Број 3614  сабота, 25 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Забава
Некролог
Хороскоп
Стил








Site Meter
Спорт

Лопез го исфрли Родик

Трикратниот финалист на Вимблдон, осмиот носител Енди Родик од САД, го заврши својот настап на гренд-слемот на трева уште во третото коло, во кое беше поразен од Шпанецот Фелисијано Лопез со 7-6, 7-6, 6-4. Родик фуриозно го почна мечот одигран по сончево време во јужен Лондон, сервирајќи серија асови, но по промената на неколку брејкови во првиот сет го изгуби моментумот во тај-брејкот. Светскиот рекет број 44 беше посмирен и во доигрувањето на вториот сет, по што во третиот само ја доврши добро започнатата работа.

Резултати од третото коло, жени: В. Вилијамс (23., САД) - Санчез (Шпанија) 6-0, 6-2; Пиронкова (32., Бугарија) - Звонарева (2., Русија) 6-2, 6-3; Квитова (8., Чешка) - Винчи (29., Италија) 6-3, 6-3; Первак (Русија) - Петковиќ (11., Германија) 6-4, 7-6 (2); Викмаер (19., Белгија) - Кузнецова (12., Русија) 4-6, 6-3, 6-4; Петрова (Русија) - Бондаренко (Украина) 6-3, 6-2 итн.

Мажи, трето коло: Лопез (Шпанија) - Родик (8., САД) 7-6 (2), 7-6 (2), 6-4.


#
Статијата е прочитана 615 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Михајловиќ ги посакува Пандев и Станковиќ во Фиорентина
Валенсија - трета градска трка сезонава
Гасперини нов тренер на Интер
Под Шар Планина се играше фудбал за мерак
Македонските судии „распродадени“ во Европа

"""