да не пречат во нормалното циркулирање на влезот и на излезот.

Инаку, сопствениците на месечни билети за паркингот купени од „Технометал - Вардар“ ќе можат да ги искористат до крајот на април, а од мај ќе треба да склучат договор со новиот стопанисувач. Корисниците на годишни билети, пак, ќе треба да потпишат договор со јавното претпријатие. Месечно паркирање за правните субјекти ќе чини 4.000 денари, за паркирање во текот на целата година ќе треба да платат 40.000 денари, додека за станарите од околните згради месечен билет ќе изнесува 250 денари, односно 500 денари за второ возило. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 840 пати.

Испрати коментар

Од: tomo
Датум: 20.04.2010 12:30:37
Pa i dosega bese 45 den/cas, ili 50 den/cas. Ako za poeftinuvanje go mislite namaluvanjeto od 5 den, onda vie ne znaete deka ziveete u siromasna zemja a ne u Norveska.

Најди! во Утрински
Скопје
СДСМ го прозва градоначалникот Ѓорчев за неработење
Не фрлајте јајца по Владата, ќе ве чини скапо!