Флеш-вести
Гасперини нов тренер на Интер
![](WBStorage/Articles/5131492FE5DE734AB32DD972A2A56BD5.jpg)
Ексшампионот на Европа, Интер, го именува Џанпјеро Гасперини за нов тренер на екипата откако 53-годишниот стратег потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона.
По одбивањето на Синиша Михајловиќ, Марсело Биелса и Фабио Капело, Гасперини остана главен фаворит за тренерското место по заминувањето на Леонардо, кој ќе биде нов спортски директор на ПСЖ.
Според италијанската агенција АНСА, Гасперини ќе заработува 1,2 милиона евра годишно.
Новиот тренер на Горан Пандев претходно ја предводеше Џенова со која во 2009 година го освои петтото место во Серија А и обезбеди пласман во Лига на Европа.
Во минатата сезона, и покрај големите амбиции на тимот во првите десет кола, Џенова освои само 11 бода, па челниците на клубот во ноември му врачија отказ. Гасперини во својата тренерска кариера ги водеше и младинскиот тим на Јувентус и Кротоне.
Тој е четвртиот тренер на „неразурите“ за една година откако пред тоа Жозе Мурињо замина во Реал Мадрид, Рафаел Бенитез доби отказ во декември, а Леонардо се пресели во ПСЖ.
фудбал
Арсенал Ја одби понудата
на Барса за Фабрегас
По неколку месеци шпекулирање, Барселона, конечно, испрати официјална понуда од 27 милиони фунти, но Арсенал категорично ја одбиле понудата за капитенот Цеск Фабрегас.
Шпанскиот гигант Барселона веќе две години неуспешно се обидува во своите редови да го врати нивниот поранешен член на академијата, кој се пресели во Лондон во 2003 година. По неколкумесечни шпекулирања, шпанскиот и европски шампион, конечно, испратија понуда од 27 милиони фунти (30 милиони евра).
Арсенал веднаш ја одбиле понудата за играчот кој пред 12 месеци одбија да го продадат за 35 милиони евра. Се претпоставува дека Арсен Венгер не сака да се откаже од услугите на овој играч, но управата на клубот би го дозволила неговото заминување за поголема сум.
Претходно, претседателот на Барселона, Сандро Росел ги образложи своите теории дека Фабрегас не вреди толку пари. Според него, тој сега е една година постар, а и договорот му е пократок за една година, и покрај тоа што неговиот договор истекува за четири години и јавно истакна дека клубот не планира да потроши повеќе од 35 милиони фунти за Фабрегас.
НБА
Кливленд го избра Ирвинг како прв пик на драфтот
Плејмејкерот на универзитетот Дјук, Австралијанецот Кајри Ирвинг е избран од Кливленд Кавалирс како прв пик на НБА драфтот.
На церемонијата што се одржа во „Prudential Center“ во Њу Џерси, Кливленд Кавалирс го имаа изборот на првиот пик на драфтот и со надеж за подобрување на резултатите во ерата по Леброн Џејмс, го избраа Кајри Ирвинг.
Минесота Тимбервулфси на годинешниот драфт го избраа Дерик Вилијамс од универзитетот Аризона, а Турчинот Енис Кантер ќе биде нов член на Јута Џез. Кливленд повторно одбираа, па по Ирвинг го избраа Тристан Томпсон, кој како сјаен скокач и блокер, се смета за вистинско откритие на НБА.
Петтиот и шестиот избор повторно беа играчи од Европа. Литванецот Јонас Валачиунас од Лиетвус Ритас се сели во Канада, во тимот на Торонто Репторси, а чешкото крило од Партизан, Јан Весели, следната година ќе го носи дресот на Вашингтон Визардс.
Конгоанецот Бисмарк Бијомбо беше избран како 7-ми пик од Сакраменто Кингс, додека Брендон Најт, за кого многу мислеа дека ќе се најде во првите три пика, како осми пик беше избран од Детроит Пистонс.
Шарлот Бобкетс го земаа плејмејкерот од шампионот на НЦАА - Конектикат, Кемба Вокер, а десеттиот пик беше Џимер Фридет, кој ќе игра за Милвоки. |