„Град на порази“ како одговор на кичот
„Град на порази“ е песна-првенче на поп-пејачот Коста Петров, кој живее и работи во Дубаи. Идејата за композицијата е на Петров, текстот го напиша Сања Ѓошевска, а продукцијата е на Јорданчо Василевски-Оцко. Младиот пејач вели дека ја снимил песната, пред се', поради чувството на фрустрација зашто, како што вели, се' што има на ТВ во последно време е кич. „Естрадата стана монотона и едноставно тоне... ’Град на порази‘ е песна која е моја визија за Македонија“, порачува Петров од Дубаи.
Тој е решен да успее во музиката (макар и од Дубаи), најавува нови проекти и изненадувања во наредниов период. А дотогаш порачува да го гледате неговиот спот за песната „Град на порази“ што е снимен во студијата на Ем-Ти-Ви во Дубаи, во режија на иранскиот режисер Фарзад. |