Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
07.10.2011, 17:21

Градежник стави в џеб 100.000 евра од лотото

Главната премија му ја донесоа истите бројки што ги играл цели 32 години, а кои еднаш веќе му донеле добивка во југословенското лото

Маја Томиќ



Петнаеседневната неизвесност заврши. Се појави среќниот добитник на седумката од 77. коло од играта на среќа „Ново лото“. Тој вчера ги подигна парите, информираа од „Државна лотарија на Македонија“. „Средбата беше срдечна, а волјата на добитникот беше да остане анонимен“, соопштија од компанијата. Обелоденуваат само дека станува збор за скромен, семеен човек со ведар дух, на возраст од околу 50 години, по професија градежен работник. Иако уплатата ја извршил во Битола, не е битолчанец. Интересно е што цели 32. години играл лото со истите бројки и со нив имал две седумки, првата во некогашното југословенско лото и сега во 77. коло на „Државна лотарија на Македонија“, кога бројките му ја донесоа главната премија. Овој добитник уплати две ливчиња со по 10 комбинации, од кои едното вредеше 100.000 евра. За потсетување, тоа беа : 4, 7, 14, 16, 22, 26, 27.

На вработените во „Лотарија“ вчера им ја раскажал својата интересна животна приказна поврзана со игрите на среќа, а ги играл од својата 18. година. Една од нив е и приказна за чесност.

Како поранешен спортист и вљубеник во фудбалот, играл спортска прогноза на која неколку пати остварувал добивка, а најголемите две биле заеднички со негов пријател, со кој типувале и добиле во две кола едно по друго. Тогашните добивки им донеле за секого по четири просечни плати, а бидејќи парите се подигале во готово, сегашниот добитник го зел делот за себе и за пријателот. Но, кога стигнал дома видел дека по пат му паднал некаде паричникот. Откако пријавил во полиција, веќе наредниот ден му соопштиле дека паричникот го донел таткото на некое девојче што го нашло на патот. Како знак на благодарност, добитникот го посетил семејството на девојчето и, иако тоа не сакало да прими дел од парите во знак на благодарност, на заминување им оставил кришум нешто пари. Двете семејства до ден-денеска се блиски.

Другата приказна е за вербата во среќните броеви. Сегашниот добитник на седумка научил да игра лото од својот професор, кому му ги пополнувал комбинациите уште како средношколец. Пред 32. години за првпат направил личен избор на броеви, дел од датуми на родендени, дел од телефонски броеви, дел од броеви на перони на железничка станица. Кога прв пат ги одиграл своите броеви, немал доволно средства да уплати тикет, а токму тие броеви биле извлечени и немало добитник на седумка. Сепак, и во наредните 32 години добитникот ги играл секогаш истите броеви на две помошни ливчиња и со редовна неделна уплата, независно кои лото-игри се играле на овие простори, па дури и во странство.

„Засега, неговото име останува познато само на директорот на „Лотарија“, кој му посака среќа во животот и во игрите на среќа, со желба за наредна добивка. Додека траеше средбата, веќе средствата од добивката беа на негова сметка, точно 5.400.000. денари со платен персонален данок од 600.000 денари“, информираа вчера од „Лотарија“.


Статијата е прочитана 2937 пати.

Испрати коментар



Се' повеќе деца раѓаат деца
Фоторетровизор



daylight, 08.10.2011 04:14:00
Со други зборови уплаќал 32 години на лото, за да на крај ги поврати уплатените пари...
mene, 08.10.2011 06:54:06
posle site ovie prikazni kako moze samo direktorot na lotarija da go znae dobitnikot?
goran, 08.10.2011 10:05:07
abre kakov dobitnik kakvi bakraci, mizi asan da ti bam,
Тони, 08.10.2011 10:41:41
за убаво нека е, што би се рекло.човекот бил со добро срце и трпелив.Бог го наградил со материјално нешто.... нема потреба од традиционални зајадливи коментари
Istocna Makedonija, 08.10.2011 12:49:44
Premijata e vo vistinski race,nema potreba od nasi karakteristicni bizarni komentari.Covekot pa- metno da gi upotrebi parite,za sebe i semejstvoto i neka mu e so sreka.Ima Gospod!
citatel, 08.10.2011 16:25:56
sigurno gradeznik stavil pari vo geb, hahaha, a i ke se krie za 100 iljadi evra, kako ne beeeeee, si gi zemala vladata ili nekoj od vladata
Prikazki za mali deca, 09.10.2011 11:03:32
Interesni prikazni za mali deca. pa i toa e del od marketingot. Mozebi ima naivni ludje koi ce poveruvaat vo prikaznata i brzo ce pocnata da uplatuvaat loto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |