Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

„Здраво, Маријо!“ - нов албум на Северина

Контроверзната хрватска пејачка и актерка Северина, конечно, ги откри деталите околу новиот албум на кој работеше речиси две години заедно со Горан Бреговиќ и Марина Туцаковиќ, кој е насловен „Здраво, Маријо!“ Таа го опишува, пред се', како женски албум за кој објаснува дека е сниман на поинаков начин од претходните.

Имено, кога се снимале вокалите, таа веќе ги знаела текстовите напамет, така што во снимањето можела да внесе повеќе искрени емоции или, како што вели самата, женски искрени емоции.

„Новото цеде донесува десет мелодиски и текстуално зрели песни кои ги опишуваат различните женски чувства. Ќе има веселење, тага, но не и патетика“, изјави Северина.

Зад музиката е потпишан Горан Бреговиќ, а текстовите се на Марина Туцаковиќ. „Тоа ќе биде албум на возрасна жена, со песни какви што сакам, а не да излезам будала правејќи се помлад отколку што сум. Сите пејачки сакаат да изгледаат како да имаат 12 години“, изјави Бреговиќ.

Албумот е предвидено да излезе на 6 мај како издание на „Далас рекордс“.


Статијата е прочитана 584 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Интелиџенс“ во „Кастро“ на 20 април
Не сум под влијание на гангстерските рапери
„Град на порази“ како одговор на кичот