Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Група офицери планирале државен удар во Ирак

БАГДАД - Околу 35 официјални лица од ирачкото Министерство за внатрешни работи се уапсени и некои се обвинети за планирање државен удар, објави „Њујорк тајмс“ цитирајќи високи официјални претставници на службите за безбедност во Багдад. Апсењата во последниве три дена беа спроведувани од елитната антитерористичка единица која е под директна команда на премиерот Нури ал Малики, објави весникот во вчерашното издание. Ирачки официјални лица не можеа да го потврда, ниту пак да го негираат извештајот, но лица запознати со работењето на Министерството за внатрешни работи се скептични околу веројатноста за извршување државен удар, можност во голема мера иницирана во последните неколку недели од страна на американски и ирачки официјални претставници додека Малики го консолидира своето лидерство.

Малики, шиитски политичар кој ја предводи кревката коалициона влада во која се вклучени сунити, Арапи и Курди, стана посамоуверен во последниве неколку месеци откако во земјата е забележано подобрување на безбедносната ситуација, а САД се подготвуваат да ја намалат својата улога во Ирак. Бригаден генерал од Министерството за внатрешни работи, кој даде изјава за Ројтерс, рече дека во некои од рациите цел биле сообраќајни полицајци во Багдад, и мала е веројатноста дека ќе бидат поврзани со сериозни обиди за извршување државен удар.

Еден од уапсените е и бригадниот генерал кој ја предводи сообраќајната полиција, а друг висок претставник на безбедносните служби во Министерството за внатрешни работи. Официјално лице од министерството изјави дека 15 лица се уапсени од првичната листа од 45. „Јас сум портпарол на Министерството за одбрана и првпат за ова слушнав од вас“, рече Мохамед ал Аскари, портпарол на Министерството за одбрана.

Ниту владиниот портпарол Али ал Дабаг, ниту портпаролот на Министерството за внатрешни работи не беа достапни за коментари. „Тајмс“ објави дека високи официјални лица од безбедноста изјавиле оти постојат значајни докази што ги поврзуваат уапсените со Ал Авда, група обвинета за работење на обнова на партијата БААТ на покојниот ирачки владетел Садам Хусеин. Весникот цитираше официјален претставник на Министерството за внатрешни работи на висока позиција како вели дека оние кои се поврзуваат со Ал Авда подмитувале други лица за да ги регрутираат и дека големи суми пари се запленети во рациите.

Извор од Министерството за внатрешни работи за Ројтерс изјави дека не може да процени дали станува збор за обвиненија за државен удар, меѓутоа, забележа дека обвинувањето на луѓе дека се членови на партијата БААТ е наједноставен начин тие да се отстранат како закана. Голем број лица во министерството порано биле членови на партијата БААТ, на пониски скалила во партиската хиерархија. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Обамa ќе стави крај на затворот во Гвантанамо
Се чека пресуда на судот за осмислувачот на геноцидот во Руанда
Хрватска во македонска кожа
Ердоган против петицијата за Ерменците
Колерата однесе 1.111 животи во Зимабве
Кризата ги исплаши руските снобови
„Кафкијанска“ битка за неговите ракописи