Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Обамa ќе стави крај на затворот во Гвантанамо

ВАШИНГТОН - Новоизбраниот американски претседател Барак Обама изјави дека има цел да го затвори затворскиот центар во заливот Гвантанамо и да стави крај на тортурата во САД за две години откако ќе ја преземе претседателската функција. Обама изјави за списанието „Тајм“ дека има цел да ја обнови рамнотежата меѓу американските безбедносни потреби и Уставот.

Досегашниот потпретседател Дик Чејни рече дека не гледа како објектот во Гвантанамо може да биде одговорно затворен додека не заврши „војната против тероризмот“. Тој, исто така, го оправда снабдувањето со вода за некои затвореници за време на сослушувањето. Тој рече дека техниката што симулира давење е соодветно средство да се извлечат информации од осомничените, како што е Калид Шеик Мохамед, наводниот организатор на нападите врз САД на 11 септември.

Новоизбраниот претседател Обама даде изјава за „Тајм“ бидејќи е прогласен за личност на годината, како што истакнува списанието, за „самодовербата да се скицира амбициозна иднина во мрачен момент“. На прашањето како гласачите би знаеле дали неговата администрација ќе биде успешна за две години, Обама наведе серија репери што ги постави неговиот тим за време на претседателската кампања. „Во однос на надворешната политика, дали го затворивме Гвантанамо на одговорен начин, ставивме јасен крај на тортурата и ја обновивме рамнотежата меѓу барањата за наша безбедност и нашиот Устав?“, рече тој.

Јасно е дека новоизбраниот претседател Обама сака драстично да ја смени американската надворешна политика, јавува дописникот на Би-Би-Си од Вашингтон, но критичарите истакнуваат дека затворањето на воениот затвор нема да биде лесна задача. Во објектот се' уште се затворени 250 лица, од кои дел изразија загриженост дека ќе бидат прогонувани ако се вратат во своите матични земји, јавува дописникот. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 208 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 19.12.2008 00:51:46
sto i da stori ovoj-edinstveno na sto ke stavi kraj e...amerika i americkata ekonomija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Се чека пресуда на судот за осмислувачот на геноцидот во Руанда
Хрватска во македонска кожа
Група офицери планирале државен удар во Ирак
Ердоган против петицијата за Ерменците
Колерата однесе 1.111 животи во Зимабве
Кризата ги исплаши руските снобови
„Кафкијанска“ битка за неговите ракописи