„Интелиџенс“ во „Кастро“ на 20 април
Во рамките на едномесечната европска турнеја, првпат во Македонија во клубот „Кастро“ на 20 април ќе гостуваат lo-fi noise пионерите од Сиетл „Интелиџенс“, кои во Скопје ќе го промовираат својот последен албум „Deuteronomy“. Почетокот е закажан во 21 часот, а како локална поддршка ќе се појави „Јаболко за даскалот“.
Влезниците се во продажба и чинат 200 денари и 250 денари на врата. |